Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кој би рекол дека натпреварот со нас ќе им биде почеток на крајот. :D

Даниел Мусовски прифати да игра за Македонија (y) Да не испадне после како братот на Немања Матиќ, Урош, кој се сликаше со македонски дрес и толку, ни настап, ништо!! или пак да не биде како многу добриот под наводници Славковски..
 
Последно уредено:
Апсолутно 0 сличности меѓу Џони и Николче. Џони личи на сир Каи од цртаниот за кралот Артур, поточно мечот во каменот.
Ги немаш во живо видено. Долниот дел на вилицата му е карактеристика во фамилијата сите се ко оние спомениците од камено време.
 
Апсолутно 0 сличности меѓу Џони и Николче. Џони личи на сир Каи од цртаниот за кралот Артур, поточно мечот во каменот.
Еве го Џони

5746927-the%20sword%20in%20the%20stone%20la%20espada%20en%20la%20piedra%20merlin%20el%20encantador%20walt%20disney%201963%20villains%20disney%20sir%20kay%20key.jpg

2835718-58479388-2560-1440.jpg

roberto-duenas-db4e9d92-7b7a-42d8-a1ba-adb30086aa3-resize-750.jpeg
 
Ги немаш во живо видено. Долниот дел на вилицата му е карактеристика во фамилијата сите се ко оние спомениците од камено време.
Во ред е Деви Хорацио, не ми раскажувај за секој дел од телото на Џони посебно. Башка го имам запознаено во живо, за жал.
 
Даниел Мусовски прифати да игра за Македонија (y) Да не испадне после како братот на Немања Матиќ, Урош, кој се сликаше со македонски дрес и толку, ни настап, ништо!! или пак да не биде како многу добриот под наводници Славковски..
Не треба луѓе да се лажат со овој. Ова му е прва сезона во MLS, која реално не е квалитетна лига. Остајте тоа што некои имиња играле таму. Оној Карлос Вела од Сосиедат отиде таму, и се крестеа во него, ко божем некој фудбалски бог да бил. Овој Мусовски игра баш пошто Вела е повреден, и уште еден шпиц. Ќе видиме, ама јас лично сум голем скептик. А се согласувам и со личноста погоре дека на Адис Јаховиќ треба да му се даде шанса пред овој, зошто е подокажан, иако е на залез.
 
Не знам за играчов, ама млс за нашава е премиер лига. Во голем напредок се, јаките тимови сега таму ги префрлаат скаутите за таленти, Барселона следи три играчи од таму.
 
Не верувам дека некој се "лаже" со овој.

Освен рандом луѓе што коментираат на фејсбук, сигурно никој не очекува од овој да биде следниот Пандев

Дечко што сега започнал со добри партии, греел клупа во МЛС..,
Секако дека вреди да му дадеме шанса, сигурно МЛС не е ништо полоша од нашава лига :D
Секогаш е добро да се има мотивиран играч што е во форма на клупа, ако успее онда ете, одлично за нас..ако не..ништо не сме изгубилe :D
 
Не знам за играчов, ама млс за нашава е премиер лига. Во голем напредок се, јаките тимови сега таму ги префрлаат скаутите за таленти, Барселона следи три играчи од таму.
Ја следам лигава долго време. Нема никаков напредок. Остај ти тоа што медиуми пумпаат дека се дига квалитетот. Никој од најдобрите играчи во MLS не може да стартува во екипа од среден дел на табелата во некоја од појакиве лиги во Европа. Се исто е кај нив со години. Постари играчи што играле нешто фудбал во Европа доминираат таму или некој од Јужна Америка, Мексико. Нема квалитет таму, дури може и паднато е нешто нивото.

Нормално појака е нашата лига, ама општо збориме.
 
Ние имаме играчи од унгарска, кипарска, хрватска лига. Според мене МЛС е подобра од овие лиги. Е сега за играчов не сум баш убеден дека е доволно квалитетен и не сум баш возбуден и искрено се надевам дека ќе бидам позитивно изненаден.
А најсмешни ми се луѓево по социјалниве мрежи со коментари од типот "Кулушевски, се слушаме??" и слични коментари каде се прозива Кулушевски. Сигурно и Мусовски да беше доволно квалитетен да игра за репрезентацијата на САД немаше да ја одбере Македонија.
 
Во ред е Деви Хорацио, не ми раскажувај за секој дел од телото на Џони посебно. Башка го имам запознаено во живо, за жал.
Зато мн среќа те прати :pos:
 
Ја следам лигава долго време. Нема никаков напредок. Остај ти тоа што медиуми пумпаат дека се дига квалитетот. Никој од најдобрите играчи во MLS не може да стартува во екипа од среден дел на табелата во некоја од појакиве лиги во Европа. Се исто е кај нив со години. Постари играчи што играле нешто фудбал во Европа доминираат таму или некој од Јужна Америка, Мексико. Нема квалитет таму, дури може и паднато е нешто нивото.

Нормално појака е нашата лига, ама општо збориме.
Не знам, еве Баерн онај Дејвис чудовиштено од Ванкувер го зеле, можда редок случај е, ама ете се погоди
 
Не знам, еве Баерн онај Дејвис чудовиштено од Ванкувер го зеле, можда редок случај е, ама ете се погоди
Океј, ама тој е афрички талент. На 17 години го земаа. Тоа е ко пример, Интер го купи Пандев на 18 години кога играше за Беласица. Не е индикативно за квалитетот на нашата лига. Во MLS, сите познати имиња, кои више не ги биваше за врвни европски клубови, отидоа таму и станаа MVP на лигата. Тој српскиот унгарец Николиќ што цела кариера играше во Унгарија и Полска, беше прогласен за најдобар играч во MLS. Адеми да отиде да игра таму, ќе биде меѓу најдобрите играчи. Полна им е лигата со некои играчи од Јужна Америка што не би можеле да играат во никоја од појакиве Европски лиги. Едноставно и поред цела таа инфраструктура што ја имаат таму, немаат фудбалско знаење на младинско ниво да развиваат играчи. Бекам на 37 години беше прогласен за најдобар играч во MLS.

Може овој нашиов ќе покаже нешто. Сакам да кажам дека не треба да се залетуваат луѓе, зошто до лани овој има играно во USL, што е ко втората нивна лига. Пред тоа бил аматер. Сеа на 25 години, почнал да игра нешто во MLS, зошто другите 2 шпица во екипата се повредени. Поентата ми е да не очекува многу. Лигата не е многу јака, и поради сплет на околности се нашол овој во состав да добие некоја минутажа.
 
И после ќе кажете зошто играчите не сакаат да играат за нас :D

Го испохејтавте чоеков а уште нема ни настап за репрезентацијава...

Ок е, сфаќаме, не е Меси, играч на клупа што ќе седи е, не зезајте, стварно нема потреба за хејт
Ако го бива добро ако не го бива пак добро

Мислам, Македонија сме, не е ова Бразил па да кажеме имаме милион играчи зашто овој пред овој?

Тие се, една шака играчи, пола од нив просек, другите бетер од просек

Нема потреба за хејт, има поддршка од мене, башка таков андердог стори секој сака
Автоматски споено мислење:

Еве, МЛС лигата не е ништо посебно... ама подобра е од ОАЕ лигата
Ако утре испадне има шанса најдобриот играч во последното коло од Емиратската лига има шанса да игра за нас..со две раце би го потпишал

Beggars can't be choosers :D Баш помотивирани ќе бидат вакви фаци него ли некои ко Тричко што само за клуб играат а не и за репрезентација
 
Добро, на повеќето овде памтењето не им е баш добро или што? Што сте запнале за Јаховиќ? Тој направи такви непотребни раздори во репрезентацијата, понашања сељачки - не фала, па макар играл и во најјаките тимови од Премиер Лига. И уште пука и плука по селекторот.

А за дечково што го повикале од ЛА, супер (тоа кажува дека сепак на Кулушевски не му барале пари за да игра, како што некои дрндаат за такви работи, туку дека едноставно не сакал да играл за Македонија). Нека има здрава конкуренција и да не биде за другите на стара слава да доаѓаат да играат за репрезентација, а ништо да не покажуваат. Ќе видиме како ќе игра. За репрезентации како Грузија, Естонија и Ерменија, е топ!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom