Ограничување со 23 е заради местата како Мош и Интермецо кои не почитуваат ниедна мерка.
за Порта Влае (освен Баду, не знам таму како седат па се оградувам) може да кажам дека сите кафичи почитуваа растојание, прскаа и служеа според правила. Новиот, Кино Влае исто имаше релативно растојание меѓу маси. Седнуваш и имаш растојание од другите.
Значи проблемот не е до нив или не е само до нив. Проблемот (бројот) е откако тргнаа деца во школо, откако сите државни, јавни и општински тргнаа на работа, а бројот на автобуси беше редуциран. Некои фитнес клубови не ни престанаа со работа, турбо. И ред други дејности во затворени простории. Па и зелените пазари.
Зошто ги фатија на заб сите кафани заради неколку, не знам. Исто како што не е јасно што ќе направат 1-2 часа навечер, а цел ден све живо е на максимум (не само кафани).
Башка да не се лажеме кога ќе се запиеш во кафана и самиот забораваш на мерките после 23...
епа нема запивање и досега, барем не требаше да има според законот за работа до 12 или до 1 часот по полноќ.
Поента е секоја фирма да се организира со смени и дежурства а да не трпи работава...
втора смена работат најголем % само продавници и тоа не сите. Механичар или друг мајстор не можеш да најдеш после 15-16 часот. И пред коронава. Во центар буквално скоро се е затворено после 16 часот.
За да се организира сменска работа треба многу предуслови ако одиме по логика на епидемија. Прво, 2те смени не смеат да се сретнат, значи 1ва смена до 14 максимум, втора до 22-23 часот и повторно ќе немаат полн фонд часови. Второ, просториите/бироата треба да се дезинфицираат инаку бадијала е сменско работење, освен за олеснување на јавниот превоз. Но, што со оние кои имаат мали деца, а повеќето сакаат да работат прва смена. Ете и тоа е проблем во организација. Уште еден проблем е прометот кој газдата треба да го анализира во смени и трошоците за да ја покрие втората смена.
Не е едноставно да се организираат смени доколку досега фирмата не работела во смени. А спомнав, повеќето не работеле.