UEFA Champions League [2019/20]

  • Креатор на темата Креатор на темата LostParadise
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го крене овогодишниот Uefa Champions League трофеј во Istanbul ?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
FT Bayern Munich-Barcelona 8-2
Just imagine... we should have won against Lyon... then Manchester City... and then this Bayern Munich JUST to arrive to the final
1f605.png


Среќа раат сме, па нема замарање до крај :D
 
Не ти е ама ај :)
Реално после ваков дебакл и Парис Хилтон да ти ја донесат нема да ти е полесно :ROFLMAO:
Море нека ја донесат Ирина Шајк не да ќе ми е полесно и за Реал ќе почнам да навивам :icon_mrgr:
 
Другар, имаат многу играчи за чистење, подобор да ризикуваат 3-4 години без титула него да лупаат големи пари и најголем успех да им биде финале копа дел реј.

Пјуиг, Де Јонг, Фати итн.
Имаат доста млади играчи - таленти. Со продажбата на сите тие звучни имиња ќе се ослободи огромен буџет за плати а и добри пари ќе може да се земат. Тука зборам за 15 тина фудбалери да продадат.
Потребно им е тотално менување на „крв“ у соблекувална. Толку од генерацијава, ако лошата игра цела сезона не ни го потврди тоа овие 8 гола го потврдија. :)
Боље 3 години на средина на табела па враќање со трофеи одколку 3 години очобол и никакви резултати :)

Абе сето тоа шо го пишиш има логика,само пак ќе спомнам...Барселона е клуб каде што притисокот е до небо,неможат да поднесат Реал да биди пред нив во првенството, а тоа што Реал освојуваше ЛШ овие уште толку ги попари па му се случи Рома и Ливерпул....не си дозволуваат тие такви ексурзии без титули и да прават тим со млади деца....сега дури можи да фршнат еден кош пари за нови играчи и ништо чудно да го земат Лаутаро...само ако го земат се надевам нашите ќе ги исцедат до коска.
 
Кој беше тука пишал зошто Милер уште е прва постава во Баерн?
Најмногу истрчани километри вечерва...
 
Каков Чави, ниту тој е спремен да води голем клуб ниту на Барселона им требаат такви експерименти.
Треба тренер со реноме, Покетино не е лош избор.
На крај ќе им го донесат Венгер и нека стават клуч на клубот :)
Добро а што ќе напраи покетино сега?
Види им го составот на барселона. Милијарда да потрошат на трансфер пазаров треба за да се средат. Дали 7-8 играчи од овој тим вредат да останат... Не зезај. Никој сеа не може да им „гарантира“ успех следна сезона. Потрошена генерација е веќе ова и тоа е тоа.
 
Барселона не е некој селски клуб па да го остават тим да си гради...една година ако не освојат титула одма глави летаат....значи не зборваме за Ливерпул од 2015 каде трофеј немаа видено па ајде ќе го остават Чави да си прави забава....Барселона се навикнати на трофеи,титули и големи достигнувања....кај нив тешко оди,преголем притисок имаат
Навикнати се последниве 15 години. Пред тоа јакиот кур фактор беа. И Ливерпул некогаш бил навикнат па се одвикна. Ништо страшно, процес е тоа. Како што може Ливерпул, Јунајтед, Интер, Милан итн да врват низ тој процес ќе можат и Барселона.
Патем преглупава одлука на сред сезона да менуваат тренер со кој двапати претходно одвоиле домашна титула. Ова само Барселона, Реал и Челзи можат да го направат. Со Валерде каков таков можеби ќе земеа некако примера. Тешко ама имаше шанси. Со овој копукот Сетиен ни егзибиционен турнир не би освоиле. Се мислев пред утакмица можно е Меси да распали да има некое изненадување можеби, ама реално не можев да замислам Кике Сетиен да освои титула во ЛШ. Едноставно не оди.
 
Абе сето тоа шо го пишиш има логика,само пак ќе спомнам...Барселона е клуб каде што притисокот е до небо,неможат да поднесат Реал да биди пред нив во првенството, а тоа што Реал освојуваше ЛШ овие уште толку ги попари па му се случи Рома и Ливерпул....не си дозволуваат тие такви ексурзии без титули и да прават тим со млади деца....сега дури можи да фршнат еден кош пари за нови играчи и ништо чудно да го земат Лаутаро...само ако го земат се надевам нашите ќе ги исцедат до коска.
Да имаше притисок ко што викаш ремонтот ќе беше направен после Рома.
 
Добро а што ќе напраи покетино сега?
Види им го составот на барселона. Милијарда да потрошат на трансфер пазаров треба за да се средат. Дали 7-8 играчи од овој тим вредат да останат... Не зезај. Никој сеа не може да им „гарантира“ успех следна сезона. Потрошена генерација е веќе ова и тоа е тоа.
Абе со се чистачи треба да се смени се од корен.
Ете Пиќе изјави дека ако е потребна свежа крв тој прв ќе се пријави да замини, така да во секое лошо има и добро :)
 
Барса и Реал не се приватни, и заради тоа се најтешките клубови за ремонт. Флорентино не чепна ништо 3 години кога освои 3 лш по ред, и сеа данокот доаѓа. Кога имаат вакви клубови добитна комбинација ги форсират до крај, трансферите се само по една клучна позиција во една година.

Барса е во слободен пад од трансферот на Нејмар во ПСЖ, следеа еден куп паник трансфери, обвинувања за корупција, скандали со закривање данок, играчи со форма на ниво на ФК Добој, и сеа стигна сметката. Плус клубот е главна алатка за политичките игри на Каталонија, и единствена причина поради која моменталната управа не е во затвор, е тоа што тогаш се десија немирите и протестите и фокусот падна на тоа. Бартомеу е прљав до восокот шо му е во уши, готов беше со трансферот на Паулињо али успеа да спаси гз во последен момент.
За Кутињо уште тврдам дека не доби права шанса во Барса. Дали не успеа да се вклопи во кланот, стварно незнам шо беше работата али дефинитивно не доби шанса да се покаже во Барса.
 
Да имаше притисок ко што викаш ремонтот ќе беше направен после Рома.

Ама завршуваа пред нив во Шпанското...тоа ги залечуваше раните и пак се тешеа дека се пред Реал.....Ла Лига сепак не е мал успех
 
Осеќам ќе не раздени сите вечерва, не се дочитуваат мемињата на социјалните мрежи :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom