Шенгелиа не упропасти вчера, 3/11 од коишто имаше доста зицери и немаше среќа, башка промаши 3 тројки сам како дух.. Нандо 20, очекувано.
За денес одам со:
Петерс 10.5+
Убедливо најдобар играч поентерски кај Басконија до сега сезонава, на сите утакмици освен на првата во домашно првенство не ја помина границава. Минатото коло им даде 18п на Реал во Евролига. Добар шутер за 3, има високи проценти сезонава, се надевам така и вечер ќе биде. Ѕвезда е доста дефанзивна екипа посебно со Обрадович, ама немаат важни играчи на позиции 4-5, очекувам дека таму најлошо ќе бранат.
Волден 9.5+
претходното коло кај Фенер застана на 9поени, со 3/8 шут. Во понеделникот на ревијалната утакмица во Аба со Цибона имаше 19 поени за 18 минути и победија 50 разлика, без замарање и одморени се сите играчи. Хол, другиот плеј, заработи мала повреда на зглобот и не го доврши мечот, не знам колку е спремен за денес и не можам да најдам во injury report кој е статусот, ама без разлика дали игра, ова е добар овер според мене. Басконија не игра некоја гранитна одбрана, можеби повеќе фокус ќе имаат на Лојд, ако погоди една тројка барем ова е лесен прелаз.
Дополнително, Жалгирис доста падна квотата ама е реална двојка, пола тим не игра кај Химки заради корона.