Поклон за свадба?

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149
Најубаво би било младоженците да си одлучуваат кој ќе го поканат, а кој не а не родителите...Зошто да идаат некои роднини што не ги знаеш како на пример први брачеди од родителите, втори брачеди што исто така не ги знаеш, колегите од работа од таткото, комшиите што си имаш само едно здраво, како си шо прајш, а воопшто дома не се посетуваат, од зетот од сестрата неговиот зет и сестра, или од шурата твој шурата негов... 50-60 души мислам дека се доста.

А најголема глупост дента на свадбата е пукањето со пиштолите...Па недај боже некој ќе настрада од заскитан куршум... Да се кабиљ и со тешка артилерија ќе пукаат...

За болдираното.
Има многу глупости од обичаи при свадбите.
За мене најглупо е онаа ситуација, кога младоженецот оди по невестата во нејзиниот дом, и кога застануваат пред влезот на куќата на невестата одредени личности и бараат да им се даваат пари за да го пуштат младоженецот да влезе во куќа на невестата.

Еј, се бараат пари?
И после се чудиме зошто ни е такво општеството и менталитетот и зошто имаме корупција, кога нема да има свадба ако нема давање поткуп за да човек си влезе во куќата по невестата.

После ако човек влезе во куќа по невестата, мора да земе да јаде пилешко месо од рацете на невестата,
еј ова го заборавив, во некои региони треба младоженецот да пука од пушка и да погодува закачено јаболко на бандерата пред куќата на невестата.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Ах, прашањето за свадба. Јас не правев, нити ми е во план. Али уште добивам прашања зашто не и дали ќе има. Прво од култура викав, ќе видиме, сега ми скурчи да ме препрашуваат и да им се правдам на луѓето за мои лични одлуки и отсечно викам дека нејќам и дека дефинитивно не ми е во план. Баба ми од друга страна, ја гледам дека уште им вика после короната. :pos:

Порано не ми сметаа свадби, али сфатив дека нејќам да се гњавам за моја кога поминав на неколку од свадбите на мои први братучеди, сите се повозрасни. Ме стануваа од спиење во факинг 5 саат на ден на свадба да сум местела машни по коли, по врати, по поклони ... Па после одење по невеста, па дремење таму, па носење кај зет, па оро низ комшии, па пак мора да се преслечиш и исчешлаш, нов аутфит, па матично, па факинг црква или манастир на саат време возење надвор од град, па дури да дојде прием во 7 саат навечер ти си утепан скроз. И тука сфатив дека ги мразам традиционалните глупости околу свадби, така што, одамна ми беше тоа решено. Моите се помирија со овој муабет уште пред 7-8 години, кога дојде ред, никој не ме замараше за тоа.

Што се однесува за поклон за свадба, јас конкретно носам секаде пари. И тоа според тоа колку сметам дека треба. Јас секако не правев, па нема што да правиме математики ко што прават, кој колку ми дал, јас толку, туку колку ви е блиска особата и драга, толку дадете. Ако не ви е блиска, не мора ни да одите.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
За болдираното.
Има многу глупости од обичаи при свадбите.
За мене најглупо е онаа ситуација, кога младоженецот оди по невестата во нејзиниот дом, и кога застануваат пред влезот на куќата на невестата одредени личности и бараат да им се даваат пари за да го пуштат младоженецот да влезе во куќа на невестата.

Еј, се бараат пари?
И после се чудиме зошто ни е такво општеството и менталитетот и зошто имаме корупција, кога нема да има свадба ако нема давање поткуп за да човек си влезе во куќата по невестата.

После ако човек влезе во куќа по невестата, мора да земе да јаде пилешко месо од рацете на невестата,
еј ова го заборавив, во некои региони треба младоженецот да пука од пушка и да погодува закачено јаболко на бандерата пред куќата на невестата.
Eхе уште колку адети има, неколку дена пред веридбата зетот на шурата да му купи кондури, друго одење на гроб да ги извести покојните дека ќе се ожени/омажи, а и што потреба три пати да се прават тие работи: Прво давањето зборот, после веридба, и третиот пат свадбата, пак в година на 22 март младенци...Директно само свадбата и толку зошто да се прават еден куп трошоци... Потакај имаш 5, 10, 15, 20 годишнина од брак...

Во Битола адетот е одма после свадбата гостите дома да дојдат во куќата кај зетот...Ами после свадбата секој нека си замини дома...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Јас знам 2 случки, каде колега на колега му дал 500 денари у плико. Истиот колега кај двајца други колеги што правеа свадби во рок од 1 година. Па маме му ебам пирошката, ордеверот и 2 пива не коштаат толку. Кај е главното јадење односно нели целата порција, кај е нешто за него.
Мене па ова не ми е јасно, славиш нешто или организираш евент со влезница :icon_lol: ?
Ја ако организирам прослава,свадба,роденден што и да е, се подразбира дека јас сум тој што ќе се потроши зашто ја сум тој што решил да слави. Мислам сиромаштијата го утепа концептот на ваквите прослави. За мене тежок апсурд е да не ми дојде гостин зашто немал пари да си ја плати порцијата, а знам еден куп вакви случаи во поседно време. Би ми било мило да ми донесе нешто нормално, ама безразлика што и да сум славел најбитно ми било гостите да дојдат и да си поминеме убаво. Тотално измешани приоритети кај луѓево.

Ја у принцип секаде сум носел пари у плико и цвеќе, зашто мене највеќе ми одговарало таков поклон. Не е работа на славеникот да ми кажува каков поклон треба да донесам, ако ми нагласат такво нешто најверојатно нема ни да отидам.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.601
Околу поклоните секогаш сум гледала порцијата да е покриена, сеа во зависност од блискоста зависи колку плус ќе ставам. Едино шо мене ми е глупо е тоа форсирање пример ако не одиш на свадба пак да даваш поклон ( ок, ако ми е близок нема проблем ). Ова ми се случуваше на едно работно место, мислам знам дека по дифолт поканета беше цела канцеларија пошо како така ќе ги викнеш само тие 5 колеги со кои се дружиш, шо ќе речат другите?? Мене ми беше глупаво да одам на свадба кај колешка шо сум врзала 2 муабети, не знам ни зетот како се вика, ама останативе колеги одма прават план и те планираат и тебе за парите.

На запад овој проблем е најубаво решен, младоженците си отвараат регистар на поклони, си бираат што им треба, на поканата ти викаат оди во таа продавница кодот е тој и тој и ќе ја видиш листата со поклони кои ние ги избравме. Пред една година бев на свадба кај што во регистарот беа ставени и активности за медениот месец, ако некој сакаше пример имаше опција да им купи масажа во хотелот кај шо ќе бидат сместени. И никој не мрчи зошо на поканата е нагласено дека ете тоа и тоа ни треба, некако по дифолт се знае дека кога одиш на прослава, каква и да е, се носи поклон.

Од друга страна, околу самата свадба, мене па обичаите ми се многу интересни. И пак мислам дека само кај нас се мрчи, КАКО ТАКА ЗЕТОТ ЈА КУПУВА НЕВЕСТАТА??? Секоја земја си има свои традиции поврзани со свадбите и никој не мрчи толку многу како нас. На крај на денот тоа се традиции, нема врска дали сме живееле заедно пред тоа, па сеа како така ќе дојде да те земе од кај мајка ти и татко ти? Во Индија во некои региони се става невестата на вага и зетот треба да даде толку злато колку што е тешка, и обично свадбите им траат по 3 дена. Во Кина исто така невестата се зема од дома, а на прославата ви го земаат пликото, бројат колку пари сте донеле и ве запишуваат во книга :D. Во Германија гостите го кршат приборот и младоженците го чистат. Во Шведска невестата носи монети во чевлите. И сите гости ги сметаат овие традиции за интересни, кај нас сто пати пред свадбата ќе те прашаат, абе а не мислиш дека е глупо да ја земаш од дома и? Оставете ги луѓето да си ја тераат свадбата како сакаат, ако вие не сакате така во ред, ама доволно е да покажете почит кон тој што слави, еден ден е, нема да ви се срони бисерот.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.556
Поени од реакции
22.247
За болдираното.
Има многу глупости од обичаи при свадбите.
За мене најглупо е онаа ситуација, кога младоженецот оди по невестата во нејзиниот дом, и кога застануваат пред влезот на куќата на невестата одредени личности и бараат да им се даваат пари за да го пуштат младоженецот да влезе во куќа на невестата.

Еј, се бараат пари?
И после се чудиме зошто ни е такво општеството и менталитетот и зошто имаме корупција, кога нема да има свадба ако нема давање поткуп за да човек си влезе во куќата по невестата.

После ако човек влезе во куќа по невестата, мора да земе да јаде пилешко месо од рацете на невестата,
еј ова го заборавив, во некои региони треба младоженецот да пука од пушка и да погодува закачено јаболко на бандерата пред куќата на невестата.
Adeti sekade ima, razni i od selo do selo se razlikuvaat bukvalno. Uboto e, deka na svoja svadba mozes sam da biras koi ke gi pravis i koi ne ;)
Автоматски споено мислење:

Eхе уште колку адети има, неколку дена пред веридбата зетот на шурата да му купи кондури, друго одење на гроб да ги извести покојните дека ќе се ожени/омажи, а и што потреба три пати да се прават тие работи: Прво давањето зборот, после веридба, и третиот пат свадбата, пак в година на 22 март младенци...Директно само свадбата и толку зошто да се прават еден куп трошоци... Потакај имаш 5, 10, 15, 20 годишнина од брак...

Во Битола адетот е одма после свадбата гостите дома да дојдат во куќата кај зетот...Ами после свадбата секој нека си замини дома...
Davanje zbor i veridba (ne e toa edno isto?) i za mene e glupost na primer. Ama ubav svadben den od sabajle do vecer sose nekoj adet mi e bas fino. A i toa deka najtesna familija idat kaj zetot (i vo Kicevo go ima) e ok - ne za da "vidat kade ke sedi nestata" tuku opsto za da se ima kontakt i so familijata. Neli licen izbor na mladozencite dali ke pravat ili ne.

Ova so Mladencive od sekogas mi bilo cudno, da ne se pravelo svadba tuku Svadba-Mladenci (koja i onaka 90% e ista). Zosto? A i mislam od verski aspekt toj den ne e za mladozencite tuku za velikomacenici sto i nema bas nekoja povrzanost so stapuvanje vo brak. Neka me popravi nekoj poupaten slobodno.
Автоматски споено мислење:

Околу поклоните секогаш сум гледала порцијата да е покриена, сеа во зависност од блискоста зависи колку плус ќе ставам. Едино шо мене ми е глупо е тоа форсирање пример ако не одиш на свадба пак да даваш поклон ( ок, ако ми е близок нема проблем ). Ова ми се случуваше на едно работно место, мислам знам дека по дифолт поканета беше цела канцеларија пошо како така ќе ги викнеш само тие 5 колеги со кои се дружиш, шо ќе речат другите?? Мене ми беше глупаво да одам на свадба кај колешка шо сум врзала 2 муабети, не знам ни зетот како се вика, ама останативе колеги одма прават план и те планираат и тебе за парите.

На запад овој проблем е најубаво решен, младоженците си отвараат регистар на поклони, си бираат што им треба, на поканата ти викаат оди во таа продавница кодот е тој и тој и ќе ја видиш листата со поклони кои ние ги избравме. Пред една година бев на свадба кај што во регистарот беа ставени и активности за медениот месец, ако некој сакаше пример имаше опција да им купи масажа во хотелот кај шо ќе бидат сместени. И никој не мрчи зошо на поканата е нагласено дека ете тоа и тоа ни треба, некако по дифолт се знае дека кога одиш на прослава, каква и да е, се носи поклон.

Од друга страна, околу самата свадба, мене па обичаите ми се многу интересни. И пак мислам дека само кај нас се мрчи, КАКО ТАКА ЗЕТОТ ЈА КУПУВА НЕВЕСТАТА??? Секоја земја си има свои традиции поврзани со свадбите и никој не мрчи толку многу како нас. На крај на денот тоа се традиции, нема врска дали сме живееле заедно пред тоа, па сеа како така ќе дојде да те земе од кај мајка ти и татко ти? Во Индија во некои региони се става невестата на вага и зетот треба да даде толку злато колку што е тешка, и обично свадбите им траат по 3 дена. Во Кина исто така невестата се зема од дома, а на прославата ви го земаат пликото, бројат колку пари сте донеле и ве запишуваат во книга :D. Во Германија гостите го кршат приборот и младоженците го чистат. Во Шведска невестата носи монети во чевлите. И сите гости ги сметаат овие традиции за интересни, кај нас сто пати пред свадбата ќе те прашаат, абе а не мислиш дека е глупо да ја земаш од дома и? Оставете ги луѓето да си ја тераат свадбата како сакаат, ако вие не сакате така во ред, ама доволно е да покажете почит кон тој што слави, еден ден е, нема да ви се срони бисерот.
Te poddrzuvam so toa za kogo treba da se pokani. Treba predvreme da si razmislis za toa. Primer: Kanis bliski rodnini, dobri prijateli i lugje sto tebe te pokanile. Ima smisla. Ili kanis familija do vtoro ili treto koleno. Isto ok, malce pogolema proslava. Ama: Da kanis celo selo, site komsii od cela ulica ili zgrada (komsijata e poblizok od brat ili kako odese taa glupost?), cela firma, maticniot lekar sose sestri, site daskali od sredno, itn itn. mislam lugjevo cesto totalno utinuvaat okolu toa koj trebe da se pokani i koj ne. Vo Germanija svadba so nad 70-80 lugje vazi vekje za golema. Pa i posle ako ne kanis nekogo muabeti trebalo da go kanit ili nemal za uste edna porcija blabla. Totalno promaseno sfakjanje okolu toa koj treba da se kani na takov golem den za mladozencite.

A okolu poklonite. Za zal moram da recam "na zapad" ova so "wish list" znaci so toj registar sto go opisuvas, se povekje se siri mislam od Amerika poteknuva. Go razbiram principot AMA ja kako toj sto slavi i kani ne sakam da nareduvam koj sto i dali treba nesto da mi donese. Svadbata so toa (kako i so pari vo plik) dobiva komercijalen karakter i ednostavno mene licno mi preci. Oti svadba ne e komercijalen nastan, iako mnogu taka go gledaat.

Okolu adetite sekade si ima svoi adeti i pretezno se interesni. Posto ovde na temava gi kritizirame Makedonskite adeti mozam samo da komentiram, deka lugje od stranstvo bas pozitivno gi komentiraa Makedonskite adeti i pozitivno gi sfatija. Ali nas ni skurcija sekoja svadba istoto :D
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.756
Имам старец тетин. Секоја свадба се пијани и му се лигави на тие до него во чиниите. За на крај да земи да збира од масата што ќе остани кај тетка ми вташна. Мизерија од луѓе се ваквите.

Јас сум лично 50-50 за класична македонска свадба.Старциве мои опинаат, ама ако не сака и мојата идна жена да не правиме нема да правиме.
Сепак сакам за поважните одлуки сам да си носам одлуки а не мама и тате. Си имам свој живот јас.
Свадбите се сега најчесто мерење курови.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149
Од друга страна, околу самата свадба, мене па обичаите ми се многу интересни. И пак мислам дека само кај нас се мрчи, КАКО ТАКА ЗЕТОТ ЈА КУПУВА НЕВЕСТАТА??? Секоја земја си има свои традиции поврзани со свадбите и никој не мрчи толку многу како нас. На крај на денот тоа се традиции, нема врска дали сме живееле заедно пред тоа, па сеа како така ќе дојде да те земе од кај мајка ти и татко ти? Во Индија во некои региони се става невестата на вага и зетот треба да даде толку злато колку што е тешка, и обично свадбите им траат по 3 дена. Во Кина исто така невестата се зема од дома, а на прославата ви го земаат пликото, бројат колку пари сте донеле и ве запишуваат во книга :D. Во Германија гостите го кршат приборот и младоженците го чистат. Во Шведска невестата носи монети во чевлите. И сите гости ги сметаат овие традиции за интересни, кај нас сто пати пред свадбата ќе те прашаат, абе а не мислиш дека е глупо да ја земаш од дома и? Оставете ги луѓето да си ја тераат свадбата како сакаат, ако вие не сакате така во ред, ама доволно е да покажете почит кон тој што слави, еден ден е, нема да ви се срони бисерот.

Да, баш Индија е многу богата земја каде населението живее во огромни благодети.
Индија е во фаза на развој, можеби во втора половина на овој век ќе имаат јак стандард, така да тоа што си напишала дека ставале злато колку што тежи невеста, може го прават тие богаташите во Индија, обичниот народ сигурно не.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па што ако трошиците ги плаќаат родителите? Мене ми прават свадба или себе? Ако е првото, тогаш јас сум главна :)
Тебе ти праат ама сигурно нема да ти плаќаат забава од 100 души со забавна музика. Они сакаат 300+ и собрани роднини од сите страни, голем дел за кои ти апсолутно немаш поима кои се, ама битно твоите биле на нивни свадби и слично. :D
 
C

CoolIris

.... не се нафаќам на таква свадба.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
.... не се нафаќам на таква свадба.
Па да. Твоја свадба, твои правила, само сакав да кажам како размислуваат и делуваат добри 90% од нашиве родители. Со чест на исклучоци секако ама повеќето се вакви ко што ги пишав, се праат паметни за туѓи ствари и животи па уште и лути ако им го кажеш спротивното.
ШТО ЌЕ КАЖЕЛЕ РОДНИНИТЕ пошто они биле кај некоја Светле 2ра братучедка и сеа мора на Светле син и да биде поканет на моја свадба којшто не го ни знам нит па ме посебно интересира да го запознаам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom