- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.573
- Поени од реакции
- 5.618
Буквално стекот пиша се што сакав да пишам.Не е прв тренер што освоил трофеј после Ферги, двајцата негови претходници освоија трофеи, но му го оспорувам освоеното да не ме сфатиш погрешно.Не можеш да речеш дека очекувањата од Мурињо беа Европа Лига, Капитал 1 Куп и Комјунити Шилд.Срамота е да се наведат овие титули покрај Мур, му се руши реномето.
Типот е поддржан, но очигледно не знаеше што точно сака.Дополнително што изиритира многу ликови во клубот е што некои замисли за иднина ги помножи со нула и дополнително желбите му беа за краткорочен период.Првите две години беше 100% поддржан и не може да биде оспорено тоа, 3тата сезона да не му донесоа желби, ама одбројани му беа деновите.
Го сакаше 29 годишен Матич, го доби.Суво злато играч, ама стар.Го сакаше 35 годишен Ибра, го доби на една сезона. Сакаше да го земе 30 годишен Вилијан кој бележеше неконстантни и млитави партии повеќе сезони, за играч кој беше во голем раст и развој.Летото пред да го избркаат, трансфер цели беа 29 годишен Тоби Алдервилд(супер играч, ама невозможно беше да се земе, Џером Боатенг (стаклен 31 година ако не се лажам), 32 годишен Диего Годин (овој дури и корпа му удри).За Мегваер тогаш нејкел да дадат 60м да дадат, one season wonder можеби бил.Сигурен сум дека имаше уште некои глупи транфер цели, кои со причина му ги одјебаа.
Нели гледаш некој фаличен патерн тука? Типот не мислеше за иднината, туку само за својот гз.3 години помина во клубот, сите 3 години ги пројде во хотел.Уште еден показател дека нешто не е во ред.
Да не ме сфатиш погрешно, ама на тим кој старее желбата на Мурињо беше да донесе исто толку ако не и постари играчи.Место да бара млади и да го скоцка тимот со нова генерација во комбинација со искуство, овој Годин и Боатенг ги бара .А тимот од после Ферги цело време треба да се среди, само Оле за првпат има добра замисла и избор на профили, само нема целосна поддршка.Нели е огромна разлика од 29 годишен Иван Перишич, 30 годишен Вилијан, до 20 годишен Санчо, 25годишен Грилиш плус овие новиве 2ца од по 18 години што ги зедовме?
За Марсијал апсолутно ич не бил во право, за Погба делумно, но не му ги оправдува провокациите зошто реално Мурињо прв почна, после продолжи со јавно понижување, за на крај да заврши со мобинг.Не го бранам циганот, ама Мурињо сериозно ја претера.Да не вадам слики од предсезонската тура од таа година и коментарите негови.Апсолутен канцер беше, во секоја смисла на зборот.
Зошто сакаш да се бавиш со статистика, ќе ти препорачам да ги видиш бројките на Де Геа од таа година, колку од шутевите според квалитетот се очекувало да бидат голови, а колку всушност влегле во гол.Нека ти текне на утакмицана со Арснел на Емирати кога го израмни рекордот за голмански одбрани (14 одбрани, чиниш ракометарски голман).Таа сезона е монструозно добра на Де Геа, најдобра во неговата кариера.
Дополнително, транзитивната сезона меѓу Оле/Мурињо, значи со скроз ист тим, Оле имаше подобри бројки во одбраната, а богами и во офанзивата.И тоа пробуричкај си.Дека лани не давале голови и те како знам, ама да те потсетам дека Џеси Лингард и Переира беа стартери и креативци(Погба беше повреден), па сега рачунај која брука бевме.Отпосле дојде Бруно и се сменија работите.Штета Лукаку сакаше да си оди, иначе многу добро би ни легнал сега ...
Автоматски споено мислење:
Не би сакал да го нарушувам тотенхем хајп вагонот, ама со оглед дека Мурињо не преферира многу да ротира играчи, поготово клучни играчи, со оглед на распоредот + играњето у ЛЕ , очекувам да му прегорат играчите и да се повредат.Кејн е познат по тоа дека не можеш да се ослониш цела сезона на него, а друг шпиц асален немаат.
Али како што рече @Stefan-kobe му се погодени коцките 200% во клубот, нема ѕвезди (кејн и сон не се тој профил, работници се) а има одлична соработка со директорот и сите си се на иста страна и логично гинат на терен.У секој случај океј работа работи кај кокошките.
И Годин и Алдервајрелд се злато вредни играчи, тој Матич ви е втор најдобар везњак у тим. Вилиан и Перо може ќе се уклопеа перфектно во замислата на Мурџо и ќе издоминираа, кој може да знае така?
За Марсијал не се сложуваме и тоа е Има многу фудбал у него ама карактерно ми е... Класичен „француски“ циган. Исто ко Погба, Дембеле итн. Нека ми извинат ромите.
Брат, па нели Мурињо бараше бекови и штопер? Сеа нешо не сум те сфатил ја или ?Костурот на тој тим беше стар, бекови беа 32 годишен Јанг( пак кине човеков) и 34 годишен Валенсија.Штоперите беа боранија тешка