Се сложвам со
@Saber Rider дека имаме многу слаб тим и после Беласица мислам сме со најслаб тим во лигата, ова се се просек играчи за во втора лига....
Летнавме многу во облаци после првите 3 кола, а во цела сезона има 33 кола.
Прв бев овде на форумот шо реагирав кога ги избркаја Главевски, Бујчевски, Љамчевски. Место нив иди професорот по физичко Хот и го тинкавме на нив, кој после 13 кола има даено факинг 2 (два) гола, од кој првиот ни самиот незнај како го погоди (чиста среќа).
Ајде за Главевски да не отворам тема (макар шо сигурен сум дека е покорисен од него), ама Бујчевски на местото од Хот до сега ќе даеше сигурно 4-5 гола, за Љамчевски исто неќам да коментирам ама за црнчугата е Жорди Алба, залез на кариера е Бале, оди во втора лига се во ред, ама и со тие години за Кордоба можи лекции по фудбал да дава. Кордоба научи малку јазик, доби пасош овде и остана во Македонија, сите бегаат од тука, тој залутал, шта речи, ПОД просечен лев бек, кој и во втора лига би делел минутажа со друг....
Ете го сменаја Штерјовски, каде според мене и да дојди другиот кој било да е, нема, ама буквално ништо да се смени, се по старо ќе си биди, ниту ќе влезиме во победничка серија, ниту пак ќе се бориме за висок пласман, опстанок ако избори оваа екипа е кец на десетка, ама ќе биди ептен тешко и ќе треба многу, многу борба....
Јасни ни е на сите кај квичи работата, рибата смрди од глата, не од опашката !
Никаква управа, луѓе во клубот кои се далеку од фудбал, туку газди на угостителски објекти, спонзори да не зборам, со општински буџет толку е максимумот.
Нема пари клубот за нешто повеќе, можи до сеа е исплатено се кон играчите, ама со овие средства и овие играчи шо се нафатиле тука да играат толку е - колку пари, толку музика.
И после 1 месец ќе се кара по другиот тренер дека нема резултати и успех.
Кога нема резултати клубот, јасно е дека првиот кој јади клоци е тренерот, тој е прв на пик, не дека го бранам нешто Штерјовски, воопшто не го бранам и смената е сосема ок, ама друг е проблемот во ФК Пелистер.