Најдобар југословенски бенд на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Jax Rebel
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар бенд

  • Бијело Дугме

  • Рибја Чорба

  • Прљаво Казалиште

  • Хладно Пиво

  • Лет 3

  • Црвена Јабука

  • ЈУ група

  • Азра

  • ЕКВ

  • Забрањено Пушење

  • Идоли

  • Хаустор

  • Галија

  • Бајага и Инстурктори

  • Индекси

  • Дивје Јагоде

  • Леб и Сол

  • Парни Валјак

  • Кербер

  • Плави Оркестар

  • Филм

  • Ван Гог

  • Time

  • Друго


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Не ве неривраат Чорба и Дугме, туку ве нервираат луѓето турбофолкери кои ја слушаат мзуиката и на Чорба и на Дугме заедно со нивната турбофолк музика и ја мешаат во плејлисти со други песни, па така во пакет кај нив одат песни од Цеца, заедно со Не зови мама, Кад сам био млад или Ми плешемо. Толку ви се одбивни од тие комерцијални песни (кои не се сите толку лоши, иако дел се) што немате више слух за овие бендови за песни како Ramnodusan prema placu.

Гласав за Индекси, сите песни слушнати од нив ми имаат душа, пукаат од емоции, не може да здосадат никогаш, само некогаш може да не се чувствувам толку вредно да заслужам да слушам песна од Индекси во тој момент.

Вреди да се напоменат и Други Начин, Атомско Склониште, Про Арте, Октобар 1864, Сунцокрет. Иначе од гореспоменатите најголем респект имам за Ју Група, мајстори свог заната, 50 години на сцена, енергија до плафон. На Штип на настап се деси една огромна непочит за нив, на Силви Бенд беа 5000 луѓе собрани, дојдоа на ред Ју Група 30 души останаа, сите се разбегаа, ама луѓево си рокаа до крај без да падне енергија и моралот и си ги ценеа тие 30 што дошле за добрата музика.
 
Леб и Сол надвор од конкуренција али гласав за Прљаво Казалиште.
 
Тоа што не сте го стаеле Шарло Акробата е стварно брука :)

Дисциплина Кичме ги нема

Електрични Оргазам ги нема

Психомодо Поп ги нема

Хаустор ги нема

Обојени Програм ги нема

Атомско Склониште..

Све све али тоа што не сте ги стаиле Мадригали нема да ви простам:
За казна има да ги изледате и двете песни и да ги научите на памет... ќе ве испитвам:
 
Последно уредено:
Стварно се мислев за кого да гласам... Најпопуларен бенд се знае дека се Бијело Дугме, па по нив Чорба и Азра. Дугме ги слушам буквално од раѓање пошто татко ми е огромен фан и сакал - нејќел од дете им ги знам повеќето песни напамет. Ама не би ги гласал како најдобар бенд. Да беше само периодот со Бебек можеби, вака сепак не. Го ценам многу и Тифа ама на тој албум веќе почнува да опаѓа квалитетот на песните. Периодот со Ален веќе за мене не тоа истото Дугме од почетоците.

Чорба секогаш ќе ги сметам за еден од најголемите бендови, ама најмногу поради песни кои не се толку познати и исфорсирани (гледам и @FilipMKD007 коментирал за тоа). Има песни на Чорба од кои се ежам а ги знаат само вистинските познавачи на бендот. Инаку ми се обрќаат цревата од некои од „комерцијалните“ песни што ги слушаат и тешки турбофолкери.

Овие бендови, како и други како Прљаво Казалиште, Дивље Јагоде, Индекси, Парни Ваљак итн. ми беа стварно музичка лектира на крај на основно и почеток на средно. Песните ги имам преслушано стотици пати. После веќе како одминуваа годините се заинтересирав за бендови со посложени текстови како Азра, Хаустор и Идоли. Штулиќ и Рундек ги сметам за најголеми songwriters на овие простори. Само што еве Рундек голем дел од неговите најдобри песни ги има напишано после Хаустор. Немаат за мене толкав опус за да гласам за нив. Така да како најлогично ми остануваше да гласам за Азра ама се премислив пак и на крај гласав за...

Забрањено Пушење. Пред се затоа што мислам дека се најпотценетиот екс ју бенд. И најуникатниот. Најголемите storytellers на Балканот. Секоја нивна песна е филм во мало. Бенд чии текстови често пати не се слични на ниеден друг бенд. Пеење за маалски и улични теми, со еден препознатлив стил и смисла за хумор. А после автори на најемотивните поствоени песни во БиХ. Неле Карајлиќ е еден од најдобрите фронтмени во Југославија (не по вокалот, туку како појава). Сепак за мене најзаслужен за нивната музика секогаш ќе биде Сејо Сексон, автор на повеќето текстови и фронтмен на денешната постава, кој често пати неправедно е во сенка на Неле кога се зборува за бендот.

 
Дел од плагијатите

Usne Vrele Visnje


Kad sam bio mlad


Чорба и текстот го покрал

* грешка сега гледам пишана им е ко обработка на Чорба
 
Последно уредено од модератор:
Боро Чорба имаше изјава на прашање 10 најдобри Рок бендови на екс-ју и изјави Бело Дугме Азра и 8 празни места.
 
Проблемот со ваквите листи и предлози е тоа што се случува на иста листа како предлози за гласање да бидат ставени Екатерина Велика од една страна, и Плави Оркестар и Црвена Јабука од друга страна. Тоа дава илузија дека ЕКВ има нешто заедничко со другите два "бенда" па изборот станува прашање на вкус.

А вистината е дека се ставени музика и немузика во иста група, па сега треба да се гласа за две различни работи.
 
Електрични Оргазам ги нема


За бејбе ти ниси ту има повеќе верзии на песнава. Од rolling stones се актуелизираше и како soundtrack на Once Upon A Time in Hollywood.


 
Последно уредено:
Тоа што не сте го стаеле Шарло Акробата е стварно брука :)

Дисциплина Кичме ги нема

Електрични Оргазам ги нема

Психомодо Поп ги нема

Хаустор ги нема

Обојени Програм ги нема

Атомско Склониште..

Све све али тоа што не сте ги стаиле Мадригали нема да ви простам:
За казна има да ги изледате и двете песни и да ги научите на памет... ќе ве испитвам:

Хаустор ги има.

Електрични Оргазам ги заборавив јеби га.

Шарло Акробата секако имаат статус на култ со Пакет Аранжман проектот, ама не мислам дека може да влезат во избор на ГОАТ. Затоа ете ги Идоли и ЕКВ, Дисциплиниа Кичме ја заборавив исто, нека опрости Коља.
Автоматски споено мислење:

Проблемот со ваквите листи и предлози е тоа што се случува на иста листа како предлози за гласање да бидат ставени Екатерина Велика од една страна, и Плави Оркестар и Црвена Јабука од друга страна. Тоа дава илузија дека ЕКВ има нешто заедничко со другите два "бенда" па изборот станува прашање на вкус.

А вистината е дека се ставени музика и немузика во иста група, па сега треба да се гласа за две различни работи.

Зошто да не оставиш глас и не придонесеш креативно на дискусијата, зошто мораш на секоја тема маана да бараш. ГОАТ се бира, исто ко Енди Мареј што до лани се ставаше во листа со светото тројство, исто како што сега да се бара ГОАТ фудбалер покрај Роналдо и Меси во избор ќе ги има и Пирло и Де Брујне и други.

Не мораш да гласаш за Плави Оркестар, факт е дека постоеле на Ју-рок сцената со голем број обожаватели, факт е дека и денеска нивните песни се популарни и ко такви заслужуваат место. Не мора да имааат инспирирано некого да направи бенд за да бидат влијателни.
 
Ќе оставам еден коментар од јутуб
"da su bili angliskog govorno podrajca bili bi rame rame s floydom i zepelinom"

Стварно незнам со кого би споредил и кој би ги ставил близу до квалитетот на генијалциве, прави авангардни уметници кој биле многу пред своето време.
:shook:
 
Забрањено Пушење. Пред се затоа што мислам дека се најпотценетиот екс ју бенд. И најуникатниот. Најголемите storytellers на Балканот. Секоја нивна песна е филм во мало. Бенд чии текстови често пати не се слични на ниеден друг бенд. Пеење за маалски и улични теми, со еден препознатлив стил и смисла за хумор. А после автори на најемотивните поствоени песни во БиХ. Неле Карајлиќ е еден од најдобрите фронтмени во Југославија (не по вокалот, туку како појава). Сепак за мене најзаслужен за нивната музика секогаш ќе биде Сејо Сексон, автор на повеќето текстови и фронтмен на денешната постава, кој често пати неправедно е во сенка на Неле кога се зборува за бендот.

Полн погодок, браво. Најпотцениот бенд бидејќи само образован/искусен човек може стварно да ги разбере нивните песни, затоа синовите на Гузо не ги сакаат :D

Пушење е рокенрол фолклор, баш добро го опиша, сторителерс, лириката е повеќе слојна и некогаш со двојно или тројно значение.
 
Јас сум ја видел темава мнооогу одамна :anco:
 
Хаустор ги има.

Електрични Оргазам ги заборавив јеби га.

Шарло Акробата секако имаат статус на култ со Пакет Аранжман проектот, ама не мислам дека може да влезат во избор на ГОАТ. Затоа ете ги Идоли и ЕКВ, Дисциплиниа Кичме ја заборавив исто, нека опрости Коља.
Нема врска, се дешава. Убаво е да се спомнат и ете можеби некој што не ги ни знае овие групи да слушне добра музика.
 
:facepalm:
Некој глич на анкетата, кликнав на Забрањено пушење а сега стои дека сум кликнал на Индекси.

Сарајевско пушење, бенд кој има десетици квалитетни песни, музички симбол на бившата држава, сарајевскиот микрокосмос проектиран врз цела Југа, не знам за друг бенд кој би се приближил кон Жваљо, Сејо и друштво. :) Пост-распадот се оформиле загребачко и београдско пушење, двете фракции имаат одлични песни.

Од пост-Ју периодот 1991-2020 Хладно пиво без конкуренција.
Автоматски споено мислење:

Jaс никогаш не ги капирав Чорба и Дугме. Ми иделе ко некој турбофолк рок, отсекогаш ми биле одбивни, особено Бора, кој ми личи на еден пес (сега покојни од маалово) додуша песов беше тро посимпатичен и ги е*аваше локалниве кучки.

Како тоа турбофолк? Бора Џорџевиќ пред да се зарази со четништво и да се оддаде на алкохолот беше лидер на одличен бенд, не може да се спори нешто како Погледај дом свој анџеле, тоа што денес Бора е срозан и одвратен четник не треба да ги негира постигнувањата на Чорба од крај на 70-ти до крај на 80-ти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom