Искрено, до некаде се обидувам да и ја доловам поентата на
@hellouyyy . Само мислам дека на погрешен начин го искажува тоа.
Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент на невработени се од женската популација?
Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент од станови/куќи се на име на машката популација?
Ако феминизмот е тука, зошто тогаш се очекува од мене да побрзам со остварувањето како мајка, сугерирајќи дека биолошкиот часовник ми отчукува?
Ако феминизмот е тука, зошто тогаш
@callejón de la muerte , дојде во темава сугерирајќи дека женската популација е интелектуално инфериорна во однос на машката, бидејќи не коментирале на темите за Првата и Втората светска војна?
Ако феминизмот е тука, зошто тврдиме дека нашите затупени родители не се проблем на феминизмот?
Тогаш, како јас да очекувам моите родители мене да ме научат да се борам за своите права и како јас да ги научам моите деца да се борат за своите права? Како да ја научам мојата ќерка да ги следи своите соништа, ако нејзина желба е да биде пилот? Како да ја научам мојата ќерка да биде добра мајка, ако не се избори за тоа што го сака? Како да ја научам мојата ќерка да се сака и почитува, ако јас не ја сакам, почитувам и ја дискриминирам во однос на нејзиниот брат?
Борба за социјални, политички и екномски права на жената, ете тоа е феминизмот. Нешто што се залага за рамноправност и едднаквост. Право на избор.