Ivica^
Confident Liar
- Член од
- 14 август 2007
- Мислења
- 11.431
- Поени од реакции
- 16.748
Отварај дур сме у еуфорија.Дали е рано да отвориме подфорум на 7 -8 месеци пред старт?![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Отварај дур сме у еуфорија.Дали е рано да отвориме подфорум на 7 -8 месеци пред старт?![]()
Како би било за билети во Букурешт за нас знае некој , дали ке одат сите карти преку Фифа или преку ФФМ ке може , и дали пример картата ке биде блок за сите утакмици или ке може поединечно , некој што ја знае процедурата нека сподели ..
Ако некој има информација кога стартува продажбата на билети нека каже
Како би било за билети во Букурешт за нас знае некој , дали ке одат сите карти преку Фифа или преку ФФМ ке може , и дали пример картата ке биде блок за сите утакмици или ке може поединечно , некој што ја знае процедурата нека сподели ..
Би требало ова со коронава до јуни да заврши со вакцината и да си има публика , ја очекувам што од тука што од цела дијаспора најмалце 10.000 Македонци на стадион ! (Оптимистички со оглед дека ни е прво ЕП , плус дека последниов период многу негативности се направија на Македонија како држава можеби ке има и над 15.000 )
Сега и кујзнае кога другпат би се пласирале на ЕП , башка ни се погоди и Букурешт за домаќин првите 2 утакмици , така да ова е одлична прилика . ( како што беше ракометот во Србија )
Ако гледаш реално и да не ја воведеа Лигата на Нации ние пак ќе игравме плеј-оф како третопласирани и само еден натпревар (место два) ќе не делеше од пласман на ЕУРО, така да не држи многу вода муабетов дека да не била Лигата на Нации ќе сме биле далеку од пласман. И по едниот и по другиот пат ние ќе игравме плеј оф.Сепак, мора да сме реални дека доколку УЕФА не го сменеше форматот ќе бевме далеку од пласман, огромна олеснителна околност беше патот преку Лигата на Нации, неспоредливо е со какви противници игравме тука во контраст со регуларните квалификации, па затоа и не сметам дека направивме огромен успех, успех е секако, за почит со оглед дека е прв пат во историја, ама не е светско чудо да се разбереме, кога ќе видиш кои све држави заиграа на европско.
Ако гледаш реално и да не ја воведеа Лигата на Нации ние пак ќе игравме плеј-оф како третопласирани и само еден натпревар (место два) ќе не делеше од пласман на ЕУРО, така да не држи многу вода муабетов дека да не била Лигата на Нации ќе сме биле далеку од пласман. И по едниот и по другиот пат ние ќе игравме плеј оф.
Немаше да биде Грузија (И Косово) ама ќе беше само 1 натпревар против Северна Ирска, Р. Ирска, Грција, Србија или дури може Косово, така да далеку од тоа дека ќе сме биле далеку од пласман да не била ЛН.Да не испаднам хејтер, пред некоја година и со друга генерација играчи ни преку Лига на Нации немаше да влеземе, не дека нема напредок и слично, ама тој плеј-оф што го спомнуваш немаше да биде против Грузија, а сега ко да барам оправдувања ама да бидам искрен таа група беше најлесната што памтам некогаш да сме ја имале, со Полска и Австрија како единствени сериозни и утепани Изреал и можда најслабата Словенија. Пак ќе кажам, супер успех и све тоа, ама немаме некои wow резултати кога ќе видиш против кои све екипи играме задњиве 2-3 години и кои се резултатите