- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.604
- Возраст
- 37
Не ми се допадна I'm Thinking of Ending Things. Мислам дека филмот е збрка. Ова е дефинитивно: hate it or love it филм, а јас сум дефинитивно во првата група. Сфатив што е поентата, сфатив што се случува, ама сепак, ми беше досадно и обично мразам филмови кои се претенциозно збркани, зашто сметам дека се така направени за да изгледаат поелоквентно и да привлечат дел од хипстерската публика која ќе вика: ,,WOW, ништо не разбрав, затоа мора да е јако, и вистинска уметност". (Ова ме потсетува на онаа анегдотата за човек кој си ги заборавил очилата на под во уметничка галерија. Набрзо потоа се собрала маса народ и фоторепортери кои мислеле дека се уметничка инсталација, арт пар екселанс, па ги фотографирале и се воодушевувале). Don't get me wrong, не велам дека на тие од тука на кои им се допаднал се дел од таквата публика, спомната погоре, сигурен сум дека тука нема такви, и сигурно секој од вас си има причина зошто ова го смета за ремек дело. Мене, едноставно, ми беше претенциозно, досадно филмче со добра глума, ОК кинематографија и еден куп сивило.
Не препорачувам!
Синоќа го гледав и можам да го потпишам секој збор што си го пишал тука. Дефиниција за hate it or love it. И јас сум во првата група. А сакав да сум во втората, стварно. Ме заинтригира филмот уште од почеток и стварно се надевав дека ова ќе испадне еден од оние филмови што колку и да се чудни на крај оставаат печат на тебе, некој јак впечаток. И негде до пола филм се надевав дека работите одат во тој правец. Ама јок, ништо... До крај стануваше се полошо, до ниво дека веќе сцените ми беа како да гледам рандом слики кои ниту се важни, ниту нешто посебно ме интересира да мозгам што значат.
Еве побарав малку по интернет и за книгата... Таму изгледа појасно е дадено објаснување, што рака на срце и тука беше до некаде очигледно. Само крајот е сменет и тука во филмот е направено тоа ептен претенциозно, демек да ни предизвика некое wow чувство. Ама не, ништо од тоа. Не го препорачувам и јас и сигурно веќе никогаш нема да го гледам.




Викаат по четива дека бил многу за мозгање,тупење глава,лектири?Има ли гужва у синеплекс или има онолку колку што короната го дозволува тоа
И специјалецот се држи ли јако 