Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Одувек најкомични ми биле ликови што сакаат женската да им биде часна сестра, повеќе од глужд да не покажува, со машки здраво да не прави и да ги гледа како Бог, додека тие се лигават по полуголи инстаграм модели и дркаат на рандом фотошопирани нудиња од ц левел селебритис.

Инцели и симпови е комплимент за вас.
 
Би се надврзал на погорниот пост за часните.

Во ред е да се загледаш во некое женско, во целата таа убавина. Ама не можам да сфатам понашање како жена да не си видел у живот. Не смее да излезе жена со гол стомак, кратка сукња или не дај боже танга на плажа. Одма некакви си свиркања, довикувања, кур се тресе у топла вода. Па демек она сама си го барала со нејзиното облекување. Значи ако некој се пали на жени што носат шамии треба на 90% од албанките по улица да им свирка, :tapp: оти сами си го "барале". Не бе не си го барала она, него вие сте сељачишта што не знаете да почитувате нечија приватност. Може девојчето се дотерала за дечко и. Но толку ви е паметот. Мислите дека сите дотерани се вашите ороспичиња (грдотии btw) што ви го пушат за една црта.
 
Кога бев помал, основно негде, поточно кога бев девојче, еден ден татко ми ја имаше подотворено вратата од рерната за да се изладел оризот кој го имаше зготвено мајка ми. Арно ама се заматкал нешто и ја заборавил така отворена и нормално големите свети суштества наречени муви влегле внатре и сместа умреле у сред ориз, пошо грешните копилиња се створени да бидат штеници, осеќаат мирис на храна и гомна, ама затоа 200 степени не осеќаат. Не бе не, никад нема да разберам која е целта на постоењето на мувата и комарецот, апсолутно 0 допринос за живиот свет и околината, чисто за болести и штети се создадени. Нормално од тогаш до ден денес кога и да имам ориз за јадење прво детален преглед добива тавата па после јадам. И денес имав ориз. Прегледав детално. Јадев. Пардон, се упропастив од јадење.

Мора да признаам интересна приказна раскажав од мојот тажен живот, еквивалентна на смислата на постоењето на мувата.
 
Има ли нешто подолно од тоа да се радуваш и ситиш на нечија смрт? И тоа не на некој злогласен убиец или тиранин, ниту на некој што лично тебе или на твој близок им направил нешто ужасно... Туку на млад човек кого никогаш не си го запознал лично и многу веројатно не си ни чул за него до неговата смрт. И тоа само затоа што имал друга политичка определба од твојата!?

Да пишам дека ова не е човечки е малку. Не заслужуваат овие суштества да се нарекуваат луѓе. Подолни се од амеба...
 
Поздрав до сите на форумот со кои сум имал била каква комуникација а и до оние со кои сме биле во лоши односи, оди акаунтот во корпа, можеби се читаме во некои други времиња, се надевам подобри.
 
Големиот Стек, зналецот на кирилицата, на македонскиот јазик и општо на све во светот пред некое време на чет му замери на еден другар што пиша скалпеЛ место скалпеР... истиот тој Стек ене го погоре пишал реРна место реЛна.

Мрш бе.

После ова најверојатно ќе бидам понижен со некој брутален детал од мојот ионака неинтересен живот и постоење. Ама затоа сме тука.

Здраво, ме немаше една недела, не дека некој приметил и го заболело гајле за истото. Бев на таканаречен одмор од работа, на едно место каде 4 дена по ред се труев со алкохол.. со сопствената мизерија сум отруен веќе неколку години, го лупнав телефонот од плафон, скршив телевизор и наврнав.

И сеа не праам ништо, само се прашувам cemu sve ovo sinovac? But why? Pero porque? zs?

:pov:
 
Драга,
Биди мирна една недела, нема кој да те бранува, @Anon ќе мирува една недела! :свиркам: :свиркам: :свиркам:
 
Поздрав до сите на форумот со кои сум имал била каква комуникација а и до оние со кои сме биле во лоши односи, денеска е петок, можеби се читаме во некои други времиња, се надевам подобри. Еве ви една песна од Тошета.

 
Драга,

Бев четврта година средно, прва смена од 07 ипол кога се рашири ужасната вест.
Шок и неверување...Одеднаш светот стана сив.
Кога завршија часовите и дојдов дома, го вклучив телевизорт.На МРТВ пишуваше Ин мемориам додека течеа слики од Тоше.Во школо тој ден само слушав за настанот, сега со свои очи видов дека е вистина.Една сурова вистина, за секој што знаеше за него...
Почивај во мир Божји сину!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom