- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.030
- Поени од реакции
- 1.149
Најубаво би било младоженците да си одлучуваат кој ќе го поканат, а кој не а не родителите...Зошто да идаат некои роднини што не ги знаеш како на пример први брачеди од родителите, втори брачеди што исто така не ги знаеш, колегите од работа од таткото, комшиите што си имаш само едно здраво, како си шо прајш, а воопшто дома не се посетуваат, од зетот од сестрата неговиот зет и сестра, или од шурата твој шурата негов... 50-60 души мислам дека се доста.
А најголема глупост дента на свадбата е пукањето со пиштолите...Па недај боже некој ќе настрада од заскитан куршум... Да се кабиљ и со тешка артилерија ќе пукаат...
За болдираното.
Има многу глупости од обичаи при свадбите.
За мене најглупо е онаа ситуација, кога младоженецот оди по невестата во нејзиниот дом, и кога застануваат пред влезот на куќата на невестата одредени личности и бараат да им се даваат пари за да го пуштат младоженецот да влезе во куќа на невестата.
Еј, се бараат пари?
И после се чудиме зошто ни е такво општеството и менталитетот и зошто имаме корупција, кога нема да има свадба ако нема давање поткуп за да човек си влезе во куќата по невестата.
После ако човек влезе во куќа по невестата, мора да земе да јаде пилешко месо од рацете на невестата,
еј ова го заборавив, во некои региони треба младоженецот да пука од пушка и да погодува закачено јаболко на бандерата пред куќата на невестата.