Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Со ова се покажа колку си ти феминист. Јас не се согласував со дел од твоите мислења, па никаде не те нареков глупава. Јас коментирам ко женско на темава, па се пронајдов.

Ова цитираново вришти на нервоза, неприфаќање на туѓо, различно мислење, субјективно гледање на работите и емоционално фаќање на тоа како било во минатото. Тие работи не ти требаат во дискусија, зашто јас не можам вака да те сфатам сериозно. Малце пообјективно и без емоции не е на одмет.
Маја, мислењето воопшто не беше упатено кон тебе и кон твоите ставови. Навистина ми е жал, ако ти си се пронашла во напишаното.

Напишано е во афект, да. Но, е сурова реалност. Сите жени во светот ја немаат привилегијата да се школуваат, да се вработат таму кај што сакаат, да имаат право да одлучуваат и да уживаат во животот на начин на кој што сакаат.

Разбирам да си задоволен од животот кој што го живееш, ама малку почит спрема луѓето кои се причината поради која ние денес ги уживаме сите права, не е на одмет.

И навистина ми е жал, што добивам цитати на некои небитни реченици. Имам толку проблеми зачнато во постот, кои ја претставуваат сржта на феминизмот, а вие се фаќате за најнебитната ствар, во целиот пост.
 
Е токму тоа е причината зошто е потребен феминизмот, за да се подобри положбата на жената во општеството, во кое жената е потчинета.

Воопшто не зборував за искуство. Впрочем, мислам дека тоа го пишав во претходниот пост. Мажот или жената, врз основа на нивниот напредок во работата треба да се наградуваат. Нивниот труд и резулати да се ценат и вреднуваат. Но, поеднакво!

Значи, пак станува збор за дискриминација на жените, ако се водиме според вашите ставови дека ги гледале келнерките како проститутки. И за тоа е потребен феминизмот!

Знаете, очекував вакви коментари и цитирања да добијам од страна на машкиот пол. Но, она што ме фрапира се постовите од женскиот пол на темава. Генерално, не сум расположена да пишувам постови на вакви теми, ама кога ја отворив темата не можев никако да останам имуна на тоа што го прочитав. Буквално се распиздив на женската глупавост!

Понекогаш посакувам сите вие што пишувате вакви работи, да се вратите во времето пред постоењето на феминизмот како таков. Да седите дома, да немате право на глас, да немате право на образование....да ви се одземат сите права на слобода кои сега ги имате. Да се омажите по желба на родителите. Да си бидете во кујна, да си раѓате деца.... и кога ќе добиете ќерка, паметна со капацитет, од типот на Моцарт, да се обидете да и објаснете зошто нема право на образование, туку мора да научи да готви и да се грижи за домаќинството. Развод во случај на малтретирање, ни на сон! Право на абортус во случај на силување, ни на сон! Колку и да звучам сурово, сурови сте вие со своите ставови и криво ми е што ги уживате правата кои денес ги имате благодарение на феминизмот.

Ако стварно мислите дека живееме во толку розово општество секоја чест. Примерот што го посочи @hellouyyy , беше банална работа, а е нешто што постои како такво и е реалност дури и во Македонија. Препишување наследство на машките деца, тапшање на жената по рамо да трпи насилство во бракот по секоја цена. Дали знаете колку жени се жртви на семејно насилство во државата? Мислам дека сте многу ограничени кога станува збор за сфаќањето на значењето на зборот феминизам. Отворете ги очите, разгледајте на околу, сигурно и во најблиското опкружење ќе најдете некој со такво затуцано размислување. Всушност, верувам дека и на вас како жени некогаш ви се случило да бидите дискриминирани, за некоја банална работа.....од типот, не смееш така да седиш на креветот, ти си женско! Не смееш да пцуеш, ти си женско! Зошто толку кратка сукња? .. или одете во темата "курва во кревет", па ќе видете до кај иде дискриминацијата и лепењето етикети на жените.

Што се однесува до емоциите, кажав и за тоа. Мажите и жените се суштествата чија што суштина на постоењето се нагони и емоции. Проблемот не е во тоа дека мажите како мажи не смеат да плачат, туку проблемот е во менталитетот. И мажите и жените во некои сегменти се кревки и нежни, а во некои доминантни. Како и да е, тоа нема никаква поврзаност со рамноправност, туку, како што кажав, со контрола на емоции!
Остај ти ова она, дали кога ќе ми дојдат дрва за цепење да те барам, дневница + кафе + пиво ѕидарско, норма 6 кубици по човек дневно дабче прва класа?
Еве јас сум светски човек и сакам да дадам шанса и на женската популација да заработи некој денар.
 
И навистина ми е жал, што добивам цитати на некои небитни реченици. Имам толку проблеми зачнато во постот, кои ја претставуваат сржта на феминизмот, а вие се фаќате за најнебитната ствар, во целиот пост.
Некои пробуваат логично да размислуваат, ако има пример за дискриминација да ја согледа ситуацијата и види колку е релевантен пример. Еве јас имам деца и ниту во еден момент функцијата или позицијата не ми била загрозена кога сум решила да имам деца. Јас не сакам дискриминации од било каков вид. Дури во денешно време барем кога зборуваме за работа, пострашна и помасовна е етничка дискриминација, дискиминација со пријателски/роднински врски...
Феминизмот се надминува или е надминат во многу сегменти со едукација и отворање кон модерното живеење. Ние сеуште имаме траги од племенски заедници кои некои тука и ги спомна на форумот ама како еден од проблеми да се наведува наследство по машка линија не е баш типична ситуација.
И да, имам женски деца и ги учам од мали да бидат свесни за сите свои квалитети и да не помислуваат дека е хендикеп да се биде женско.
 
Маја, мислењето воопшто не беше упатено кон тебе и кон твоите ставови. Навистина ми е жал, ако ти си се пронашла во напишаното.

Напишано е во афект, да. Но, е сурова реалност. Сите жени во светот ја немаат привилегијата да се школуваат, да се вработат таму кај што сакаат, да имаат право да одлучуваат и да уживаат во животот на начин на кој што сакаат.

Разбирам да си задоволен од животот кој што го живееш, ама малку почит спрема луѓето кои се причината поради која ние денес ги уживаме сите права, не е на одмет.

И навистина ми е жал, што добивам цитати на некои небитни реченици. Имам толку проблеми зачнато во постот, кои ја претставуваат сржта на феминизмот, а вие се фаќате за најнебитната ствар, во целиот пост.

Сепак, нарекуваш други женски личности, глупави. Утре задутре ќе те слушне ќерка ти, сигурно тоа нема да помогне во борбата на феминистките. Иронично малце, нели?

Сите сме благодарни на феминизмот, јас знам дека имам подобар живот од баба ми, мајка ми, тетка ми,
кога биле на моја возраст. Но, како што не се согласувам со нив за некои работи, така и јас, и било која на форумов, не мора да пее иста песна само затоа што сме сите жени. Тоа е реално една карика на феминизмот, секоја жена да си каже мислење без да е осудувана. А ти нарекуваш членки кои имаат поразличен став, глупави. Сфаќаш ли дека е малце контрадикторно тоа?
Мислам дека се разбираме, немам што да додадам на дискусијата повеќе.
 
Тоа е реално една карика на феминизмот, секоја жена да си каже мислење без да е осудувана. А ти нарекуваш членки кои имаат поразличен став, глупави. Сфаќаш ли дека е малце контрадикторно тоа?
Јас лично, се обидувам да комуницирам на форумов на еден фин и културен начин. Таков впечаток добив и за тебе. Таков впечаток добив и за @santelli . Девојчето @EmilijaS , што коментирало претходно на темава. Не е дека јас не го гледам тоа и навистина сакам и уживам кога читам такви постови од жените низ темиве. И не само од жените, секој еден пост напишан со коректно и издржано мислење, го поздравувам.
Јас не летам во облаци, немам его до плафон и без разлика дали се согласувам или не имам доблест, ако погрешам, да ја согледам грешката и да се извинам. Ја користам приликата, да си го повлечам зборот и да ви се извинам за "женската глупавост" .

Меѓутоа, обично кога умеете да ги критикувате другите, убаво е да погледнете и свои чевли!

Трол или не, се појасно ми е зашто на мажите им е докурчено од денешниве феминистки.
Ова, не е осуда? Не е навреда кон феминистките? Зошто ја осудуваш девојката и не и даваш да си го искаже своето мислење. И тоа е контрадикторно Маја. На овој, или оној начин, сите сме контрадикторни за нешто во животот!
Закон за наследство на имот никаде не вика дека само на машко се остава. Тоа што имате заостанати и глупи родители не е проблем на феминизмот.
И ова е навреда!
 
Јас лично, се обидувам да комуницирам на форумов на еден фин и културен начин. Таков впечаток добив и за тебе. Таков впечаток добив и за @santelli . Девојчето @EmilijaS , што коментирало претходно на темава. Не е дека јас не го гледам тоа и навистина сакам и уживам кога читам такви постови од жените низ темиве. И не само од жените, секој еден пост напишан со коректно и издржано мислење, го поздравувам.
Јас не летам во облаци, без разлика дали се согласувам или не. И имам доблест, ако погрешам, да ја согледам грешката и да се извинам.
Ја користам приликата, да си го повлечам зборот и да ви се извинам за "женската глупавост" .

Меѓутоа, обично кога умеете да ги критикувате другите, убаво е да погледнете и свои чевли!


Ова, не е осуда? Не е навреда кон феминистките? Зошто ја осудуваш девојката и не и даваш да си го искаже своето мислење. И тоа е контрадикторно Маја. На овој, или оној начин, сите сме контрадикторни за нешто во животот!

И ова е навреда!


И ова е навреда!

Не е навреда, повеќето од тие работи се факти. Мажите се револтирани од односот на денешниве феминистки (ја читаш темава), жените нејќат мажи што плачат за секојдневни работи и да, родители со понизок степен на интелигенција кои се потпираат на традицијата и се ко стадо овци, размислуваат дека едното дете е некако повредно од другото.
Не ми криво што нема да ме сметаш во твојот круг на другарки на форумов, само не ми препишувај работи за контрање. Секое добро.
 
Не е навреда, повеќето од тие работи се факти. Мажите се револтирани од односот на денешниве феминистки (ја читаш темава), жените нејќат мажи што плачат за секојдневни работи и да, родители со понизок степен на интелигенција кои се потпираат на традицијата и се ко стадо овци, размислуваат дека едното дете е некако повредно од другото.
Не ми криво што нема да ме сметаш во твојот круг на другарки на форумов, само не ми препишувај работи за контрање. Секое добро.
Факт е дека е иронично да зборуваме за феминизам, кога погоренаведените проблеми се дел од секојдневието.

Не сум на форумов за да имам другарки, другари или да ширам познанства. Секое добро Маја!
 
Се испотепаа жените во темата за феминизам и после мажите вакви онакви. :pos:
Инаку во врска со вработувањата кај нас, половата "не еднаквост"
и не е некој проблем колку што се...партиските вработувања, непотизам, и вработувања по рамковен.
Феминистки наши ве сакаме со сите ваши бубачки у главата.
 
Не знам кој е дискриминиран, ја бев скоро пред два месеци во една фирма поголема да ја речам, и прво што ми рекоја е дека вработуваат двајца од кои едно мора да е женско, а за тоа другото место ќе се бориме ние мушките. И фала богу не ми се јавија пак.
 
vo drzavata zenite se vo odlicna pozicija ..statistika postara nekoja od 180.000 nevraboteni 120.000 se mazi nevraboteni ..taka da brojkite govorat se ...zenite gi imaat site prava..
 
@CoolIris momentalno ziveeme vo najdobroto vreme za zenite.

Ovoj tribalizam na feministite koi voopsto ne sakaat da diskutiraat nekoi temi i ne sakaat da slusnat razlicno mislenje, e toa sho go unazaduva samoto dvizenje.

Konstantno se povikuvas na tradicija, zanemaruvajki gi togasnite situacii, okolnosti, istorija, kultura, kako da baras otchet od denesnite mazi za toa minato.

Da, ima nekoi dosadni predrasudi tuka kako "zentie ne gi interesira svetska vojna glupi se hehe" ili "zenite se glupi ne pisuvaat vo matematicki misterii" ama zarem ke dozvoluvas ova mislenje na totalni stranci da te vregja i da te definira?
Bidi stvarno Cool kako sho ti e vo imeto.


Ja na primer mislam deka mazite nepotrebno ja prefrlaat vinata vrz zenite, zatoa sho ne sakaat da gi prifatat svoite nedostatoci i nesigurnosti a i licemerie.
 
Феминист(к)ите треба да го насочат своето делување претежно во арапските земји каде што владее шеријатското право, а жените се премногу дискриминирани.
Не би требало да се занимаваат со свиркањето на жени на улица (catcalling) во европските земји (жената може тоа да го пријави во полиција или едноставно да го изигнорира манијакот), во време кога во гореспоменатите земји буквално на жените им се кршат сите права, не смеат да излегуваат од дома непокриени и без дозвола од сопругот, има полова сегрегација по маркети и ресторани, сведочење на жена на суд вреди двојно помалку од она на маж, мажот смее да има 4 жени а жената 1 маж.
Замислете како се чувствуваат жените таму кога вие се буните поради catcalling или поради ,,имаш добро газе, би те ебел".
Изигнорирај го или пријави го во полиција манијакот. Си има кривично дело ,,сексуално вознемирување".
Во Европа има полова нерамноправност единствено во некои сектори каде жените се помалку платени од мажите и тоа треба да се исправи што побрзо.
Исто така, доколку мажот се однесува предоминантно, не ве пушта да излегувате со друштво, сака се да е по негово и ве понижува, едноставно разведете се.
Не сте должни да трпите тортура.
Поентата ми е дека феминист(к)ите во Европа треба првенствено да се борат за економска рамноправност.
 
А што ако сум самохрана мајка? Самото прашање планираш ли деца е тешко, зошто тоа не му го викаат на некој маж?
Забрането е да се праша тоа на интервју (дали планираш да имаш деца). Ти бараш работа, а не милост каде ќе работиш еден месец и после одиш на породилно. И јас не би вработил трудна жена во 2/3. Ама немам проблем некоја да планира семејство која е во работен однос, тоа треба да се стимулира, а не да се казнува.
Автоматски споено мислење:

Факт е дека е иронично да зборуваме за феминизам, кога погоренаведените проблеми се дел од секојдневието.

Не сум на форумов за да имам другарки, другари или да ширам познанства. Секое добро Маја!
Ок, кога станува збор за семејното насилство, нема член кој нема да застане зад тебе, но кога фокусот е цитирање на книгите по историја со цел презентирање на жената како жртва во модерното општество со цел позитивна дискриминација (која ја има и во нашиот правен систем), тоа ќе им скисне на сите. Ако зборуваме за правото на глас, многу жени биле против правото на глас од свои причини. Ако зборуваме за абортусот, многу жени се против абортусот (не зборувам за силување, инцест, малолетничка проституција или загрозување на здравјето на мајката односно бебето), туку и за абортуси во рамки на бракот или затоа што не и се допаѓал полот на бебето! Не може да се постигне општа согласно околу некое прашање.

Дали има историски период во кој жената била во подобра позиција!?

Твоето размислување треба да води кон тоа каде треба да се гледа феминизмот во иднина, кои проблеми ќе ги решава и нудење решенија на тие проблеми. Ако се оди со отворање на прашања покриени со одредени закони, како Закон за наследство и подарок или ЗРО, а притоа не се нудат конкретни проблеми кои не се покриени, не се покриени доволно или лошо се покриени во овие закони, мене ме интересира кое е твоето решение за тие проблеми за кои говориш. :)
 
Последно уредено:
Твоето размислување треба да води кон тоа каде треба да се гледа феминизмот во иднина, кои проблеми ќе ги решава и нудење решенија на тие проблеми. Ако се оди со отворање на прашања покриени со одредени закони, како Закон за наследство и подарок или ЗРО, а притоа не се нудат конкретни проблеми кои не се покриени, не се покриени доволно или лошо се покриени во овие закони, мене ме интересира кое е твоето решение за тие проблеми за кои говориш.
Токму тоа беше поентата на сите мои постови. Јас никаде не кажав дека ние денес не уживаме никакви права, туку бев испровоцирана од женски коментари од типот на поделби на машка и женска професија (под дифолт, т.н. женски професии се послабо платени), жените смеат да плачат, а мажите не, мажите се мускулести и силни, а жените се слабаци. И се додека е тоа присутно, феминизмот е потребен. Во иднина? Да се искоренат ваквите сфаќања, да се заштитат жените во сите сфери на општеството. Искрено, немам многу време за да пишувам на долго и на широко. Меѓутоа и те како сме сведоци на родови дискриминации и сексуализација на жените во секојдневниот живот. Како нешто што беше поактуелно во последно време, ќе го издвојам случајот "јавна соба" . Или заборавивте?

А џендермаркетинг? Зошто не постојат полово неутрални играчки? Зошто уште како девојчиња и момчиња децата ги воведуваат во родови улоги? Зошто на машкото дете не му купуваат кукла? Па и тоа дете треба утре да има татковски инстинкт.

А тоа што зборев за традициите....нееднаквоста меѓу мажите и жените има долга традиција и како таква вредно е да се спомене, за да се стави акцент на напредокот кој што се постигнал низ годините во однос на оваа тема. Уште Аристотел сметал дека жената е дефицитарна во однос на мажот, дека е деформација на природата и треба да служи како машина за расплодување. Дека е супериорна само во домаќинството. Дискриминации имало и во западниот свет. Наука, религија, култура, сите сфери од општеството. Патријархатот и традицијата се соперници во остварувањето на женските права и како такви, ако не бидат споменати во темата "феминизам", каде би ги споменале? Ако не ги споменам Клара Цеткин, Роза Лулсембург и Александра Колонтаи на оваа тема, каде?
 
Море треба и мажите да отвориме една тема за да се жалиме, еве мене летово најмногу ми смета и ме нервира што во најголем дел од институцитие мажите не смеат да влезат со кратки панталони, а жените смеат со сукњи/фустани - оти ние да се вариме на жешкото, а вие да си се ладите?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom