Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Рутинирано, како и што требаше/се очекуваше

Најс (y)
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Четири гола, пак клин шит. Лабаво :ojeaa:

До вториот гол беа ужасни реално, на почеток на второ Краснодар доминираше, никаква игра од Челзи. Зијех беше најдобар, супер што постигна и гол. Ќе биде интересно со него. И за Пулишич исто супер што постигна гол за да си ја врати самодовербата. Малце пред тоа можеби и подобра шанса имаше и не се реши да шутира од прва. Менди се повеќе ми се свиѓа. Очекував да е само просечен голман, ама изгледа одлично. Многу стабилно, излага на високи топки, доминира.

Не ми се свиѓа како функционира средината во последниве натпревари. Некако ептен меко. Канте и Жоржињо не изгледаат баш добро како двојка. Еве вечерва и Жоржињо и Ковачич беа лоши и во напад и во одбрана. Канте и Ковачич исто не верувам да се нешто подобри. Мислам дека е време да проба со Канте, Маунт и Хаверц средина, како што играа на крајот на натпреваров. Мислам дека тоа му беше и иницијалната идеја, ама ризично беше поради ужасната одбрана. Сега кога одбраната ваљда ќе биде постабилна, вреди да се проба бар неколку натпревари така.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Со душа го чекав целосното официјално деби на Зијеш.
Кој чека...
Најдобар поединец и без голот. Голот само беше јаготка на шлагот. Добиваме многу во нападот со него, разноликост. Крило што знае да креира, што има лева нога која може да ја разбие секоја одбрана. Нешто кое со години го немавме. Па од Робен навака, да му ебам мајката.

Победава ме радува повеќе одошто треба, поради стрелците. На Тимо му беше потребен гол, го доби заслужено. На Пулишиќ исто така. Нека јакнат самодоверба.

Лампард мора некако да ги поврзе средината и нападот. Покрај останатите расштимани работи, Челзи е дефицитарен за уште еден средњак. Со малку поинакви карактеристики од постоечкото. Не можеше во едно лето 15 фудбалери, јасно, но штом е таква ситуацијата, тогаш на тренерот останува нешто да измисли.
Жоргињо, Ковачиќ и Канте се сите добри играчи, ама сите се на некој начин слични. Не само по себе слични, туку во смисла што нудат во овој Челзи и замислите на Лампард. Оваа формација и напаѓачки менталитет, налага средњаци, или барем еден средњак што ќе биде баш добар офанзивно. Затоа настанува проблем и затоа многу често Хаверц е отсечен и осамен на 35 метри од противничкиот гол.

Уште нешто. Менди како ги строи пацериве, што се однесува до мене може да почне да шамара слободно.
И Жоргињо нека одмори малку од пеналите, привремено. Има кој да го замени.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Абрамович.:place::place::place:

Не гу гледа, мило ми е што сви дале гол или асиситрале од напад, одличан буст за самодовербу.
Лампард, ако ме читаш, една тајна:
4-1-2-3
Менди
Азпи Зума Силва Чилвел
Канте
Хаверц Маунт
Зиех Вернер Пулишиќ

Сас тој што у одбрану ќе бидемо класична 4-3-3 и ќе чекамо Хаверц да научи да игра дефанзиву. Сас оглед какви бекови имамо и умев да играв сас топку, сас кратки пасеви има да спие овај формација за брзу транзицију у напад, посебно што Хаверц покажуе сериозан талент да биде убитачан сас едн пас, страшну визију и преглед на игру има. Маунт ќе биде стар Лампард поназад и ќе трчи и напред и назад сас тој што знае много добро да игра дупли пасеви.
Ама молуте Лампард, нема шансе ја да сам попаметан од тебе, бар едну утакмицу да виду како функционира плс.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
748
Поени од реакции
544
4-3-3 формација е идеална за овој тим. Останува уште да се врати еден класичен ДМ. Дали ќе е Ампаду или Рајс, небитно, битно е што таа е алката што ќе избалансира меѓу одбрана и напад.
4-2-3-1 формација 1 гол, 4-3-3 формација 3 гола и уште неколку шанси.
Тоа е тоа, идеме јако во ПЛ.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.028
Дефинитивно после 3-3 од Саутемптон, Челзи го смени пристапот на игра.

Прво полувреме беше класична успаванка, цело време се враќаше топка за Зума и Рудигер.
Многу попретпазливо градиме напади, што искрен да бидам ми смета кога се работи за вакви тимови кои се гледа дека немаат ниту фитнес ниту квалитет да ни парират. Ама ајде корона тајм, згуснат распоред, а и конечниот резултат направи некое алиби ма да и голманот дадее допринос.

Одои почна страшно да ме нервира, толку голем талент а ич да нема осет за фудбал тоа е чудна работа.
Наместо да гриза напред да прави продори он си прави симпл пасови наназад. Се надевам ако вака продолжи ќе му се даде шут карта, не ми е гајле дали ќе биде Салах бр.2 си доби шанса коректно и не си ја искористи чао пријатно.

Менди :aplauz:
Зијех исто супер одигра, фали уште да се уигра со тимот ама какви само топки пушта, Мата на времето :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
На Лампард сметам дека веќе долго време крајната цел му е да игра 4-3-3 со Канте и двајца напаѓачки ориентирани играчи во средина. Дур траеше прекинот верувам дека се решиле за ова затоа што по рестартот веќе почна да игра така, а претходно немаше пробано. Баш против Сити победата беше со Канте, Баркли и Маунт на средина. А знам дека имаше и уште неколку победи кога играа така. После ако не се лажам се повреди Канте и мораше да мења.
Е сега, за да играат така треба одбраната да е стабилна, а и средината да е добро уиграна и да помагаат во одбрана сите кога противникот ја има топката. На почеток на сезонава ја немаше склопено одбраната која ја сакаше и беше далеку од стабилна па најверојатно затоа не играше така затоа што ќе примаа уште повеќе голови. Средина со Канте, Хаверц и Маунт играа во второто полувреме против ВБА и вчера последните 20 минути. И тогаш, и сега изгледаше добро, имаше течна игра и лесно креираа акции. Се надевам дека после вчерашното издание, а и со поголемата доверба во одбраната која би требало да ја има сега, нема да му е страв да почне да игра така.
На хартија изгледа одлично, Канте пред одбраната ќе сече топки, краток пас до Маунт или Хаверц, па они ќе ја прават транзицијата. Напред Зијех, Пулишич и Вернер со слобода да прават што сакаат. Ќе видиме како ќе се покаже во пракса доколку проба да игра така на подолг период. А и не мора против сите противници, доволно е така да игра против тимови за кои знае дека ќе се бранат и ќе ја остават топката. Па против појаки може да мења.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.028
Мора утре победа против Бурнли, ма да и они немаат победа има да трчаат како луди.


Средина Канте, Маунт, Хаверц би била ептен офанзивна. Ниту Маунт нити Хаверц знае да игра дефанзива.
За такво нешто треба ептен брза и сигурна одбрана а моментално такво нешто Челзи нема.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ќе тепаме денеска или ќе се бориме за 14 место? :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не можеше Вернер против големиот Краснодар да одмори, сега со Барнли е баш прикладно.
 
B

Beginner

Гостин
Не можеше Вернер против големиот Краснодар да одмори, сега со Барнли е баш прикладно.
Беше потребен и таму сепак 0-0 ја одигравме првата со Севиља.
Средината најмногу ветува нормално со Зијах и Пули напред.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom