Досега 40тина земји поднеле филмови за Оскар од неанглиско говорно подрачје.
Од регионов, Македонија и Србија само немаат одлучено. Србите може да одат со "Отац" што имаше премиера во Берлин или пак "Оаза" на Икиќ што имаше премиера годинава во Венеција. По мене со "Оаза" имаат поголема шанса да стигнат до шортлист, чисто ради тематиката.
Ние стандард со Милчета ваљда ќе одиме.
Го гледав хрватскиот "Допунска настава", не ми се свиѓа. Не го препорачувам. Хрвативе ги пратам некое време и тешки глупости вадат, ретко некој добар филм да излезе у последниве 15-20 години.
Бугарскиов "Башчата" на Грозева и Валчанов исто е излезен на торент. Едни од најнаградуваните бугарски режисери. Ова им е трет филм досега. "Урок" не ми се свиѓаше, "Слава" им беше одличен, во скоро време ќе го видам и новиот.
Друго што знам дека е излезено е шпанскиот "La trenchera infinita" со Белен Куеста во главна улога (Хулија од Ла каса де папел)...
Турците годинава одат со Miracle in cell number 7, римејк на истоимен корејски филм.
Словаците идат со Извештајот Аушвиц. Ништо чудно да лапнат номинација со оглед на тоа што такви тематики секогаш биле права ствар за комисијата.
Лесото првпат праќа филм.
П.С. Ако некој го најде чешкиот Шарлатан или полскиот Never gonna snow again, нека јави.