Инаку за придобивањето симпатии кај народот ќе мора малку да го смени пристапот на обраќање Апасиев. Иако мене ми се свиѓа да ги пцуе тие апашите, а и ништо повеќе не заслужуваат, но многу им ствара одбивност на повозрасната популација.
Да, доби многу на популарност и младите генерации го поддржуваат. Со кругот на луѓе кои имам дури и минимална комуникација, сите планираат да го гласаат. Од мое друштво прошлите избори го гласавме само 3ца и 1 се колебаше ама не излезе на гласање на крај. Сега сите 10+ души цело време го пратат, го споделуваат во групи, го лајкнуваат и сигурен сум дека наредни избори ќе гласаат за Левица.
Е сега проблемот е кај постарите. Еве чист пример ќе ги земам моите, кои со години гласаат за СДС, не се поддржувачи, но редовно ги гласаа. Сега после последниве испади се тотално разочарани и пробувам некако да ги убедам кон Левица. Но многу им смета "уличарскиот" пристап на Апасиев. Мајка ми вика нема веќе да гласам, а ако морам попрво за албанците ќе гласам. А и верувам дека ист впечаток остава на голем дел од повозрасната популација. Така да мислам дека ќе биде клучно да поработи на таа сфера и да ги придобие и тие гласови, кои сигурно немат да гласаат за "2те зла", а сигурно би направиле голема разлика.