Дали вака да направам ако добро те разбрав.
Кога е најладно , обично после полноќ, јас би ја чувал на 20 наместена.
Кога одржува во најмала брзина троши 270-320 вати.
Да ја пуштам на 4-5 и ќе видам колку троши. До сега, кога достигнува температура после првичните 1900 вати кои траат 2-3 мин, прекинува неколку мин и продолжува со 850- 950 вати. Првите 30 - 45мин, работи пали- гаси. Само после неколку саата, кога ќе се потсмири воздухот во собата , на одржување работи под 300.
Предходната ноќ, пробав на 4- та брзина од 5, наместена на 21 степен, само што ќе се активираше компресорот и дувањето , гаснеше за помалку од 15 секунди. В.Е. е поставена во средина на ѕид од 8,5 метри, на 220 цм од под. Значи од плафон кој е висок 260 има 30 цм.
Инаку , мислам дека инвертор климите навистина треба да можат да работат на одржување на температурата на собата, со постојано дување, со јачина која е потребна за надополнување на топлинската загуба на просторот. Да ја одржува посакуваната температура, со варијација на 0,5 степени. Нели затоа се ИНВЕРТЕР. Зошто , кога не е под 5 целзиуса или под 0-та не се во можност ( не сите ) тоа е чудно, најблаго кажано ..........
Меѓутоа, апсолутно е прифатливо, за многу корисници, климата да им ја затопли просторијата на посакуваната температура, да ја одржува и на -10 степени, без разлика дали ќе се гаси повремено.