- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Многу херојски е раскажано и пренапумпано. Накратко Истра и Далмација се напуштаат од италијаните, а усташите немаат капацитет па затоа не ги заземаат, па поради тоа што веќе и врапчињата знаат кој ќе победи и дека НДХ ќе биде минато одат во партизани. Тоа е тоа без патетики кажано, а на територија на НДХ дури откако ХСС се огласува и се напикани во шише усташите се омасовува движењето. Нема ништо херојско во партизанското хрватско движење, се работи за личен интерес и претежно промена на германски со советски дрес.Знаеш што, 43та можеа да си се загрлат со тие од НДХ кога ја снема од таму Италија, но знаеш што продолжија даље. Исто така во Далмација и на територијата што беше под НДХ партизнаите беа масовно поддржувани.
Инаку како објаснуваш одзивот во пример Загорје кое што е 99% хрватско? Колку народи ќе ја имаат таа самокритика да дигнат рака на номинално нивна национална држава? Верувам повеќето, но што е тогаш тоа што ги прави хрватите геноцидни?
Па баш затоа, затоа што не е сателитска држава без многу право на избор е таков тој режим. Инсталиран на сила и на власт донесени 500-1000 души што дремат во Италија во логири за обука кои се минорна политичка опција во предратна Хрватска (главна партија е ХСС).
Прогласуваат Хрватска држава, народ воглавном ја прифаќа затоа што не ја сака СХС. Како каталист за нејзина помасновна поддршка се и неколку помали масакри во хрватското население од остатоците на краљевата војска (Април 41ва Мостар 5 убини,Чапљина 40, Дервента 17 итн.)
Тој режим веднаш по доаѓање на власт почнува страшни ѕверства и остава големи хрватски простори на милост и немилост на италијаните и четниците. Во тие делови (Далмација,Горски Котар, Истра) почнува да се формира отпор, а после инвазијата на СССР хрватските комунисти почнуваат во соработка со локалните срби и отпор во остатокот од Хрватска.После капитулацијата на Италија и давање на западот поддршка на партизаните ХСС дава проглас да се придружуваат хрватите кон партизаните (координираново Тито тогаш дава и амнестија на домобраните што ќе се придружат на партизаните) и партизанското движње во Хрватска станува доминантно.
Значи не се хрватите толку поразлични од другите?
Инаку ако сакаме да бидеме технички точни во Бугарија и Романија тој отпор е чисто политички од страна на припадници на комунистичката партија. Во Хрватска 41'ва е истата ситуација, поради тоа само 21% од хр. партизани се Хрвати само, но како тече време тоа се менува.
Како што кажав не беше неочекувано да се противат хрватите на формирање на своја држава, туку беше неочекувано тоа што го правеа со покољот на цивили. Тоа се дискутира, а не кој колкава територија окупирал, зашто тоа реално го имаше во цела Европа. А некаков си бунт нормално дека се очекува за второво, кога горе долу цел народ знае за злосторствата. Да не се лажеме за Јесеновац знае и Степинац, знае и цел државен апарат, војници и све тоа. Некои с 10% да шушнале по комшии и роднини и ете ти пола хрвати минимум би дознале. Не се случувало ова во камено доба, туку кога народот масовно користел средства за превоз и флуктуирал по територијата на НДХ.
И геноциден народ не се мисли дека имале некоја си ДНА-секвенца туку колку невини луѓе испоклал некој за да исчисти простор. Наречи го ова како сакаш, но факт е дека се работи за речиси колективно злосторство од хрватите и нема перење па макар и тие самите Берлин да го ослободиле.
Прилично солидно мислење сум имал за тебе како член на форумов, затоа ме фрапира уште вчера твоето мислење во врска со ова злосторство, кое веројатно(и дај Боже) ќе биде со векови најголемо во историјата на Балканот.
Последно уредено: