Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Каде има вакви случаеви? Јас не познавам жена која завршила факултет според еднакви критериуми и била дискриминирана во однос на плата и работа.
Отиди како жена на интервју и ке те питаат дали планираш да имаш деца, и ако речеш дека си бремена нема шанси да имаш работа на тоа место.
 
И тоа како ги има! Верувај, особено кај нас во Македонија и на Балканот. Ни сама не си свесна до кој степен оди балканскиот менталитет.

Нешто што скоро го слушнав од една познаничка. Сакала да се вработи како келнерка, плата 15 000. По игра на случајности, си нашла подобро платено работно место, а на ова претходното дошол маж. Плата? 17 000. Причината за тоа? Бакшишот кој ќе го заработи девојчето трепкајќи со очињата.

И со факултет има. Јас лично сум сведок на такви луѓе околу мене.

А ќе го игнорираме фактот дека поголемиот дел од угостителите бараат келнерки наместо келнери ? Не само што не сте дискриминирани, туку сте во предност

Отиди како жена на интервју и ке те питаат дали планираш да имаш деца, и ако речеш дека си бремена нема шанси да имаш работа на тоа место.

Е за ова веќе има логика да се буните, зошто не само прашањава туку чест е и отказот после породилно отсуство за жал.
 
Ако девојчево нема искуство и се појави искусен келнер, платата ќе му биде повисока сигурно. Келнерки третирани како проститутки можеби во Гостивар или слично, во Скопје е надминато како стереотип. Тие што лакираат нокти се посебна категорија и не се за тема феминизам.
Како проститутки бе а ако нема друг избор за работа и мора во кафич? Те ради вакви стереотипи ни треба феминизам, проститутка оти работела во кафич, боже ме сачувај
 
Отиди како жена на интервју и ке те питаат дали планираш да имаш деца, и ако речеш дека си бремена нема шанси да имаш работа на тоа место.
Жена да е газдарица истото ќе го направи....еве и ти стави се на таа позиција. Не може да очекуваш некој да глуми Мајка Тереза.
 
Жена да е газдарица истото ќе го направи....еве и ти стави се на таа позиција. Не може да очекуваш некој да глуми Мајка Тереза.
А што ако треба да биде самохрана мајка да не може да најде работа како ке го издржува тоа дете?
 
Отиди како жена на интервју и ке те питаат дали планираш да имаш деца, и ако речеш дека си бремена нема шанси да имаш работа на тоа место.

Па нема да имаш ако си бремена веќе, за некој месец ќе одиш на породилно и ќе те нема година дена. Зошто да те вработат реално?
Размислувате ли логички малце пред да пишете вакви работи, знаеш, малце да се види перспективата и од другата страна?
 
А што ако сум самохрана мајка? Самото прашање планираш ли деца е тешко, зошто тоа не му го викаат на некој маж?
 
А што ако треба да биде самохрана мајка да не може да најде работа како ке го издржува тоа дете?
Да си жива и здрава...ако е самохрана мајка/татко треба државата да помогне некоја година. Не да очекуваме милостиња.
Автоматски споено мислење:

А што ако сум самохрана мајка? Самото прашање планираш ли деца е тешко, зошто тоа не му го викаат на некој маж?
Мене у една фирма ме прашаа дали имам жена и деца....демек ако имам боље за него. Ќе ми биде потешко да сменам работно место :D
 
Во врска со темата ме нервира и фактот дека мажот што покажува емоции не е маж, што ако има ментално пореметување пример е депресивен на кого да се пожали? И после зошто самоубиства повеќе, одма му ставаат врз глава оди бе војства оди рмбај, ако спомне дека не се чуствува силно психички...
 
Јас сум ЗА еднаков третман и право на избор во општеството.

И јас сум за ова. Плус сум да има мир во светот, и да ги спасиме делфините и пандите.

И black lives matter, да не заборавам.
 
Последно уредено од модератор:
Во врска со темата ме нервира и фактот дека мажот што покажува емоции не е маж, што ако има ментално пореметување пример е депресивен на кого да се пожали? И после зошто самоубиства повеќе, одма му ставаат врз глава оди бе војства оди рмбај, ако спомне дека не се чуствува силно психички...
Прво 9 од 10 жени не преферираат емоции кај мажи. А друга работа е што покажување емоции не е психичка слабост.
 
Поголем проблем со келнерките е што се третирани како проститутки од некој процент на клиенти. Затоа у принцип тешко се нафаќа фино девојче на таа работа. Она што ќе го најдеш е нешто што ќе си лакира нокти на работно место...ова е лично искуство.
Е токму тоа е причината зошто е потребен феминизмот, за да се подобри положбата на жената во општеството, во кое жената е потчинета.
Ако девојчево нема искуство и се појави искусен келнер, платата ќе му биде повисока сигурно.
Воопшто не зборував за искуство. Впрочем, мислам дека тоа го пишав во претходниот пост. Мажот или жената, врз основа на нивниот напредок во работата треба да се наградуваат. Нивниот труд и резулати да се ценат и вреднуваат. Но, поеднакво!
А ќе го игнорираме фактот дека поголемиот дел од угостителите бараат келнерки наместо келнери ? Не само што не сте дискриминирани, туку сте во предност
Значи, пак станува збор за дискриминација на жените, ако се водиме според вашите ставови дека ги гледале келнерките како проститутки. И за тоа е потребен феминизмот!

Знаете, очекував вакви коментари и цитирања да добијам од страна на машкиот пол. Но, она што ме фрапира се постовите од женскиот пол на темава. Генерално, не сум расположена да пишувам постови на вакви теми, ама кога ја отворив темата не можев никако да останам имуна на тоа што го прочитав. Буквално се распиздив на женската глупавост!

Понекогаш посакувам сите вие што пишувате вакви работи, да се вратите во времето пред постоењето на феминизмот како таков. Да седите дома, да немате право на глас, да немате право на образование....да ви се одземат сите права на слобода кои сега ги имате. Да се омажите по желба на родителите. Да си бидете во кујна, да си раѓате деца.... и кога ќе добиете ќерка, паметна со капацитет, од типот на Моцарт, да се обидете да и објаснете зошто нема право на образование, туку мора да научи да готви и да се грижи за домаќинството. Развод во случај на малтретирање, ни на сон! Право на абортус во случај на силување, ни на сон! Колку и да звучам сурово, сурови сте вие со своите ставови и криво ми е што ги уживате правата кои денес ги имате благодарение на феминизмот.

Ако стварно мислите дека живееме во толку розово општество секоја чест. Примерот што го посочи @hellouyyy , беше банална работа, а е нешто што постои како такво и е реалност дури и во Македонија. Препишување наследство на машките деца, тапшање на жената по рамо да трпи насилство во бракот по секоја цена. Дали знаете колку жени се жртви на семејно насилство во државата? Мислам дека сте многу ограничени кога станува збор за сфаќањето на значењето на зборот феминизам. Отворете ги очите, разгледајте на околу, сигурно и во најблиското опкружење ќе најдете некој со такво затуцано размислување. Всушност, верувам дека и на вас како жени некогаш ви се случило да бидите дискриминирани, за некоја банална работа.....од типот, не смееш така да седиш на креветот, ти си женско! Не смееш да пцуеш, ти си женско! Зошто толку кратка сукња? .. или одете во темата "курва во кревет", па ќе видете до кај иде дискриминацијата и лепењето етикети на жените.

Што се однесува до емоциите, кажав и за тоа. Мажите и жените се суштествата чија што суштина на постоењето се нагони и емоции. Проблемот не е во тоа дека мажите како мажи не смеат да плачат, туку проблемот е во менталитетот. И мажите и жените во некои сегменти се кревки и нежни, а во некои доминантни. Како и да е, тоа нема никаква поврзаност со рамноправност, туку, како што кажав, со контрола на емоции!
 
Колку и да звучам сурово, сурови сте вие со своите ставови и криво ми е што ги уживате правата го денес ги имате благодарение на феминизмот.
Секое машко има мајка и повеќето сестра, ќерка, внука, па и да отидеме малку подалеку прва братучатка да речеме. Правата треба да се темелат на оваа поврзаност.....муслиманиве не можам да ги разберам баш заради ова.
Она секоја жена е курва ама мајка ми не е....тука треба да е основата на целава работа. Не се бориме секогаш заради работите што лично на нас ни се убави, туку и за добро на луѓето што ги сакаме.
Правата треба да се темелат врз база на љубов спрема нашите блиски, не заради мафтање пароли по улици....нема потреба од тоа.
 
Е токму тоа е причината зошто е потребен феминизмот, за да се подобри положбата на жената во општеството, во кое жената е потчинета.

Воопшто не зборував за искуство. Впрочем, мислам дека тоа го пишав во претходниот пост. Мажот или жената, врз основа на нивниот напредок во работата треба да се наградуваат. Нивниот труд и резулати да се ценат и вреднуваат. Но, поеднакво!

Значи, пак станува збор за дискриминација на жените, ако се водиме според вашите ставови дека ги гледале келнерките како проститутки. И за тоа е потребен феминизмот!

Јас не сум на став ниту ги гледам келнерките како проститутки, едноставно таква е природата и газдите (може да биде и жена) гледаат што ќе им биде плус во бизнисот. Како најде дискриминација во случајов кон жените секоја чест :ROFLMAO: и во рудниците сте дискриминирани, 100% од работниците се мажи таму

Одете таму во Арачиново да протестирате оти Африм на Аделина не и дава ни до град да отиде сама, е така ќе бидете прави феминистки. А не да барате влакно во јајцето каде што очигледно го нема..
 
Знаете, очекував вакви коментари и цитирања да добијам од страна на машкиот пол. Но, она што ме фрапира се постовите од женскиот пол на темава. Генерално, не сум расположена да пишувам постови на вакви теми, ама кога ја отворив темата не можев никако да останам имуна на тоа што го прочитав. Буквално се распиздив на женската глупавост!

Понекогаш посакувам сите вие што пишувате вакви работи, да се вратите во времето пред постоењето на феминизмот како таков. Да седите дома, да немате право на глас, да немате право на образование....да ви се одземат сите права на слобода кои сега ги имате. Да се омажите по желба на родителите. Да си бидете во кујна, да си раѓате деца.... и кога ќе добиете ќерка, паметна со капацитет, од типот на Моцарт, да се обидете да и објаснете зошто нема право на образование, туку мора да научи да готви и да се грижи за домаќинството. Развод во случај на малтретирање, ни на сон! Право на абортус во случај на силување, ни на сон! Колку и да звучам сурово, сурови сте вие со своите ставови и криво ми е што ги уживате правата кои денес ги имате благодарение на феминизмот.

Со ова се покажа колку си ти феминист. Јас не се согласував со дел од твоите мислења, па никаде не те нареков глупава. Јас коментирам ко женско на темава, па се пронајдов.

Ова цитираново вришти на нервоза, неприфаќање на туѓо, различно мислење, субјективно гледање на работите и емоционално фаќање на тоа како било во минатото. Тие работи не ти требаат во дискусија, зашто јас не можам вака да те сфатам сериозно. Малце пообјективно и без емоции не е на одмет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom