Фан Клуб: Челзи

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Верувам дека Лампард е презадоволен од вториот клин шит по ред. :bravobe:
Само нека внимава, не е ова состав од ков како составите во кои тој беше играч. Овие и после цел ќотек што го изедоа од смрдежов од Манчестер, само Аспиликуета покажа било какво незадоволство после боречкиот зафат на умноболниот Хари Малокуре.

Од рубриката останато, се надевам дека и вториот опарак гнилеж од лик Магуире ќе го стигне карма како што го стигна и првиот таков Ван Дајк. Комиња исушени.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Slednite 5 mora da se dobijat po bilo koja cena, ofanzivno mora da se podobrime pa so toa da se digne i samodoverbata na timot...
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Назад на фудбалот, добро е што се усогласува 18-ката.
Менди, Азпиликуета, Џејмс, Силва, Зума, Рудигер, Чилвел, Канте, Ковачич, Жоржињо, Маунт, Хаверц, Пулишиќ, Одои, Зијеш, Вернер, Абрахам, Жиру.
Со сите добри и лоши страни, оваа група треба да е максимално избалансирана да во секој момент од истата се вади максимум, моментално подобро нема.
Добро е што Рудигер се врати, лошо е што не е јасно што се случува со Одои. Запрепастувачки е Хаверц, Вернер и Маунт да играат на крилни позиции пред него.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Знам дека е рано, ама онака, за забава, направив споредба на Челзи после 6 одиграни ПЛ мечеви во оваа и во минатите шест сезони, чисто да видиме дали има некоја разлика меѓу менаџериве. Значи, првата сезона на Мурињо и сите останати што следат

Оваа сезона: 9 поени (13-9 гол разлика)

2019/2020: 8 поени (12-13), На крај на сезона: 4

2018/19: 16 поени (14-4) На крај на сезона: 3

2017/18: 13 поени (12-5) На крај на сезона: 5

2016/17: 10 поени (10-9) На крај на сезона: Шампиони

2015/16: 7 поени (9-12) На крај на сезона: 10 место

2014/15: 16 поени (19-7) На крај на сезона: Шампиони


Е сега, иако е рано, може да се види дека во последните седум (со се оваа) сезони, Челзи само со двајца менаџери успеал да стигне до едноцифрен број на поени после 6 мечеви.

Со Мурињо, кога беше отпуштен на пола сезона и Челзи ја имаше најлошата сезона во овој милениум, а чинам и воопшто во ПЛ

И...со Лампард, бек-ту-бек

Интересно.

Исто така, минатата сезона била единствената сезона каде после 6 меча сме имале негативна гол разлика после таа најлоша сезона и единствена сезона освен таа во која сме примиле двоцифрен број на голови. Ако денеска Јунајтед дадеше гол ете уште една бек-ту-бек статистика.

Фала богу, ништо не значи ова и затоа и ги ставив резултатите на крај на сезона, ама може да се види дека тимов ни најмалку не е сменет нити напреднат во одност на минатата сезона (нели, очекувано)

Ќе направам пак некоја ваква споредба меѓу сезоните кога ќе стигнеме до некаде 12+ мечеви, тоа ваљда ќе биде поинтересно да се споредува

П.С. Пошто сепак знам некој погрешно ќе ме сфати. Нема никаква поента ова, само статистика е после шест меча, интересни ми се мене вакви срања :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.085
Поени од реакции
2.028
Многу подобра организација и поставеност во одбрана и конечно клин шилд поради голман. Браво за Менди имаше 3-4 добри одбрани али ова на крајот на Рашфорд стварно беше врвна одбрана, плус имаше уште да досегне со скокот во должина.
Нешто што Кепа ќе го примеше 10/10.
Силва одигра докторски натпревар, Чивел исто.

По мене беше океј пристапот и тактичкиот дел. Си имавме свои шанси, плус и недосуден пенал.
Офанзивното трио потфрли, поготово Хаверц. Ептен е мек на дуели, таква игра може во Шпанија да пројде тука бато треба снага.
Пулишиќ исто цело време се пази од како се врати од повреда.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Доколку максимално се фокусираме на дефанзивната фаза од играта, ние можеме апсолутно да извадиме 30 клин шитови во следните 32 кола во Премиер Лига.
Позади топка 10 играчи, крилата-бекови, шпицот-централен и ќе се гине.
Поентата не е таа.

Напредок во дефанзива е ако ти успееш да ја сочуваш мрежата недопрена, а ја играш својата игра. Која и да е таа во моментов. Или, Вернер, Хаверц, Пулишиќ и Зијеш/Маунт/Одои да дробат напред, како што всушност и знаат.
Напредок во било која фаза во играта не е ако зачуваме недопрена мрежа, а 200 милионскиот напад ти дреме на своја половина и чека евентуална контра.
Ние на два меча со Севиља и Манчестер немавме крстена акција. Со таков потенцијал и фудбалери во навална линија.
Малку е греота.

Во ред, ајде еден натпревар ќе се посветиме целосно на одбрана, показна вежба. Да видите дека можете да не примите гол и продолжуваме. Ама после тоа, повторно. Неубаво.
Прогресирањето мора да е колективно, инаку е залудно. Жално беше вчера да ги гледаш Вернер, Хаверц и Пулишиќ на 50 метри од голот на Де Геа.

Лампард мора да менува и тоа мора брзо. Да не биде предоцна. Бидејќи Вернер и Хаверц можат да му дадат исписница. Дојдени се да играат фудбал и да победуваат. Уште две вакви појавувања, незадоволството ќе почнат и јавно да го манифестираат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Доколку максимално се фокусираме на дефанзивната фаза од играта, ние можеме апсолутно да извадиме 30 клин шитови во следните 32 кола во Премиер Лига.
Позади топка 10 играчи, крилата-бекови, шпицот-централен и ќе се гине.
Поентата не е таа.
Знам не ти е тоа поентата и нели не е 100% озбилен постов.

Ама...
Не можеме.

Сега успеавме дека и Севиља и Јуанјтед не беа нешто ептен мотивирани и спремни за три бода.

Не треба да се лажеме дека имаме добра одбрана поради тоа што не примивме гол. Да игравме против екипи што ќе почнеа спремни за голови немаше шанса да задржиме клин шит.
Не примивме голови дека екипите не играа ништо посебно, а не дека Челзи изигра некој маестрален дефанзивен перформанс.

Башка мене ме нервира што се почесто почнуваме акции со Менди, небаре сме Пеп. Не знам колку може Челзи да извади резултат со ова.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Знам не ти е тоа поентата и нели не е 100% озбилен постов.

Ама...
Не можеме.

Сега успеавме дека и Севиља и Јуанјтед не беа нешто ептен мотивирани и спремни за три бода.

Не треба да се лажеме дека имаме добра одбрана поради тоа што не примивме гол. Да игравме против екипи што ќе почнеа спремни за голови немаше шанса да задржиме клин шит.
Не примивме голови дека екипите не играа ништо посебно, а не дека Челзи изигра некој маестрален дефанзивен перформанс.

Башка мене ме нервира што се почесто почнуваме акции со Менди, небаре сме Пеп. Не знам колку може Челзи да извади резултат со ова.
Однесувањето на Лампард покрај линија и фацијалните експресии ми кажуваат дека Лампард не може и не знае како со овој тим во моментов. Како да се предава. Штом одиш ти на два меча да не загубиш, значи се бориш да излезеш од живата кал. Мене така ми изгледа. Можеби грешам.
За жал. Поддршка од мене уште има и ќе ја има, само времето поминува, а напредок нема.

Ние зборувавме летово дека не очекуваме титули чуда, ама очекуваме, еве да банализираме и да не тупиме едно те исто, Челзи за разлика од лани да ги дроби екипите како ВБА и Саутемптон. Тоа не се случува.
Ги имам предвид сите околности, повреди, отсуства, немање пред-сезона, нови играчи и нивните периоди за адаптација.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Премалку зборувавме за изданието на Тиаго Силва во саботата. И општо, во овие неколку меча на кои се појави.
На 36 години. Срам да те фати. Да сум Кристенсен, кога ќе влезе Силва во соблекувална ќе избегам во тоалет и ќе плачам.

За господинот Менди, во друга прилика. Крстен голман, алал.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Курт Happy (26th Birthday) Зума.

Автоматски споено мислење:

Да сум Кристенсен, кога ќе влезе Силва во соблекувална ќе избегам во тоалет и ќе плачам.
Ова може и стварно да се случува.

За господинот Менди, во друга прилика. Крстен голман, алал.
Од официјално невработено лице на 22 години до 3/4 без примен гол за Челзи на 28. Скромно.

 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.731
Силва не е со тимот за утре. Нормално, треба да пази колку го игра иако воопшто не изгледа како 36 годишен играч. Не очекувам премногу измени утре.

Се смириле со Рудигер, беше на клупа против Јунајтед, утре пак е во тимот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Еден повреден Зигер бевме оддалечени од тоа да го гледаме Чех во тимот за Краснодар :(

1603828703400.png

Како и да е...ЗИГЕР загер ЗИГЕР загер ЗИГЕР загер...ОИ ОИ ОИ
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Искрено...ја лично би го сменил малтене цел тим за Краснодар.

Долга сезона е, згуснат е распоредот и мора да се искористи цел ростер што го имаме.

Прво - срамота е да не можеме и со "втор тим" да ги победиме Краснодар

Второ - и ако се мачиме, лесно можеме со пар замени во 60+ минути да стигнеме до победа

Краснодар е ипак.

Јас утре би играл со овој тим:

Менди
Џејмс-Томори-Рудигер-Азпиликуета
Ковачиќ-Жоргињо
Зијех-Маунт-Одои
Абрахам

Јбг, сепак ќе мора пар играчи да играат од претходно, ама нема потреба зошто да не се одмори еден од Жоргињо/Канте, да не се проба нова одбрана, да не се одморат Каи, Вернер и Пулишиќ...
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.760
Поени од реакции
52.731
Не е проблемот мислам дали целосно изменет тим може да тепа против Краснодар, туку тоа што не е уигран и стабилизиран првиот тим па да си рече супер ни оди, сите ќе ги одморам во ЛШ и следен викенд продолжуваме кај што застанавме.
Сепак, мислам дека ќе има бар 4-5 измени. Би требало Зијех да е стартер, а позади очекувам пак Кристенсен да го игра со Зума. Ковачич да игра за да одмори Канте. Би сакал Одои лево ама поверојатно ми е дека Маунт пак ќе игра крило.
 
B

Beginner

Гостин
Не е проблемот мислам дали целосно изменет тим може да тепа против Краснодар, туку тоа што не е уигран и стабилизиран првиот тим па да си рече супер ни оди, сите ќе ги одморам во ЛШ и следен викенд продолжуваме кај што застанавме.
Сепак, мислам дека ќе има бар 4-5 измени. Би требало Зијех да е стартер, а позади очекувам пак Кристенсен да го игра со Зума. Ковачич да игра за да одмори Канте. Би сакал Одои лево ама поверојатно ми е дека Маунт пак ќе игра крило.
Кристенсен не би го ставил никако Томори-Рудигер за мене би било најдобро да ги проба. И нападот мора пак да добие шанса Одои, Абрахам, нешто вака најдобро:
Жорж-Кова
Зијах-Маунт-Одои
Абрахам

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom