Мојот коментар беше реплика на Рики и "Стално кога се кршеше резултатот Дибала беше главен."
"Се крши резултатот" се вели обично при крај на натпреварот, во последните решавачки секунди, а не на почеток при 0-0 како што пиша ти. Дибала најблиску до такво нешто беше само против Милан (ја реши во 77ма и го затвори натпреварот)
Но ете да не биде само Милан извадив бројки од натпревари каде неговиот учинок имал голем импакт врз крајниот резултат. И пак не се многу натпревари за МВП.
Да ти дадам одговор. Имобиле и Роналдо. И двајцата би ги ставил пред Дибала во изборот за МВП (иако има уште во конкуренција)
Јас се врзав исклучиво за „интерпретацијата“ на статистиката на Дибала, која во секој случај е нелогична, да не кажам дебилна.
Дибала според мене е доста сличен играч со Хазард, особено од аспект на статистиките. Тој не се замара многу со тоа да постигне гол по секоја цена, игра тимски, не форсира безвеза удари и ако Јуве пример води 3-0 знае да си кулира на теренот, а не да брка голови за поголеми бројки. За разлика од Роналдо секако.
Земи го во предвид фактот дека Дибала во Јувентус, особено сезонава има улога и на креатор на играта, со оглед на тоа што средината ни беше мртва, многу често се враќаше од наша половина да земе топка, да разигра бекови, да ја мрдне играта.
Ова го потврдува и фактот што тие 11 голови се на 11 различни натпревари.
Импактот на Дибала сезонава многу потешко може да се изрази преку статистика, едноставно тој играта на Јуве ја крева на сосема друго ниво.
Еве ти еден едноставен пример против Рома на гостински терен:
Имаш тешко гостување во Рим, 19то коло, голема шанса за губење бодови. Првите 10 минути Дибала со асистенција и украдена топка пред шеснаесетникот по што следува изнуден пенал и водство од 0-2. Game over.
Да не ги споменувам двата дерби мечеви против Интер (главниот конкурент за титула) каде што беше најдобар на теренот без конкуренција, особено сега во март пред паузата, несомнено мечот во кој ја освоивме титулата.
Знаеш што е најинтересно кога играчите на Јуве се оценуваат за играта во Серија А сезонава? Излегува дека сите биле дрва, имале лоша сезона, немале појма, а Јуве освои титула на две кола пред крајот
Роналдо од пенали давал голови, Дибала бил слаб, Де Лихт врска немал, Квадрадо чист просек, Сандро чист просек, Бонучи онака, цела средина мртва (ова е точно), за Игуаин, Коста и Бернардески да не зборуваме.
Тоа е накратко...