Надал 6.5 хенд 1.60 Моцарт
Искрено мислам ќе е шамарање и 3-0 за Рафа али одам со хендикеп у случај да се деси да клизне еден сет овде. Хендикеп е поисплатлива опција ради слабиот сервис на Шварцман така да може да очекуваме доста брејкови и можда убедливи сетови. Шварцман игра баш добро од УСО навака, финале во Рим играше и баш го испегла Рафа во два сета али сега друга е приказната. Нека не ве залажува таа победа, Рафа на РГ вс другите турнири е небо-земја. Секогаш, значи секогаш во завршницата на РГ игра како ментален, плус да не заборавиме дека Шварцман доаѓа после маратонска победа против Тием од 5 саати и 10 минути и иако имаше 3 дена за одмор сепак и физички и психички е истрошен, гарант.
За другиот меч не знам, до дуелот со Буста Новак играше многу добро, страшно, али со Буста покажа доста осцилации, плус влече и повреда на вратот и лактот. Заебан мечап е Циципас за него општо земено така да очекувам борба овде. Ќе го пробам на ситно Циципас победа чисто да не ми е криво.