Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.757
- Поени од реакции
- 52.725
Се ближи стартот на новата сезона он најелитното европско натпреварување - Лига на Шампиони. Ова ќе биде вкупно 66та сезона, а 29та откако натпреварувањето е ребрендирано во моменталниот формат.
Оваа сезона Лигата на Шампионите започнува со групната фаза од 20ти октомври, а ќе заврши на 29ти мај идната година во Истанбул на Ататурк стадионот. На овој стадион требаше да се изигра финалето од претходната сезона, но бидејќи завршницата на турнирот беше преместена во Португалија поради пандемијата, Истанбул ќе биде домаќин на овогодинешното финале.
Во финалето претходната сезона силите ги одмерија екипите на Баерн Минхен и ПСЖ. Германците дојдоа до својата шеста титула во ЛШ со голот на Кингсли Коман за да ја крунисаат импресивната сезона во која стигнаа до финалето победувајќи на сите натпревари. Баерн оваа сезона повторно ќе биде еден од фаворитите и ќе се обиде да ја одбрани титулата.
Форматот останува ист во претстојната сезона. 32 тима ќе се натпреваруваат за европската круна. 26 тимови добија автоматска квалификација во групната фаза, додека Краснодар, Динамо Киев, Салзбург, Мидтјиланд, Олимпиакос и Ференцварош изборија пласман преку плејоф натпреварите.
Ова се групите за сезонава, добиени по денешната ждрепка: