Со душа го чекав целосното официјално деби на Зијеш.
Кој чека...
Најдобар поединец и без голот. Голот само беше јаготка на шлагот. Добиваме многу во нападот со него, разноликост. Крило што знае да креира, што има лева нога која може да ја разбие секоја одбрана. Нешто кое со години го немавме. Па од Робен навака, да му ебам мајката.
Победава ме радува повеќе одошто треба, поради стрелците. На Тимо му беше потребен гол, го доби заслужено. На Пулишиќ исто така. Нека јакнат самодоверба.
Лампард мора некако да ги поврзе средината и нападот. Покрај останатите расштимани работи, Челзи е дефицитарен за уште еден средњак. Со малку поинакви карактеристики од постоечкото. Не можеше во едно лето 15 фудбалери, јасно, но штом е таква ситуацијата, тогаш на тренерот останува нешто да измисли.
Жоргињо, Ковачиќ и Канте се сите добри играчи, ама сите се на некој начин слични. Не само по себе слични, туку во смисла што нудат во овој Челзи и замислите на Лампард. Оваа формација и напаѓачки менталитет, налага средњаци, или барем еден средњак што ќе биде баш добар офанзивно. Затоа настанува проблем и затоа многу често Хаверц е отсечен и осамен на 35 метри од противничкиот гол.
Уште нешто. Менди како ги строи пацериве, што се однесува до мене може да почне да шамара слободно.
И Жоргињо нека одмори малку од пеналите, привремено. Има кој да го замени.