Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Од западно европски вредности имаме само (корпоративен) Стокхолмски синдром...

Сеуште undefeated, бр.1 светски рекордери сме у најбрзо чмаросување и лижење гз кон странци надредени. Какво репетитивно влагање во ректуми, излегување од уста и повторно упатување кон чмарот. Страшно.
 
Кајгано низ годините си ми станала место каде што увек сум наоѓал по некоја занимација, освен еднаш за Нова Година....изгледа едини ден у годината кога си бедна. Кој курац ме натера 3 кафиња у рок од 4 саати да џокнам...среќа ти си тука, јеботе.
 
Најлошо е кога го гледаш сопствениот родител како се повредува пред твои очи и тебе те обвинува за тоа. Како да помогнам, еве не знам.

Веќе се помирив дека цел живот ќе бидам дежурен виновник. И прифаќам и да бидам крива и да бидам лоша, и причина за секоја грешка, причина за секој голтнат диазепам, за секој лош викенд, за секој лош исход...само не сакам веќе да го гледам таков. Не сакам да ја гледам таквата верзија од него. А уште повеќе ме плаши помислата дека токму тој ген го имам и јас наследено и дека и јас така ќе вивнувам пред своите деца.

И се каам понекогаш за некој изговорен збор. Не сум санта мраз, некогаш не можам да ги исконтролирам своите чувства. И онака многу нешта ми се изнатрупаа под тепих. Акумулираш, акукумулираш и во еден момент прснуваш. И толку.

Боже дај ми трпение.
 
Tој се јаде некако :D
Овој е ептен математички решен
Phineas_Flynn.png
 
К, ниту еден снимен филм, серија или анимиран филм не е толку добар како пишаниот збор. Не е важен жанрот, научна фантастика, хорор, мистерија, натприродно, порнографија. Кога ќе ја земеш книгата в раце е многу подруго чувството.
 
Кајг,

ај да се потсетам на градови во МКД според географска ширина - „нај“!

... најсеверен град е Крива Паланка, па потоа доаѓа Куманово, Кратово, па Скопје и Тетово,

... најјужен град е Битола, па Ресен, па Охрид, а на четврто место Гевгелија,

...најзападен град е Дебар, па Струга, па Охрид како трет најзападен град во Македонија.

... најисточен град е Пехчево, па Берово, па Делчево и Струмица на четврто место како најисточен град во Македонија

3otq4uxr68q41.jpg

...линијското растојание од Пехчево како најисточен до Дебар како најзападен град е 199 km, додека од Крива Паланка како најсеверен, до Битола како најјужен град е 155 km,
 
Последно уредено:
Станувам свесен дека апла прокрастинирам во работење кога ќе ја отворам темата Официјални трансфери и позајмици, и ќе читам како некојси играч од тим од пичковец преминал во некој друг тим од друг пичковец и пробувам да ја проследам информацијата се до крајните фолдери од мозоков. Шо све ќе напрам за да не сработам, какво дно од чоек сум понекогаш.
 
Ми фали времето 2007-2010, главен hustler бев во маало. Праев змејови(чочки) од најлон и трски и ги продавав за 50 ден, најјак бев во кантер на cs_assault како и на макс серверите за зомбиња и снајпери, имав премногу yu gi oh карти плус егзодија :), се чарев за жетонине шо излегоја патос или како и да беа, го собрав албумон од европско и плус 32-ката кристиано роналдо, сакав и пехарот да го копирам за компјутер главна награда али ми фуфкаше, си добив само дрес од валдес, на морт дено збирав преку 40 скокалиња(џамлии) и црнки, и плус секој ден играв фудбал јас и голман против 5-6 12 годишњаци...Мислам дека тогаш го достигнав пикот во животот, да му се сневиди.
 


Седев на тревникот допирајќи го со моите испотени дланки, и тоа ми се чинеше најубавата работа во животот која сум ја правел, тотално фасциниран од новата текстура и мазност на тревата, летно јулско ветре буквално ми го галеше лицето и нешто ми шепотеше, пред мене нов почеток а позади мене тотален хаос, но јас бев најсреќната верзија во тој момент на најсреќниот човек на светот. Се разбиравме со погледи и насмевки, ми понуди дим да се смириме малку од многу среќа и серотонин. На ноќното небо брмчеше некој авион кој не можев да го најдам, а во позадина се слушаше Alphaville.

Некои работи се чувствуваат само еднаш во животот.
 
Кој тежок ден. После продолжен викенд, назад во канцеларија.....секогаш е тешко.
Прекрасно поминат викенд во Охрид, релаксирано, опуштено. Вчера стигнав касно во ноќта во Скопје, сакав да го искористам денот до крај. На враќање возев релација Охрид-Ресен-Битола-Скопје, подобар е патот за разлика од преку Кичево. Одлучив подобро ќе извозам 240км него ли во ноќта по никаков пат.
Си легнав накај 1 после полноќ, па се вртев во кревет уште еден саат и станав во 6. Дополнително денеска времето изреметено, сонце, облак, ветер....ми ја ступани уште толку главата. И како капак, на враќање од работа цел град блокиран, возев скоро еден ипол саат од Карпош до Аеродром. Тампон во центар. После кај Скопјанка еден фраер....шоферче нечиво, со Мајбах ми улетува во лента, му свирнав да не влезе во мене.....сељачина гадна уште два пати ми сецна со волан, демек ми можеш нешто.....ропак. Сите тие такви ликови би ги депортирал трајно од државава.
Така ми дојде преку глава од денов, не сум способен повеќе за ништо. Вести не читам, не гледам....ќе се изнервирам дополнително. Сега еден туш, вечера и денес рано во кревет. Утре нов ден.
 
Какво легендарно видео човече, уште го имам во хард диск. Само да ги потсетам постарите членови на едно друго, подобро време на форумот.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom