Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Па реално не можеме да зборуваме за тоа, кога не знаеме колку помогнале. На пример ете само еден Систем оф а даун после децении непостоење се собраа да направат музика за поддршка на Карабах. Има многу други примери... Само што со финансиска помош кога Карабах беа оставени на цедило, Армијата не влезе во Карабах да помогне, никаква значајна воена опрема не поминала преку границата откако започна судирот. Карабах едноставно беше саботиран од матичната држава... Што може дијаспората тука да направи?
 
Не @jamajka веќе реков дека нема да се натегам за „релевантни медиуми“ ниту за поврзаноста на владата на Пашанјан , со Георг Сорош. Ти слободно не верувај на никој, провери самиот. Во меѓувреме убаво што си цитирал, само коментирај го и делот што не си го болдирал: Предавството на Пашанјан.

Ќе оставам неговите дела да зборуваат за него. И твоето упорно игнорирање на предавството. Колку упорно ги затвараш очите за ова, да се запраша човек што е работата.
Не, туку одговорот на ова прашање не ти одговара. Неколкуте медиуми што ова го исвестуваат со фотошопирани слики на Пашанјан со Сорос (претпоставувам дека оригиналната слика е со ЗЗ), имаат вкупно заедно значително помалку од 0.1% покриеност во Русија. Голем дел од нив, ако не и сите се наменети за публика во Турските републики, пошто читаноста им е највеќе таму.

Во Русија има иљадници медиуми со милони артикли. Неможе човек сите да ги проверува, надвор од умот е тоа. Пред да провериш некоја вест, треба да знаеш колку е релевантен медиумот и да си имаш некаков критериум за тоа. Све друго е fake news factory за кое всушност сме пионери, дури и уште пред феноменот за Трамп. И би требало да знаеме како изгледа тоа. Има Велешани тука на форумов што се бавтаат/бавтале со тоа, па можеби ќе ти објаснат како идат тие работи. Ти само си се упецал на такви вести ....
 
@jamajka уште еднаш (а морам, забавно е пошто очигледно ти е страв да одговориш): Дали Карабах беше предаден од раководството на матичната држава?

Едноставно ДА или НЕ?

И ќе те замолам да не вртиш офтопик со приказни за велешани, за трамп, и за неповрзани глупости.
 
@jamajka уште еднаш (а морам, забавно е пошто очигледно ти е страв да одговориш): Дали Карабах беше предаден од раковоството на матичната држава?
Тоа никаде не го негирав, напротив, го нагласив.
Ај сега одговори на прашањето што ти го поставив, кратко и јасно.
 
Доаѓаме натаму @jamajka , доаѓаме натаму.
Давам контекст, остани со мене.

Значи ако се согласуваш дека Карабах беше предаден од раководството на матичната држава, тогаш не може да не се согласиш и со тоа дека ти лично имаше целосно погрешна проценка и мислење за Пашанјан во однос на неговиот патриотизам (те молам не ме терај да те цитирам).

Пошто конечно почнавме зборуваме отворено, ДА или НЕ?
 
Доаѓаме натаму @jamajka , доаѓаме натаму.
Давам контекст, остани со мене.

Значи ако се согласуваш дека Карабах беше предаден од раководството на матичната држава, тогаш не може да не се согласиш и со тоа дека ти лично имаше целосно погрешна проценка и мислење за Пашанјан во однос на неговиот патриотизам (те молам не ме терај да те цитирам).

Пошто конечно почнавме зборуваме отворено, ДА или НЕ?
Никогаш не сум имал некаков посебен став за Пашанијан, нити пак некаква проценка. Само сметав и сеушпте сметам дека твоето тврдење дека Пашанјан води антиРуска политика е донесено на основа на артикли во сомнителни медиуми (жута штампа), ако изнесеш порелевантен медиум, може го сменам ставот. Моето мислење беше и сеуште е дека Ерменците имале (ваљда и сеуште имаат) механизам да ги казнат своите предавници, се надевам дека барем за ова ќе сум во право.

И сеуште избегнуваш одговор.
Автоматски споено мислење:

Meanwhile

Протестатните во Ереван му дале рок до полноќ на Пашанјан сам да си поднесе оставка.
 
Последно уредено:
Како што реков - полека, доаѓаме натаму.
Давам контекст, а контекстот е дека гледаш емоционално а не реално.


Сега кога се согласуваме во констатацијата дека Пашанјан е предавник, ти инсистираш да се натегаме за споредни моменти како тоа кој точно го врбувал за да биде предавник. :)

Еве долу примери за твоето размислување тогаш, иако сега тврдиш нешто друго, дека „немаш некаков посебен став/проценка за Пашанијан“. Мрско ми е губењево време ама сакам да ти покажам дека не признаваш грешки, и причните за поразот на нам судбински блиските Ерменци, ја бараш секаде освен таму каде што реално лежи таа причина: Предавството од матичната држава Ерменија (или нејзиното раководство, но нели, на крај на исто се сведува).



Никогаш не сум имал некаков посебен став за Пашанијан, нити пак некаква проценка...
Напротив, кажуваше дека Ерменија е таква држава каде нема разлика кој е на власт.
Исто како што дури и во очи на неминовниот воен пораз инсистираше дека Карабах победува. Но факт е дека помалку ги разбираш работите одошто би сакал. Главната причина за тоа е твојата необјективност, емоционалноста и желбите те спречуваат да гледаш реално. Тоа е човечки и разбирливо, но води кон неуспех и грешки.

За мене, нема никаква разлика кој е во Ерменија на власт. Уште повеќе што воопшто не се сменило ништо во Ерменија одкако е дојден Пашанјан. Не го перцепирам како некаква промена ...
Батали ти дневна политика, Ерменците не се раскарани Македонци. Истражи малце подлабоко не ја гледај површно проблематиката.
Те замолив да не ме тераш да пребарувам и да цитирам. Немам време да пребарам подетално, имаше и поексплицитни изјави во овој контекст.
 
Мене едно ме чуди кога Азеритите заедно со Османлиите удрија во НК зш Ерменците не отворија и друг фронт во ексклавата Nakhichevan и да ги очистеа тие 300000 према Турција тогаш за една недела ќе прекинеа нападите на НК.Многу наивни и неспремни испаднаа Ерменците ....па им дозволија мост да направат 2007 Полдаш мостот да ги поврзат дирекно.......будалештини невидени...лоши ученици испаднаа ерменците ,никако да ја научат лекцијата.
Да живееме и работиме како сто години ќе има мир АМА да се припремаме како да утре ке почнит војната.
 
Заради воениот договор со Русија. Во случај на Ерменска агресија, Русија не е обврзана ниту овластена, да им пружи воена помош. Договорот е само доколку Ерменија е нападнатата страна.

Тоа е причината зошто Турција не ја нападна Ерменија. Што дефакто ќе се случеше, да не беше одбрамбениот договор со Русија. Реалноста е дека постоењето на Ерменија, за жал, е директно зависно од руска помош. Турците и Азерите имаат историја на геноцид, и владеат голем дел од историјската ерменска територија од каде ги имаат избркано или испоубиено Ерменците. Тие апетити не се згаснати. Затоа дотолку се понеразбирливи сите тие антируски расположенија што ги ширеа/шират луѓето поврзани со сегашната власт.

едит: Инаку да одговорам најдиректно. Реално ако Ерменија нападнеше врз Накичеван, ќе беа прегазени од Турција која има многу посилна и поопремена армија.
 
Последно уредено:
Те замолив да не ме тераш да пребарувам и да цитирам. Немам време да пребарам подетално, имаше и поексплицитни изјави во овој контекст.
Немав.. И тие што ги циташ покажуваат тотална неутралност во однос на Пашанјан. Реално и ништо не се сменило со неговото доаѓање. Ниту излегоа од економската, ниту од воената унија со Русија. Напротив и економската и воената соработка во последните 2 ипол години е зголемена.
 
Ништо не се сменило?
Само тоа што Ерменците го изгубија Карабах, и отворено излезе на виделина дека Пашанјан и владата се предавници. Ситница. :coffee:
 
Зборам за претходно. Пак покушаваш филозовски да ја туркаш водата на својата воденица, како што направи со маргиналните весници со фотошопирана слика ... Дури и да е предавник Пашанјан, со оглед на тоа дека сметаш дека Русија добила во ситуацијата, тогаш веројатно е дека е предавник на Ерменскиот народ кој изиграл Казачок....

И сеуште не одговори на прашањето.
 
Аман со Русија. Русија ли ги натера Ерменците да не го потпишуваат мадридскиот договор? Ќе го задржеа целиот Н.Карабах и немаше да мораат да им дадат на Азерите коридор кон Накичеван. Русија ли ги натера да не ги помогнат Н.Карабах со армијата и воената техника?

Упорно дигресираш од тоа кој е вистинскиот виновник, предавникот Пашанјан и самата ерменска држава.
Велиш „ништо не се сменило со доаѓањето на власт на Пашанјан“. Ох и тоа како се сменило, илјадници животи беспотребно се изгубија и на крај го изгубија Н.Карабах. Прво не потпишаа поволен договор, а второ не им помогнаа на своите кога најмногу им требаше... И сега Русија е крива за тоа?

Ерменците не согласуваат со тебе, пошто не викаат доле Русија туку доле Пашанјан:
1605108981295.png
 
Аман со Русија. Русија ли ги натера да не го потпишуваат мадриодскиот договор, ќе го задржеа целиот Н.Карабах и немаше да мораат да им дадат на Азерите коридор кон Накичеван? Русија ли ги натера да не ги помогнат Н.Карабах со армијата и воената техника?

Упорно дигресираш од тоа кој е вистинскиот виновник, предавникот Пашанјан.
Велиш „ништо не се сменило со доаѓањето на власт на Пашанјан“. И тоа како е сменето, илјадници животи беспотребно се изгубија и на крај го изгубија Н.Карабах.

Ерменците не согласуваат со тебе, пошто не викаат доле Русија туку доле Пашанјан:
Прегледај го приврзокот 274039
Мадридските протоколи се од 2009, не се од Пашанјан одбиени. И најверојатно има причина што не ја знаеш, за да тука го кажуваш тоа како некаков факт. Точно е дека викаат дека Пашанјан е предавник, зошто така го сметаат. Така и јас го сметам. Но со оглед дека со неговото политички поентира Русија, тогаш чив човек е Пашанјан и за чија полза го извшрил предавството?

И со оглед на тоа дека еве ако сакаш ќе прецизирам, до пред почетокот на војната, Пашанјан имаше сосема пријателски однос со Русија, притоа не го доведе до прашање нивното сојузништво во ниеден момент. Како тоа се коси со моите погледи дека ништо не се сменило во Ерменија со неговото доаѓање на власт до тој момент.

А еве и на крајот на војната исто така изигра во полза за Русија, по цена на предавство на сопствениот народ. Тогаш целата улога на Русија во кризата во Ерменија треба да се преиспита. Дали Русија можеби не го искористи својот пулен Пашанјан, за да се насади во дејуре азербејџанска територија, за да го спречи влезот на Азербејџан во НАТО и тоа преку бедата на Ерменскиот народ.

Многу повеќе има индикации дека е човек на Русија одколку дека е човек на западот.
 
Последно уредено:
Прилично смешно тврдење е тоа дека Пашанјан е човек на Русија... По истата логика Русија го тераше да се среќава со Помпео и со Столтенберг и да преговара за членоство во НАТО? Русија го натера пред пар месеци да оди во Брисел?

Чудни стратегии од Русија, да го тера „сопствениот“ човек да работи против руски интереси.
На крај само да воочам дека - твоите сопствени стандарди не важат за тебе самиот? Не треба сега ти тие твои смешни изјави да ги аргументираш со нешто, макар со како што кажуваш „медиуми кои се повеќе од хх% застапени на пазарот“. :coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom