Е токму тоа е причината зошто е потребен феминизмот, за да се подобри положбата на жената во општеството, во кое жената е потчинета.
Воопшто не зборував за искуство. Впрочем, мислам дека тоа го пишав во претходниот пост. Мажот или жената, врз основа на нивниот напредок во работата треба да се наградуваат. Нивниот труд и резулати да се ценат и вреднуваат. Но, поеднакво!
Значи, пак станува збор за дискриминација на жените, ако се водиме според вашите ставови дека ги гледале келнерките како проститутки. И за тоа е потребен феминизмот!
Знаете, очекував вакви коментари и цитирања да добијам од страна на машкиот пол. Но, она што ме фрапира се постовите од женскиот пол на темава. Генерално, не сум расположена да пишувам постови на вакви теми, ама кога ја отворив темата не можев никако да останам имуна на тоа што го прочитав. Буквално се распиздив на женската глупавост!
Понекогаш посакувам сите вие што пишувате вакви работи, да се вратите во времето пред постоењето на феминизмот како таков. Да седите дома, да немате право на глас, да немате право на образование....да ви се одземат сите права на слобода кои сега ги имате. Да се омажите по желба на родителите. Да си бидете во кујна, да си раѓате деца.... и кога ќе добиете ќерка, паметна со капацитет, од типот на Моцарт, да се обидете да и објаснете зошто нема право на образование, туку мора да научи да готви и да се грижи за домаќинството. Развод во случај на малтретирање, ни на сон! Право на абортус во случај на силување, ни на сон! Колку и да звучам сурово, сурови сте вие со своите ставови и криво ми е што ги уживате правата кои денес ги имате благодарение на феминизмот.
Ако стварно мислите дека живееме во толку розово општество секоја чест. Примерот што го посочи
@hellouyyy , беше банална работа, а е нешто што постои како такво и е реалност дури и во Македонија. Препишување наследство на машките деца, тапшање на жената по рамо да трпи насилство во бракот по секоја цена. Дали знаете колку жени се жртви на семејно насилство во државата? Мислам дека сте многу ограничени кога станува збор за сфаќањето на значењето на зборот феминизам. Отворете ги очите, разгледајте на околу, сигурно и во најблиското опкружење ќе најдете некој со такво затуцано размислување. Всушност, верувам дека и на вас како жени некогаш ви се случило да бидите дискриминирани, за некоја банална работа.....од типот, не смееш така да седиш на креветот, ти си женско! Не смееш да пцуеш, ти си женско! Зошто толку кратка сукња? .. или одете во темата "курва во кревет", па ќе видете до кај иде дискриминацијата и лепењето етикети на жените.
Што се однесува до емоциите, кажав и за тоа. Мажите и жените се суштествата чија што суштина на постоењето се нагони и емоции. Проблемот не е во тоа дека мажите како мажи не смеат да плачат, туку проблемот е во менталитетот. И мажите и жените во некои сегменти се кревки и нежни, а во некои доминантни. Како и да е, тоа нема никаква поврзаност со рамноправност, туку, како што кажав, со контрола на емоции!