Одамна немам гледано натпревар каде што Челзи на гостински терен олку има играно фудбал и олку создавано шанси.
Штета само за конечниот резултат, можеше и требаше ова да биде над пет.
Рис Џејмс и дефинитивно го зацементира капитенот на клупа. Не постои играч со ваков напредок во тимов моментално. Да не заборавиме, има само 20 години.
Канте и сега веќе Чилвел (јеботе, многу ми е драго што ме демантираше) стандардно добри, Зума помалку сигурен од вообиачено. Рудигер внесе малку нервоза во одбраната.
Маунт сработи бајги во средина, Кова во второ беше подобар.
Што ти значи да имаш играч како Вернер. Зафркна три шанси, ама го гледаш дека не игра лошо, се движи одлично и знаеш дека еднаш ќе ја реши со некој потег.
Момакот истрча 70 метри, човече. Метак.
Абрахам денеска задоволително, по мене најдобра негова партија сезонава. Значителен напредок во играта со грб и спојувањето со крилата.
Ме плашеше овој Сент Џејмс, ќутете сега и уживајте.