Тука се утепаа луѓе од ругање дека се заразувале зашто не пазеле, не нослее маски, не миеле раце. И испадна пола форум заразен, те колегата бил крив, те не знам кај фатив. Изглеа не била така едноставна работава, на секој му шета газот.
Ме мрзеше да ти реплицирам минатиот пат, ќе ти соберам постови од почеток, за да ти покажам нркоја поента. Воглавно, ја промашуваш временската рамка. Да, луѓето ги критикуваа оние кои не пазат и навистина повеќето кои се заразуваа на почетокот беа од оние кои не внимаваа. Секогаш имало исклучоци. Во моментов, после 10 месеци, кога едноставно вирусот се рашири секаде, не можеш да замериш на некого што се разболел, затоа што практично е невозможно да се одбраниш. Затоа твоето константно посочување и терање мајтап на тоа какви мерки сме повикувале да бидат спроведени од сегашна временска дистанца е смешно. Тогаш бевме во право и да се почитувале повеќе мерките, барем во потоплото ќе олабававме малку, немаше да живееме во константен бран со очаен есенско/зимски период. Едно е да сме критикувале луѓе кои не почитувале мерки на 30 заболени, во период во кој луѓе не одеа на работа, скоро и да не функционираше нешто и во моментов кога деца одат во градинка, луѓе МОРА да одат на работа, повеќето се возат во градски превоз. Е во ваква ситуација, не маска, господ не те спасува. Сепак, не можеш да кажеш дека луѓето да внимаваа како што повеќето правиме, секако ќе беше барем малку подобра ситуацијата. Не зборуваме за седење дома и не мрдање, туку носење маски, држење бар на пристојна дистанца, дезинфекција и се' што е во граници на нормалата.