Вистина ли е лешпери?! Самото споделување не го личи, на крајот тоа и не е така битно, како претставник на народот не се фокусира на тоа дека 170 луѓе останале без работа, се фокусира дали министерката си ги подигнала своите пари.
Не е претставник на народот, туку е претставник на 12-13 илјади луѓе кои гласале за него во ИЕ1 или максимум 40ина илјади луѓе кои гласале за партијата на ниво на цела држава. И голем дел од тие гласачи се ок се таквиот речник каде што е потребен. А во случајов, споменувањето на ТАТ веројатно е претерано во ситуацијава (а може и да не биде претерано, ќе видиме), но револт секако е оправдан.
Претставник на народот кој се грижи за 170 луѓе кои останале без работа може да биде "победникот на изборите", "најтранспарентната партија" и слични блескоци, односно партијата на споменатата министерка, чијашто пратеничка група ќе биде носител на идното парламентарно мнозинство како што нели јавно се искурчуваат. И во таква ситуација, вработените кои остануваат без работа и клиенти на банката преку ноќ остануваат во незавидна положба, додека луѓе од блескавата извршна власт навреме си ја средиле работата. Баш реакции како таа на Апасиев "ги личи" во ваква ситуација.