Интересно е да се види како овие два три дена се однесуваше сета новинарска фела од Италија и како всушност фамилијата на газдата со споени веѓи ги држи 90% од спортските медиуми. Со нула денови стаж како тренер, Пирло веќе го рамнат со Гвардиола, Клоп и Зидан, а навивачите им паѓаат во несвест место да седнат и да се запрашаат како се спуштија од коњ на магаре за нецела година.
И обавезно споредбите се строго со Гвардиола, Клоп и Зидан, а никако со генијалци како Марадона, Ван Бастен, Тиери Анри, па ајде и Лотар Матеус и Боби Чарлтон кои дел биле освајачи на Златна топка и знаеме какви играчи, а никакви тренери. И тоа сите коа станале тренери биле со далеку помал притисок и во поинаква средина од ситуацијава на Андреа Пирло сега.
Една од појаките анализи деновиве на еден новинар на Тутоспорт ми беше кога го опиша Пирло како сигурен избор за Јувентус, затоа што бил фудбалски генијалец и бил ислкучително ПРОАКТИВЕН и СЕ ТРУДЕЛ НАЈВИШЕ на тренинг курсевите во Коверичиано.
Да не се разбереме погрешно, јас стварно би сакал Пирло да стане добар тренер, чоекот ми напраил само добро и го почитувам, стварно беше генијален фудбалер и све тоа, ама убеден сум во она што го пишав наназад. Сметам дека ова воопшто не му требаше ниту на Јувентус ниту на Пирло во овој момент, освен ако не е тивок и однапред договорен, под превез на револуција, финиш и заокрет на една ера на овој тим на Јувентус. Сакав само да нагласам и да се согласам со џимеј како цела машинерија се буди во Италија кога е Јувентус во некакво срање. Одеднаш никој ни збори ни мисли за тоа дека на почетокот на сезоната во ЛШ, еден од најголемите фаворити за освајање - Јувентус, испадна од Лион во прва елиминациона утакмица, туку одма све е преполно со Пирло и неговата недвојбена генијалност и споредби со што ти ја знам, само еден ден по испаѓањето и разочарувањето. Ањели им даде две топки во раце на неговите навивачи да си играат и да не мислат на тоа дека Лион ги испадна.
И најјакото во дискусијата со фанови на Јувентус: увек коа ќе се дојде на некој начин во теснец со аргументи се одговара со: Што разбираш бе ти, не знаеш ни да читаш италијански, си прочитал англиски (не, ти знаеш и разбираш топкиве што главен извор ти е Момблано и мислиш дека Ди Марцио е медиумската фела во Италија), или: абе сите вие други навивачи сте искомплексирани од Јувентус и само жалопојки пишувате, кукате, сонувате да го достигнете тоа што Јувентус го има достигнато, или она исконскиот аргумент пред кој и боговоите молчат: како не ти е срам бе? Лупаш глупости и бла бла бла. Нема дискусија во оваа тема ако се укључи лоботомиран навивач на Јувентус, бате некое кое не го кривам јас, така е програмиран низ времето.