Од неодамна сопственик на TUNDRA GREEN AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA набавена од енергија.мк т.е. преку нивни дилер.
линк
Од советите тука што ги прочитав на темата и од дискусијата која се водеше се одлучив да ја земам токму оваа клима за просторот кој планирам да го загревам 35м2. Имам само 2 големи неизолирани ѕидови од надворешна страна (каде имам монтирано две клими, оваа и една друга) кои ќе гледам пред почеток на минусни температури да ги изолирам со 8cm стиропор.
Двојбата беше помеѓу Мицубиши SF50, Тошиба Сузуми Плус 16 и Тундрата... Со тоа што Мицубишито и Тошибата беа за цели 20.000+ ден., поскапи и немаа wifi контрола. Отприлика на -10 покажуваа горе долу иста потрошња и просторот кој ќе го загревам немаше поголеми енергетски загуби кои оваа клима нема да ги покрие.Така да тие 20.000+ денари разлика во цена сигурно нема да ги потрошам во догледно време и мислам дека изборот е добар бидејќи стартно е заштедено.
Она што ми се допаѓа многу е тоа што надворешната единица буквално не се слуша, а внатрешната има само 3 брзини (што е и мана), но без разлика на тоа сепак во прва брзина дувањето воопшто не пречи и не е силно за да прави проблеми -што ми беше исклучително важно бидејќи климата е наместена во дневен боравак.
Температурата на издув (иако немам сензори да мерам точно) е исто така добра и не дува млако (како некои клими, пример LG) но сепак ќе почекам зима за да видам дали ќе има промени во овој поглед (иако не би требало да ги има).
Следно што ќе треба да се види во зимски услови е како би работела на магла, во поладно и колку чести дефрости ќе има.
Климата е без греачи на надворешна единица, па ќе видиме како ќе помине на зима и во тој поглед.
За истата е пуштено 4,5m цевки и откако беше монтирана не беше вакумирана. Според монтерите немаше потреба за дополнување на фреон, а од она што успеав да најдам по нет, прочитав дека над 5m цевка се дополнува по 20g/m фреон па според тоа најверојатно не ја утнаа работата.
Единствената негативна работа, која засега ја имам забележано, е што има мирис при дувањето на евтина кинеска пластика. Особено тоа се осеќаше после првото дување (кажете некое решение долку го има??).
Од второто дување натаму мирисот е значително и во голема мера намален, но сè уште го има. ПРЕмалку саати има работено климата (бидејќи времето е топло и во принцип не сум дома) па немаше можност кога поштено да издува за да видам дали ќе го снема мирисот. Следно ми е во план да ги измијам филтрите (ако тоа нешто помогне) и понатаму кон зимните месеци најверојатно ќе купам и мерач за да видам која ќе биди потрошувачката на ел. енергија и да можам да ја сетирам најидеално, како и да се пушти од дозна кабел па да си ја поврзам на посебен штек и 16A осигурач само за неа.
Исто, забелешка за wifi апликацијата е тоа што не покажува потрошувачка на електрична енергија, ниту пак тоа го има како опција на самата клима (за разлика од LG која ја имам на вториот спрат и која покажува колку е моменталната потрошувачка на уредот). Доколку знаете некоја универзална апликација за клими која покажува потрошувачка (макар и моментална) споделете?
))))
Јавна благодарност до
@aronmacedon со кој разменив пораки пред да ја купам климата и пракитчно помогна во одлуката бидејќи има исто тундра и грееме сличен простор по енергетски загуби (мада секој простор приказна за себе, но сепак). Ептен другарски од тебе и го ценам тоа.
Благодарност исто до
@Strelec и
@најубав кои ги исконтактирав откако ја купив климата и кои ми објаснаа некои работи во приватна порака. Фала на одвоеното време.
Генерално на темата добив јасна слика што ми треба и членовите од кои црпев мислења и искуства беа:
@Strelec (one and only)
@tzlatko
@aronmacedon
@petna
@ts01
@најубав
(се надевам некој не пропуштив...)
Одлична тема, иако често има препукувања, сепак човек може да дојди до квалитетни информации и кориснички искуства (кои мора да ги има повеќе и најверојатно ќе ги има бидејќи со акциите за бесплатни инвертер клими доста луѓе одат кон овој вид на греење).
Ова се сликите од монтажата:
Прегледај го приврзокот 268975
Прегледај го приврзокот 268976
Прегледај го приврзокот 268977
Прегледај го приврзокот 268978