Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Апасиев е избран пред неколку години од страна на американските служби,добро е проценет неговиот карактер интелегенција тепмерамент лојалност и страв,и е пуштен сега да си ја обработи работата.
Со шарените добро ја одработи па сега му дадоа следна задача.
Да, баш Америка му рекла стави таму у тоа програмата отповикување на Јужна Кореја, Израел и Косово :facepalm:
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Обично се враќам дома околу 21 часот. И нормално ко секој човек се потсредиш малце и оп на кревет да глеаш вести нели у 22:00 кога они више тераат за Трамп.
Откако Левица доби 2 пратеника вестите почнуваат 5 мин порано. Точно у 22 00 сдсм е на телоп долу со милијарди евра од еуропа.
Дпне пак испоисфрлиле се што нее за еу у партијата и се праат појаки гзолижачи од сдсм.
Пошо нели Алфа само збори за дпне сеа, останатите први сдсм го акаат у нула нула време.
#СтараШемаИстиБудали

vesti.jpg
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Леле што глупости се изнапишаа.

Малце истражување нема да е на одмет луѓе.

Прво, за да коментирате, мора да го истражите контекстот на нештата и да прочепкате и малку подлабоко да добиете генерална идеја, наместо про-форма површни опсервации и коментирање.

Имено, Македонскава партија Левица, е на иста идеолошка линија со останатите “екстремно левичарски” партии во, пред се, Европа.

Нашава Левица е да речам последна од низата нео-левичарски партии во Европа, кои се парламентарни играчи во скоро сите држави, можеби една декада наназад. Како такви, тие веројатно добиваат поддршка од Die Linke(Германија) и Podemos (Шпанија). Има уште многу вакви партии, но овие ми паѓаат на памет во моментов. Сите тие партии, јавно повикуваат на бојкот против еве Израелски производи. Во Ј.Кореа мислам дека е забрането формирање на ваков тип на партија токму заради оваа причина. Die Linke беа поистоветувани со фашизам кога Меркел го посети израел, и во континуитет повикуваст на бојкот против Израелски продукти.

Арно ама, нашиве кутри политички експерти поим немаат да соберат 2+2, и со тоа го изразуваат сето свое незнаење, поистоветувајќи ја Левица и на овој начин со некаков фашизам. Да разјаснам, нема ова никаква врска против евреите како народ. Проблемот со овие три држави е фактот што Европската екстремна левица е масивно против војните за територии од “стратешки интерес” за УСА како што се триве наведени. Исто така, екстремната левица масовно се залага (барем така се декларираат) за ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА и спречување на американскиот империјализам, hence анти-НАТО ставовите на Левица од МКД.

Може ова да ви се допаѓа или не, може ви е нелогично... ама тоа се ставовите на европската радикална левица во последниве 10+ години, и по таа основа, Мкд Левица е на иста идеолошка линија со своите Европски партнери, да ги наречам.

Ова и мене ми беше парадокс уште во 2016та кога се мислев да ги гласам ама не искочив воопшто. “Кои сме ние да наредуваме/одлучуваме за држави кои се 100000 пати помоќни од нас и можат да не збришат за 1 секунда”. Но, ова е само идеолошка линија контра Американскиот глобален експанзионизам и империјализам, макар про-форма. Затоа они (левичарите) немаат ништо против, да речеме Баскија или Каталонија (кои се пстем стожер на Шпанскиот комунизам), бидејќи тоа се стреми на стриктни намери на населението за отцепување, наместо (историски а и сегашен) Американски гео-стратешки интерес во даден регион.

Исто, секоја партија за да достигне раст (среднорочен, краткорочен или долгорочен) мора да има популизам. Така функционираат нештата во 2020.

Јас лично, немам проблем со ова, бидејќи се доследни на Европската радикално левичарска кауза (иако со ова покажуваат дека се copy-paste во поглед на идеологијата и програмата и губат на автентичност). Но, би имал и те како против ако почнат како партија да јаваат на секоја “популистичка” тема како еве на пример - 5г, вакцини, мигранти (по теркот на Пернар/Жив Ѕид) со што тотално ќе го изгубат својот идентитет.

Имаше едно видео од Германскиот бундестаг кое стигна до Балканот и беше споделувано доста од симпатизери/поддржувачи на десни опции во МК, кадешто припадничка на Die Linke повикуваше на престанок на “орангутанството” поддржано од Америка од страна на Албанците на Балканот... и сега имаме обратно сценарио, кадешто Левица е етикетирана како основа за нестабилност на регионот и слични полувистини.

Моќни се соросписките ботови, се гледа од километар дека сакаат да ја оцрнат оваа партија и да ја изедначат со Интегра во поглед на баналности кои се извадени од контекст. Кога сме веќе на таа тема, fun fact, Бугарија има лансирано “комуникациски” сателит, кој коштал некаде околу 250-300 милиони евра.
Не дека Интегра не се смешници, ама тука се разголија сороските твитерџии колку само се тешки ботови.

Остајте ги нека твитаат на раст, за некоја година само таквите “woke“ ликови ќе си останат на таа социјална мрежа, како што почнало... Ќе си се согласуваат едни со други и ќе си мислат дека само они се во право и дека се мнозинство. Ете, качија левел и почнаа со bullying, очито по нарачка.

Ако сакаме/сакате да ја помогнете каузата и, мора малце подлабоко да прочепкате/прочепкаме и со вистината и објективноста на наша страна, заеднички да се изборите/избориме против вакви полу-обиди за оцрнување.
Браво!:bravobe:Цело време се обидувам да им го објаснам истото, но ете смотан сум за да ме разберат. За цела среќа се најде некој со поширок речник и познавање на работата за да објасни некои работи. Кој не го мрзи ќе си прочита и ќе му се разјаснат некои работи.

Нејсе... Читам како Левица биле досадни и иритантни со приговорите и тужбите. Која небулоза човече. Да си легнат на брашното не чини, да се борат за правда не чини. Господе дај ми трпениееее!:place:
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.067
Поени од реакции
1.185
Дефинитивно. А надворешната политика е исклучително важна, настрана што луѓе мислат дека прво треба проблемите да се решаваат внатре во државата. Неретко тоа се заемноповрзани работи, затоа што да бидеме реални, „реал политик“ е реалност.

Кога сме кај политиките кои ги застапува Левица, пример мене ми се допаѓа државата да биде во една изборна единица, што се надевам ќе доведе до вистински партиски плурализам.

Не е само Левица/Десница за една изборна единица, за тоа се скоро сите помали партии кои беа дел од кандидатските листи за овие парламентарни избори.

Но проблемот е во двете најголеми партии кои вешто глумат, едната партија е за една изборна единица а втората е контра тој предлог.
Вешт таен договор меѓу двете најголеми партии со кој тие партии остануваат лидери во политичкиот систем.
Автоматски споено мислење:

Аха. Значи ти ја прочита цела нивна програма, и не виде ништо позитивно, ама виде нешто ептен небитно па дојде тоа да го разглабаш?

Позитивно во програмата на Левица/Десница е што пишува дека се за забрана на употребата на името ВМРО во политички партии и контест.

Нормално, освен ако ова не им е само шминка колку да покажат на јавноста дека тие како партија не се магацин на ВМРО -ДПМНЕ, нешто што јас и сметам дека Левица/Десница со Апасиев забега, и чекаат поволен момент да стапат во коалиција со ДПМНЕ, нешто што нема да се случи сега бидејќи и ДПМНЕ нема доволно пратеници за состав на Владата па да им фалат тие 2 пратеници колку има Апасиев моментално.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Позитивно во програмата на Левица/Десница е што пишува дека се за забрана на употребата на името ВМРО во политички партии и контест.
Тоа би важело за нови политички субјекти.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.330
Поени од реакции
1.180
Да, баш Америка му рекла стави таму у тоа програмата отповикување на Јужна Кореја, Израел и Косово :facepalm:
Добар ти е постов за реплика за да се објаснат колку што се може во неколку реченици овие политички игри.
Ако имаш подолго искуство со политиката ќе си приметел дека вакви појави како Апасиев има многу.
Ќе ти дадам два примери од соседството,а тоа се Ципрас и Вук Драшковиќ.
Ципрас го собра огромното незадоволство на народот со ветување дека ќе се прогласи банкрот што значи нема да се враќаат долговите ќе се застане одлучно против во преговорите со ЕУ и ако треба ќе се врати монетарниот суверенитет на Грција со враќање на драхмата и сите тие што и давале на Грција пари и лажеле дека се солвентни со неверојатно високите рејтинзи за Грција,се подеднакви виновни за долговите.
Ципрас беше пратен токму од тие против кои наводно требаше да се бори за да го канализира сето тоа незадоволство кај народот и да го врати во политичката апатија.
Се сеќаваш на Вук Држашковиќ кој беше најголем четник кога се појави па ќе сечеше раце на сите кој мавтаа со турски и усташки знамиња....... за на крај да е прв во залагаето Космет да се признае.
Таков како Апасиев на овие избори беше и Бачев но со многу помалку успех.
Такви во светот има не им се знае бројот уметнати луѓе само некој таа работа ја завршуваат со поголем а некој со помал успех.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Манато ја имам јас Левица, ама ме интересираше ова со Израел. Значи појма немате. Ок. Не замарам повеќе.
Абе јас го барав тоа за Израел, на сајтот со нивната програма, ама не го најдов. Може и да била патка пуштена
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Абе јас го барав тоа за Израел, на сајтот со нивната програма, ама не го најдов. Може и да била патка пуштена
Има за Израел, јас им ја читав цела програма. Во делот внатрешна и меѓународна политика мислам дека беше.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.001
Поени од реакции
1.684

:icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Незнам зошто, ама Левица почна да ме иритира со тие нејзини поднесувања на 100 тици приговори...многу брзо станува здодевна:confused::confused:
Мене пак ме иритира шо ни еден приговор не им прифатија.Стварно мислиш дека во Кондова и Арачинова кај пилотине немало полнење гласачки кутии и изборите се чисти ко солза?
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Мене пак ме иритира шо ни еден приговор не им прифатија.Стварно мислиш дека во Кондова и Арачинова кај пилотине немало полнеље гласачки кутии и изборите се чисти ко солза?
Претпоставувам дека во Кондова и Арачинова Левица немала свои партиски набљудувачи. По автоматиозам не може да поднесува приговори.
 
M

Macedon1um

Гостин
Претпоставувам дека во Кондова и Арачинова Левица немала свои партиски набљудувачи. По автоматиозам не може да поднесува приговори.
И Алијанса на Албанците немале свои партиски набљудувачи па сите приговори им се одбиени исто така ?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.492
Поени од реакции
10.397
Мене пак ме иритира шо ни еден приговор не им прифатија.Стварно мислиш дека во Кондова и Арачинова кај пилотине немало полнеље гласачки кутии и изборите се чисти ко солза?
..и врапчето на гранка знае какви избори имавме, нажалост нели, а тоа што не му прифатија ниту еден приговор, навистина немам појма со кое образложение се отфрлени.
Мене не ме бендисува неговиот настап, самобендисаност..но, не велам дека нема да успее да направи нешто ..всушност, ќе видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom