Поклон за свадба?

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
А тоа е веќе друго :D Знаеш македонска работа може да се деси на една маса да завршат да седат испоскарани :icon_lol: па затоа и од виливе напоменуваат за масите да се има список ова она :D
Еееј тоа да. Бев сведок на една свадба....циркузи. Дал да плачеш дал да се смееш :pos:
Ги седнале на една маса за 8 души и одма до нив уште една исто за 8......едните ВМРО другиве СДСМ, абе партали цело време. Резил жив.....и за двете маси. А јас на друга маса до нивните, малку пивнат и онака се контролирав да не прснам од смеење :pos:
Општо и на слава тоа многу пати сум го начекал......си викам абе сељандри едни не е тука место за такво нешто.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Јавување е да си планираат за плаќање, зошто и за тој што нема да дојде ќе платиш. Има одреден број порции што се дозволени. 20 гости да не дојдат отидоа 300 евра.

Него оние што викаат ќе дојдеме, ќе дојдеме и на крај.:kuracc:

За свадба - да, дефинитивно. Дури е и глупо во денешно време некој да ти донесе перална или сервис за јадење.

За други прослави не е секогаш така. На пример, јас кога магистрирав другарите се организираа и ми подарија убава уметничка слика која ми е многу подраг подарок отколку да добиев плик со пари.

За роденден обично давам пари, но во одреден случај ако е некој поблизок купувам некој подарок кој знам дека ќе биде интересен за славеникот.
Еве јас за дипломска добив колекции што никогаш не ги искористив и некои маички кои не ми ни одговараа со големина.

Друго е кога поголема група се организираат, отколку некој онака да донесе нешто, она што прво ќе го фати на рафт или го има чувано дома. Абе ај небитен е, подарок нека има.

Некој ќе каже не е важен подарокот што ќе го добиеш, ама подобро дај му ги тие пари, отколку нешто ради реда купено.
Мене ова ми е како да немаат почит тие што подаруваат.

На прв роденден на помалото дете имаше бебешки патики.
Сериозно дете од една година ќе носи патики од хартија 4 броја помали?
Или ај ми останале па да им ги тупнам на нив, па може ќе им се најде за друго дете.
 
M

Macedon1um

Гостин
Ме поканија на свадба за на 10 октомври, на поканата пишува "подарокот во плико".
Се мислам да му напишам песна???

Или да ставам подарок што го збира во пликото како на пример Durex или Sportex???

Или во најголемо плико да му земам еден пластичен од Valijant???
Прв пат да не одиш на свадба во последниве 10 години, оти гледам многу изненаден оти пишувало подарок во плико
 
Член од
21 април 2008
Мислења
267
Поени од реакции
130
Значи и ден денес родителите уште ги плакјаат свадбите знам многу примери, дури земаат и кредити за да прават.
А за тие што чекаат пари од поклони за да се покријат со трошоци поубаво ни да не прават.Тие пари нека се употребат за нешто паметно, патување,нешто за домот...Не правел комшијата ке правам и јас.
Ако си моќен прави го тоа од ќеф и не гледај свадбата да ти биде профит.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
имаше една свадба пред две години, абе неколку пати ми се јавија ќе дојдете ли.....викам да сме живи и здрави, да ќе дојдеме.....дури и во незгодно ме ставија, така се почуствував.....исто селска работа.
Јавувањето е за да прецизираат бројка на порции што треба да ги опслужи хотелот/ресторанот. Од 200 канети гости, 20 ако не дојдат тоа е 300-350€ залудно фрлени пари. Ти си кажал 200 гости дека ќе ти дојдат. - Хотелот ти наплаќа за 200 гости.. Кој ти е крив што тие 20 не ти дошле

А генерално. Свадба досадно помодарско клише.
Од двете страни X 30 во некој закупен локал со жива музика е идеално решење. Нема тука ќар зијан.
Ако сметаш дека третиот братучед кој до вчера не си знаел ни роднина дека ти бил, треба да ти е на свадба онда go for it. Али генерално го правиш за свој ќеиф и треба да си направите интимна атмосвера со луѓе пред кои се чуствувате слободни, па макар тоа било и пред 99% пријатели и 1% роднини :)
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Ме поканија на свадба за на 10 октомври, на поканата пишува "подарокот во плико".
Се мислам да му напишам песна???

Или да ставам подарок што го збира во пликото како на пример Durex или Sportex???

Или во најголемо плико да му земам еден пластичен од Valijant???
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
Прв пат да не одиш на свадба во последниве 10 години, оти гледам многу изненаден оти пишувало подарок во плико
Не сум изненаден знам за таа работа, ама што доколку поканетиот за на свадба во тој период е ептен без пари???

Не треба да се гледа на таа работа кој колку донесол...

Лани кога бев на свадба кај еден другар невестата на микрофонот од музиката одржа говор и рече „Воопшто не ми е битно кој колку донесол туку доволно е само вашето присуство“...

И јас здравје кога ќе правам свадба ако сакат некој и скроз со празни раце да ми дојдит воопшто нема да му замерам...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
После таа изјавата на госпоџата требало да земе кутијата и да ги чита сите пликови и да им ги подели на гостите и така веќе направила циркуз.

Во ред е да им се заблагодариш на гостите што присуствувале, ама глупо е јавно да им кажеш не е важен подарокот и кој колку пари донесел. Ако не знам што да кажам не се глупирам на микрофон.

Не, нејзе пак и е важно, после ќе се слушаат муабети и ќе прави список.

И една моја роднина викаше не е важно абе на тоа не се гледа, правеа свадба на синот па јадеше гомна за некои колку и донеселе и таа толку ќе им врати. Па дури и лута на тие фамилии.

Секој треба да се свесен дека најдобро е пари и да си покриеш трошок кој е платен за тебе, помина тоа време кога се носеше се и сешто.
Ако немам не одам, а секој си планира и свадбите барем повеќето се однапред закажани најмалку пола година.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А генерално. Свадба досадно помодарско клише.
Од двете страни X 30 во некој закупен локал со жива музика е идеално решење. Нема тука ќар зијан.
Ако сметаш дека третиот братучед кој до вчера не си знаел ни роднина дека ти бил, треба да ти е на свадба онда go for it. Али генерално го правиш за свој ќеиф и треба да си направите интимна атмосвера со луѓе пред кои се чуствувате слободни, па макар тоа било и пред 99% пријатели и 1% роднини :)
Да ама тука доаѓаат до израз родителите со муабети како они биле на свадба кај тие и тие роднини за кои ти поима немаш па сега истите тие роднини мора да бидат удостоени со покана од твоите родители за твоја свадба... и тука ќе се запознаете. Од таму и се тие 300+ гости по свадбиве од кои ти познаваш едно 100 души од кои ти живееш со едно 30 од нив.

Друго, истотака ретко глупа церемонија според мене е идењето по невеста и слични пичке материне што траат едно добри 15 саати. И тука доаѓаат до израз родителите, штооо како нема да праиш свадба, што ќе речат комшиите и роднините. Да идете у курац сите, ме заболе што ќе речат.

Најдобра варијанта е со невестата, твоите и нејзините + кум и старејко, венчавка у матично и црква, еден ручек и здраво пријатно. Друг ден резервираш кафана или ко што викаш ти закупен локал, праиш забава за 100+ души од двете фамилии и чао.

За поклонот, се знае, модерно време е и се освен пари е глупост. Ок ако си близок и да се договориш со младенците доколку им е потребно нешто од покуќнина па да им земеш, мада и тоа е дискутабилно, па дали ќе им се свиѓа, дали ќе им одговара.

Зависи и колку ти се блиски младенците, па од таму и тежината на пликото. Во секој случај минимум што треба е да си ја подмириш порцијата, САМ, а не со 20 евра ти и партнерот. Горе доле, минимумот што треба да е еден поклон според мене е 50 евра. Пак ќе кажам, зависи кај идеш и колку си близок. Кај прв братучед секако не можеш да отидеш со 50 евра. Потесна фамилија па да не праам муабет.
Ова зборам кај познаник, колега, пријател, подалечен роднина.

Јас знам 2 случки, каде колега на колега му дал 500 денари у плико. Истиот колега кај двајца други колеги што правеа свадби во рок од 1 година. Па маме му ебам пирошката, ордеверот и 2 пива не коштаат толку. Кај е главното јадење односно нели целата порција, кај е нешто за него.

Празни плика не ги коментирам, колку ниско треба да котираш на скалата човечност, да отидеш на свадба кај некој што ти направил чест и те поканил на негова веселба и ти да му остаиш точно 0 денари. Да дојдеш, да се изнајадеш изнапиеш и на сето тоа тој што те поканил да ти плати 1000+ денари. Дно.
 
Член од
30 август 2020
Мислења
8
Поени од реакции
25
Значи буквално сè изгуби смисла па чекај ако немаш пари кој кур правиш свадба поглупо нешто од тоа да ми кажуваш што поклон да ти носам амин, чекај ја мислам ме каниш затоа што ме почитуваш а не да извадиш пари за порција па ваљда ме частиш за свадба со порцијата не знам која е поентата на правење свадба у ваков случај можда мене само не ми јасно можда ја сум глуп колку и да звучи ова како да се филмам боље пријателот и најглуп и најсмешен поклон да ми донесе отколку се да биде фејк и да ме пцујат што сум пишал пари у плико и ја да ги пцујам сите што ми донеле помалку отколку што сум очекувал, скроз изумре почитта сè се сведе на пари.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Технички, поклон у плико пишува тој што ги праи поканите. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Поглупа ствар од тоа "поклон у плико" не постои. Или новото "наместо цвеќе, сакаме гребка".
Даааа грепки место цвеќе е посебна глупост. Да не ми се собира ѓубре, дај ми грепка може ќе заработам. Тикет спортска уплатен за 20 денари би давал на такви. :D

Ај да го видиме твоето мислење за поклон.
 
C

CoolIris

Гостин
Ај да го видиме твоето мислење за поклон.
Пааааа, ако не сум скромна....доволно би било моето присуство :LOL: . Сигурна сум дека со својата појава би им го разубавела денот на младенците.

Кхм кхм...ај сега реално и скромно.
Јас лично, претпочитам да давам пари (минимум или максимум, зависи од момент колку може да издвојам), па кој што сака, нека си купува. Меѓутоа, некој ете може во дадениот момент од икс причини нема пари, па можеби поедноставно е да земи нешто како подарок. Не мислам дека е за замрека. Кој колку може и што може. Сепак, на крајот поголемо значење треба да се придаде на луѓето кои решиле да те испочитуваат и да бидат дел од твојата најубава вечер. Ете, толку :oops: .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom