Го дочекавме и тој ден, пласман на големо фудбалско натпреварување. Конечно, после толку години очобол фудбал, пцуење и нервози дочекавме талентирана генерација и пред се заедништво и екипа. За тоа, мора да му се даде заслуга на Мрме, многу го критикуваа и него и изборот за тој да биде селектор, и ќе речам и оправдано, и не беше баш најидеалниот избор ниту пак е совршен од тактички аспект, ама барем се направи едно заедништво, супер атмосфера и се гледа дека гинат еден за друг и играат со огромна желба и мерак. Се кладам дека и во поинаква ситуација и атмосфера утакмицата со Косово ќе беше многу поразлична баш поради причините кои пред утакмицата се дискутираа, ама ајде да не се навраќаме на глупости
Сепак, мора да сме реални дека доколку УЕФА не го сменеше форматот ќе бевме далеку од пласман, огромна олеснителна околност беше патот преку Лигата на Нации, неспоредливо е со какви противници игравме тука во контраст со регуларните квалификации, па затоа и не сметам дека направивме огромен успех, успех е секако, за почит со оглед дека е прв пат во историја, ама не е светско чудо да се разбереме, кога ќе видиш кои све држави заиграа на европско. Имам поделено мислење за ваквиот формат, катастрофално беше минатото ЕУРО во поглед на квалитет, ама од друга страна е супер шанса за држави како нашата, не знам баш колку е потребна промоција ама за подигнување на квалитетот, зголемување на инвестициите, желбата и слично кај ваквите репрезентации ќе бде супер, а од друга страна и самата атмосфера и еуфорија што ја носат ваквите држави даваат дополнителен шмек и дух, има да гори Букурешт од нас, па што да не и Амстердам. Е сега, во секоја среќа има по некоја несреќа, мораше баш во корона ситуацијава да бидне све ова, па да не можеме ни да се израдуваме ко што треба и плус да стравуваме за патување во јуни, ќе мора за умрено да ја прогласуваме затоа што ова се чекаше со години и не се пропушта ваков настан
Би дополнил и само дека овој успех никако, ама баш никако не смее да оди на грбот на ФФМ, кои со нивното очајно работење низ годините наназад не доведоа до ситуација да едвај имаме прва лига, со никаква инфраструктура и не повеќе од 1000 гледачи за А-репрезентацијата. Со апсолутно ништо не придонесоа они за да произлезе оваа генерација која прво го направи успехот со у21 па сега и ова, едноставно беше сплет на околности и среќа да се поклопат некои коцки.
Како и да е, ако ништо друго, апсолутно заслужен пласман само ради Гранде Пандев, каква легенда, играчина, радувај се и уживај мајсторе, го заслужуваш ова! Елмас, мајсторе, каков само талент си ти, продолжи да тераш како до сега, остани каков што си, скромен, со големо срце, на пат си кон огромни достигнувања! Детево двоеше уште од сам старт, уште ко дете го памтам кога тренираше во школата на Џипун, играше со 2 генерации постари и беше убедливо најдобар, огромен талент, а ретко барем кај нас ваквите таленти имаат и таква работна етика и психа како Елиф. Мора да го спомнам уште еднаш и Мрме, како успеа само човеков за толку кратко да направи толкав скок во тренерската кариера, браво, пред 10-15 години го памтам кога беше тренер во една од полошите фудбалски школи низ Скопје, губеа по 7,8-0 од кој стигнат

И секако, thumbs up за нашите златни вардарови играчи, Даре, Боби, Спировски, Муслиу (

)
Букурешт, Амстердам, here we come

Невидена еуфорија фаќа уште од сега