Компресорот нема потреба да има греење за наши услови. Зошто?
Затоа што реално нема потреба да има предгреење компресорот на инвертер бидејќи тој е постојано вклучен. Конкретно инвертерот и онака е вклучен 24/7. Ако е температурата под 4-5 степени сигурно тој е постојано со некое оптеретување и не застанува со работа за да се олади. И да има 2-3 ладни стартови во зимата под 4-5 степени не е воопшто страшно. Особено што кај нас температурите воопшто не се толку ниски за да има некоја голема дискусија (зборувам за Скопје), на планинските превои е друго.
Од друга страна, ако инвертерот се употребува несоодветно. Или пак се користи во некои простории каде има потреба да се исклучува, само тогаш има некаква потреба да се можеби предгрева компресорот. Иако согласно нашата температура во Скопје или другите потопли градови, Он/Офф клими работат по 10-20 години со милион старт стопови, од кои 10-20% од нив се можеби со ладен старт, па немаат никаков проблем со компресорот. Евентуално кондензаторот.