Инаку, screenshot не е никаков доказ за апсолутно ништо, не треба да си „хакер“ или јак фотошопер за да измонтираш какви сакаш слики од социјални интеракции. Така, во принцип не одобрувам вакви јавни излегувања, ако има основа за некаква тужба за вознемирување, обрати се до институции. Од каде да знам дека личноста што го објавува ова нема малициозни намери? Сум имал искуство каде што личности со кои сум имал минимален контакт во животот имале измислувано работи за мене на 3то лице за да пробаат да ми расипат врска, за на крај самите да си го признаат тоа, бидејќи се зафркавале...?!
Со две слики (и монтирани да се) испаѓа дека денеска можеш да уништиш нечија врска, брак, кариера, углед, па и да повикаш на линч директно или индиректно и да му го загрозиш физички животот некому ако си толку пакосен. Можеби треба да е прагот нешто поинаков кон личности со позиција на моќ, во зависност од видот и сериозноста на обвинувањето и доказите, но тоа е друг муабет.
Ете сега и за неа излегоа какви не слики, многу можно и монтирани да се, а и да не се, ѝ се врати ко бумеранг ова.