После Шефилд ова е 2 меч каде што се враќаме од негатива.
Голот што го примивме си оди на душа на Менди 100% или требаше да излегува или да стои ако стоеше Зума ќе стигнеше да покрие али добро се случува да се погреши нема потреба од замерки.
Генерално веднаш се консолидира Челзи што е супер и можеше веднаш да израмни да не утнеше Вернер, но ме плаши многу што Челзи падна осетно од како излезе Зијах.
По мене требаше неговата улога да ја земе Хаверц ама он не е спремен да игра на ниво во пл (моментално) и некоја посериозна улога од него нема што да се очекува.
Челзи игра многу добро сезонава и доаѓа многу лесно до шанса за гол, сега тоа што Вернер промаши 2-3 чисти гола е друга приказа, ама претходните сезони Челзи имаше голем проблем кога ќе прими гол, немаше идеја како да завршува напад и се вртеше околу 16-тник.
Сезонава не е така, голем буст секако дава и тоа што генерално се подобри играта во дефанзива.
ДОНЕВ даде и статистика која дава јасна слика што зборам да не биде дека јас имам розови наочари.
Канте машина.
Џејмс и Маунт играчишта.
Стариот непотребниот Тиаго Силва доведен без пари испадна дека е лидер на тимов што ни фалеше лани.
Споредете го Зума како играше лани со Рудигер па како игра сега, пред се во поглед на позиционирање.
Голот што го постигна Жеру, ме потсети на онаа шанса што ја имаше Абрахам против Тотенхем кога не ни стигна да ја удри топката.
Многу многу слична шанса.