Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Видете му го последниот пост на Филипче колку би сакал да не му ја изгласат ретардираната мерка маска на отворено.
 
Секако.
Автоматски споено мислење:

Они значи поголема вукојебина од нашата чим порано им почиња полицискиот.
Значи уште поголема глупост од целосна забрана за движење, да затворат угостителските објекти после 23 часот и да нема собири, ко божем после 23 гужви се правеа, до 23 нема корона после 23 излегува и шета по кафани.
Поарно нека воведат целосен карантин после 21 часот од колку вака да се брукаат.
 
Па нели проблем беа журките без маски и дистанци, тие не почињаат у 12 на пладне.
 
Па нели проблем беа журките без маски и дистанци, тие не почињаат у 12 на пладне.
Не почнуваат ни во 23, кафаните и кафулињата и денски се полни.
Ајде, денски нема гужвање, ама навечер е подруго, ако веќе носат ваква мерка, после 23 нема никаков ефект.
Затоа прашав дали постои некоја друга држава со ваква мерка после 23 часот се да е затворено.
Кај нас ионака до 12 часот се затвораше.
Зимно време преку неделата живо пиле нема тоа време.
 
Одат во изолација ако ги кажат, е сега пошто е се од контрола излезено по најново има случаи кои не ни ги провериле дали се дома.
Небитно, подобро да ги кажат и нека си се изолираат само ваљда има и луѓе со свест останати не е цела држава у ку.ац ојдена.
Еве другарка ми никој не ја побарал да кажи контакти, ниту пак ја имаат проверено во овие 3 дена.
По најново? Одамна само болните ги проверуваат. Ако не ги изолираат и тестираат сите туку остнува на нивна свест, која е потребата да ги замарам со бирократски глупости луѓето? Сосема ги разбирам што не кажуваат, и јас не би кажал никој.
 
Исто и јас јавно не би ги набројал контактите. Што да не бркаат и изолираат"кластер" во овој хаос, умре тоа време кога постоеа познати кластери. Сега сегаде може да се закачи, ни самите да не бидеме свесни од каде сме го залепиле.
Лично само би им се јавил на тие со кои сум имал контакт и толку, чисто за нив да си знаат, па ако има потреба да си се тестираат.
 
Да имавте (дел) елементарно познавање, немаше лекарска грешка да биде во топ5 причинител за смртност.

Од каде жити се ги вадиш тие податоци? Лажеш Курго.

После бројките растеле, па нормално дека ќе растат, кога ем нејаснотии имате, ем форсирате штетни мерки.

Не е работата да има страв, но треба да има претпазливост. Жално е твојот ментален капацитет така да го објаснува вирусот и пандемијата. Биди хуман, и престани да шириш дезинформации и да ја намалуваш сериозноста на вирусот...

Па заради вас таквите МЕСИИИ кој им е крив Бил Гејтс и некои Сатанисти го збркувате народот. Поради една причина, лична придобивка. Целиот свет повторно се затвара, а ти уште мислиш дека ова е грип. Срамота, и засрами се.
 
Јас денеска се откажав,не се тестирав зашто тоа ниеден нормален човек нема да го издржи,тоа што се случува во ИЈЗ.Во разговор со матичната одлучивме да се тестирам само доколку кренам температура и тоа во приватна клиника.Да ви ја опишам состојбата пред ИЈЗ во кратки црти.Има две врати по скали надоле,километарски колони.На едниот влез чекаат луѓе да претходно да платат само за тест заедно со пациенти бремени жени и жени со мали деца кои ги држат во раце.Жените со деца у раце ги пропуштаат останатите преку ред за да не паднат у несвест од изнемоштеност.Бремени жени што носат примероци на испитувања што немаат врска со Ковид,чекаат во иста просторија измешани со луѓе што имаат симптоми на Ковид а само за да ги остават мострите.Едно време се створи гужва,галама и тогаш излезе една плава пуцвалд која се обиде да ги смири така што им кажа дека не очекувале вакво нешто :facepalm: Овие што успеале да завршат работа и први се паркирале,не можеа да си отидат зашто со три реда возила беа блокирани.
Хаос,пичке,лудило
Автоматски споено мислење:

Полицајците што ги пратија со ќор фишеци уместо боева муниција на Тетовското Кале кога букна војната во 2001ва е гола вода у споредба со ова пред ИЈЗ денес што се дешаваше
 
Последно уредено:
Да се исповедам. :)
Моментално сум во изолација со мајка ми. И двајцата позитивни на ковид тестот. Осет за мирис немаме. Температура од 37 до 39 варира цело време. Плуќа уредна. Пиев амоксиклави и ми помагаа, од денес сумамед две кутивчиња почнувам.
Има две фази болеста многу зае*ани. Првата е кога те тресе цело тело и ти е ладно, а втората е кога гориш без можност да ја симнеш температурата.
Искрено мислам дека најголема грешка е што се отворија градинките. Децата незнаат за дистанца држење, башка многу родители ги носат децата иако знаат дека им тече носот и слично.
За здрав човек не е страшна короната, иако е мачна. Треба да се заштитат оние кои спаѓаат во ранлива категорија на граѓани.
Ми се јавија од државен инспекторат, ме прашаа само каде ќе се изолирам, на која адреса. Немаше прашања од типот со кој си имал контакт и слично.
Ако си потврден случај на ковид, матичниот лекар треба да те упати да направиш испитување. Имаш две опции, осми септември (кај кожно, на крај) и во државна каде што има ковид центар (до инфективна клиника, барака, има паркинг, влез од страна на црниче). Најчесто препишуваат сумамед или амоксиклав.
Она што е интересно е што во Јануари кога имаше еден грип и хараше, беше со 100÷ исти симтоми како короната, но никој нема храброст да каже дека е истото. Сите се вадат дека тоа бил некој грип со слични симптоми.
 
Не ми е јасна оваа мерка со кратување на јавниот превоз. Демек луѓево ради реда се возат по автобуси и сега ќе скратиме за да прекинат да се возат, глупости. Не им е јасно дека мора да идеме на работа, не мислат ваљда на такси да ја фрлам цела дневница.
 
Јас денеска се откажав,не се тестирав зашто тоа ниеден нормален човек нема да го издржи,тоа што се случува во ИЈЗ.Во разговор со матичната одлучивме да се тестирам само доколку кренам температура и тоа во приватна клиника.Да ви ја опишам состојбата пред ИЈЗ во кратки црти.Има две врати по скали надоле,километарски колони.На едниот влез чекаат луѓе да претходно да платат само за тест заедно со пациенти бремени жени и жени со мали деца кои ги држат во раце.Жените со деца у раце ги пропуштаат останатите преку ред за да не паднат у несвест од изнемоштеност.Бремени жени што носат примероци на испитувања што немаат врска со Ковид,чекаат во иста просторија измешани со луѓе што имаат симптоми на Ковид а само за да ги остават мострите.Едно време се створи гужва,галама и тогаш излезе една плава пуцвалд која се обиде да ги смири така што им кажа дека не очекувале вакво нешто :facepalm: Овие што успеале да завршат работа и први се паркирале,не можеа да си отидат зашто со три реда возила беа блокирани.
Хаос,пичке,лудило
Автоматски споено мислење:

Полицајците што ги пратија со ќор фишеци уместо боева муниција на Тетовското Кале кога букна војната во 2001ва е гола вода у споредба со ова пред ИЈЗ денес што се дешаваше
Уште еден податок зошто короната е опасна во Македонија, чисто да знаат оние што мислат дека живееме во Швајцарија.

Денес дознав за трета жртва која ја познавам индиректно. Пред некој ден ми се јави другар со кој бев во контакт пред 2 недели, да ме извести дека неколку дена е позитивен. Ми рече дека закачил од член на семејството, два дена откако сме имале контакт. Денес починал постар член на неговото семејство, кој претпоставувам и го донел вирусот, затоа што претходно бил на некои прегледи во болница. Не сакав да се распрашувам. Патосирање за неколку денови, имал и коморбидитети.
 
Последно уредено:
Кој дилетанти се ова кенгуриве, ова е тоа супериорно здравство, што ни го фалат @kano @пунтер

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom