Гарнер значи во Вотфорд. Ако добива солидна минутажа ќе има одлична шанса за напредок. Во Чемпионшип и тим кој ќе има амбиции за враќање во ПЛ е добро место за позајмица.
Санчо мислам дека ќе биде претешко да го доведиме до крај на преодниов рок. Тоа е тоа. Е сега гледам се споменува Сар од Вотфорд како една од алтернативите за Санчо и не би била случајно позајмицата на Гарнер баш во Вотфорд. И Ливерпул пројави интерес за Сар, ама еве се фокусираат на Жота од Вулверхемптон.
На интервјуто на Оле приметив една интересна работа. Никаде не го спомна Переира како опција во средината. Запрашан дали Погба е спремен, одговори тука се и Скот, Фред и Матич...До 5-ти нека се чисти што е можно повеќе од просеците, од самата помисла дека сеуште се во клубов ми се темни...