Тука многу јасно пишувам зошто таа го постирала тоа, јас едноставно верувам дека таа мисли дека навивачка парола е, не дека јас викам дека е навивачка парола.
Прво, немој со претпоставки што тоа ти мислиш дека некој мислел кога заговарал/поддржувал геноцид, затоа што ти лично си напишал дека секоја ваква појава треба веднаш да се осуди, без никакви правдања, мислења, анализи... Претпоставките, во вакви според тебе јасни ситуации, се дефокусирање од злото. Секој што дефокусира - нема чесни намери, според тебе.
Второ, како тоа ти веруваш дека таа верува дека мисли дека е нешто, кога си го пишал ова:
глумите повредени од таа мапа, која патем е во спортски контекст и политички не би требало ништо да значи.
Е тука, пуно, ти кажуваш нешто, не полемизираш. Кажуваш дека нештото(мапата) има некаков контекст(спортски, навивачки) и дека не би требало да и се дава некаква друга конотација(политичка). Значи, го тврдиш тоа, затоа шо нема овде „мислам дека“ или „ако јас се прашувам“.
За тоа праиме муабет, дека си одвратно лицемерен, дека не ти е битно тоа дека си одвратно лицемерен, оти за да ти е битно треба да имаш попримено некои цивилизациски вредности, да имаш некое базично достоинство, некоја индивидуална...благородност. Ама немаш. Немаш ставови, немаш свое мислење, уствари ти не ни постоиш надвор од твоето племе. Пуно како лик овде е единствено идентификуван како апологет на своето племе, со 99% од постовите во одбрана на племето и десетина за Game of Thrones.
Е тоа ми беше поентата. Тоа беше и темата. Не беше ниту Сопот ниту балистите во кичевско во 43та.