Па боље и да не го става овој. Нема поима, у аут подава.
Тенок состав има Милан, не знам зашто се лутат коа ќе им рече некој дека ќе им дојде тежок период коа ќе почнат да играат и преку недела и ќе губат бодови поради замор. Божем у око си им брцнал.
Не е проблем тоа што некој ќе напише дека Милан нема да издржи нон стоп да има вакви резултати, туку што скоро целата прикаска околу Милан во темата се сведе на тоа дека ќе падне, па каква била таа екипа каде се е стариот Ибра (не е така, а и да е така не гледам преголем проблем додека функционира, а притоа и тој Ибра не е тоа баш што се збори

), како после два безвезни пенала, значи и двата неверојатно безвезни, се вртат муабети дека оној за Милан е побезвезен), како се исчекува кикс како да е Милан онаа Барса под Гвардиола... Како Милан на среќа го победил 6 класи посилниот Интер, кој мора да освои ЛШ, а како за разлика од Јуве кој има класа таленти со кои ќе освојува ЛШ, Милан нема скоро ништо вредно...
И сега после неколку такви коментари, нормално ќе се најдат некои што ќе го "бранат" Милан.
У принцип за било што, нормално е дека поголеми се шансите да биде полошо отколку подобро. Мислам, ако имаш 21 натпревар без пораз, ако си почнал со 13 бода од 5 натпревари, нормално е да се поголеми шансите (особено за екипа како Милан, која скоро 10 години не може да заличи на нешто), да биде полошо отколку да се задржи истото ниво или да биде и подобро.
Како да почна да се заборава дека целта на Милан е да избори место во ЛШ, а скоро сите (вклучувајќи не и нас навивачи на Милан), пишувавме дека најмалку 4 екипи се пред Милан, а можеби и повеќе.
Што е до мене јас уште сум со такви амбиции, ако се укаже шанса и Милан е конкурентен за повеќе нешто, тоа би било само голем плус.
За сега, на ова гледам како на добар период за тимот, кој треба да се искористи за собирање на бодови кои што можеби ќе требаат ако налета некој тежок период. Исто така важно ми е да видам како расте тимот и одредени фудбалери.
Не се оптоварувам многу со таа низа без пораз, нормално е некогаш да дојде, па и два во низа и кикс против најслабите во лига е можен. Но, битно е Милан да остане во борба за ЛШ и да расне и како колектив, но и фудбалерите индивидуално...