Ако постоело од 1939 каде е ова малцинство денес. Ете Македонците имаат своe здружение Илинден-Тирана, мислам дека имаат и пратеник во собранието на Албанија, градоначалник на Пустец беше исто Македонец. Поголем дел од населението во Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Гора, Пустец се идентификуваат како Македонци и зборат на македонски, немало таму Тито и Југославија да им го "пере" умот и да ги праќа на Голи Оток ако кажеле дека се Бугари,како што викате вие за нас тука. Слободно можеле да се изјаснат дека се Бугари и да зборат на Бугарски јазик,али они јасно кажуваат дека се Македонци. На последниот
попис од 2011 имало 5512 луѓе кои се пишале како Македонци,а ниту еден како Бугарин . Али сеа под присила поради датумот за преговори со ЕУ, Бугарија ја условува Албанија да признае непостоечко малцинство таму.
Ист пример е и со Македонците од Егејскиот дел што останале таму после 1913та. Денес повеќето луѓе од тие места што останале таму,како Воден,Лерин,Костур,Пожарско се кажуваат како Македонци некои од постарите зборат на македонски и покрај обидите да се асимилираат со давањето на грчки презимиња. Зошто овие луѓе кои не биле дел од Југославија каде бил измислен според вас македонизмот не се идентификуваат како Бугари и не напраиле некое здружение како Виножито за правата на Бугарите таму.
Сите овие луѓе кои зборат дури и за илинденскиот период јасно кажуваат дека се Македонци.