Па зошто некој би бил руган после кога би се избедирал со прогнозата, би се правеле мемиња од него и никој веќе нема да го сфати сериозно, Joke ќе е во очите на сите и за потсмев ќе служи. Нормално ако прогнозираш дека Сити ќе испадне од лига и има 0.01% шанса за тоа, ако убодеш ти ќе си Нострадамус, Ванѓа, ама ако утнеш ќе те реметат цело време, ќе изгубиш и статус на сериозен аналитичар, новинар, водител, може и работно место бидејќи професионализам си изгубил, или ќе те држат само да си кловн на телевизија, да ти се смеат луѓе кога те гледаат. Кој е будала да прави такво нешто? Вака на сигурно и да утнеш нешто, утнуваш со уште милион луѓе и нема да јадеш ремет сам. И ја би играл така, па макар за секој фудбалер во Пл да знам крвна група и фамилија до 8мо колено.