Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Убаво ви пиша @SK-92
Колку ги проверивте хартиите на ВМРО и СДС?

Закоравен, не се секирај. Ќе дојде време, ќе касаат.
Као шо вика другарот Апасиев некој може и да виси.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Убаво ви пиша @SK-92
Колку ги проверивте хартиите на ВМРО и СДС?
СДС и ВМРО - немаме потреба да ги читаме нивните програми, веќе 30 години ги гледаме и доживуваме.
А Левица сакам да ме изненадат со позитивни работи, а не со небитни работи како непризнавање на Јужна Кореја или Израел. Уште невлезени во Собрание прават по неколку глупости на ден.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
СДС и ВМРО - немаме потреба да ги читаме нивните програми, веќе 30 години ги гледаме и доживуваме.
А Левица сакам да ме изненадат со позитивни работи, а не со небитни работи како непризнавање на Јужна Кореја или Израел. Уште невлезени во Собрание прават по неколку глупости на ден.
Нема ич да ми е криво ако не гласаш за Левица.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
А Левица сакам да ме изненадат со позитивни работи, а не со небитни работи како непризнавање на Јужна Кореја или Израел. Уште невлезени во Собрание прават по неколку глупости на ден.
Аха. Значи ти ја прочита цела нивна програма, и не виде ништо позитивно, ама виде нешто ептен небитно па дојде тоа да го разглабаш?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.593
Поени од реакции
13.963
Абе сдс-дпмне ја украдоа цела држава, милијарди тешки, тендери, ја растурија цела историја и државност, ги скинаа темелите на земјата, му се помочаа на АСНОМ во уставот, им се мочаат секојдневно на сите заслужно за создавањето на оваа држава, за потсмев сме секаде по светот, не цедат до последно со даноци, платите не стигнуваат за сметки да се платат, со една плата една недела преживуваш и тоа само прехрана, експеримент на издржливост прават врз нас, додека тие уживаат во секакви богатства, здравството ни е не дај боже да те однесе Господ таму, образованието е зафрканција, додека сите пари, нерви ги имаме потрошено за да изучиме, некои големи богати гомна само така го поминуваа и ги купија и дипломите и професорите и сега се на најдобри државни работни места, спортот е тотално уништен, освен што живурка ракометот, другото е на аматерско ниво...

АМА ЛЕВИЦА НЕ ГИ ПРИЗНАВА ИЗРАЕЛ И ЈУЖНА КОРЕЈА, ТОА Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ, да ти ебам народот :tapp:
 
M

Macedon1um

Гостин
Тие мислења околу (не)признавање на држави мислам дека им се уште од тие левичарски здруженија како ,,Ленка" и во склоп со здруженијата со иста идеологија ширум Европа. Веројатно ги имале истиве ставови уште од денот на формирање на партијата, па сеуште принципиелно ги држат, како и анти-НАТО ставот.
Нема шанси да се држат за нив, ни со 2 ни со 30 пратеника, но тој е багажот од трансформацијата од движење во партија.
Следен чекор на Апасиев би требало е чистка на тие што му вметнуваат вакви непотребни срања работи во партијата, нормално ако сака Левица да оди напред и стане моќна партија а не да се враќа назад. Во спротивно ќе им се деси она што се случи со Жив ѕид во Хрватска, од 6 пратеници на 0 дојдоа годинава

Заедничко им е што и они излегуваа од Нато и ќе ја признаваа Палестина :D
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Сметам дека Левица предвреме се факторизира, неосновано им се додава политичка тежина која што реално ја немаат. Се креира некаква клима каде што нивните потези се под некава општествена лупа, се мерат и премеруваат, се анализираат, кога во реалноста вниманието на општеството е насочено кон сосема други работи, а потезите на Левица не фигурираат на ничија агенда, сем на сдс твитер ботовите, чие што влијание е ограничено на една група која што себе си сака да се нарекува интелектуала.

Во суштина се работи за тој либтардски дел од општеството, кое што доаѓа на твитер да ја прими својата дневна доза себе потврда во прилог на нивните ретардирани ставови, кои што во ниту еден момент не се продукт на нивното самостојно размислување и расудување, туку некој бот таму на твитер има за задача да мисли за нив, да им креира мислење и ставови во кратка канцерогено цинична форма која што тие ја воспримаат во екстаза, се осеќаат уникатно и напредно читајќи ги тие кратки искри на неолибералната мудрост, се осеќаат просветлено, ко да се граѓани на светот, возејќи ги нивните електрични тротинети по скопските тротоари, со внимателно осмислен стајлинг, живеејќи во нивната микро утопија ослободени од националистичките стеги како граѓани на светот. Додека на пола саат од овој замислен универзум некој шипо ограбува банка, боде некое каурче во автобус, сквернави христијански гробишта, никнуваат џамии ко печурки на секој чекор кои што проповедаат вахабизам, национал шовинизам пуштен на најјако.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
nevladini.jpg

Моментално на Алфа иде емисијава па решив да отворам да видам како тоа пред изборите владава доделила пола милионче на невладините.
Кој разбере разбере...
115795915_305116607563402_5691168810745105106_n.png

115750569_319311949249373_4343399359563444630_n.png


110334064_609323733302047_3059419953864630714_n.png
115749604_612873356310805_4595496451260165845_n.png

115803611_954751408279794_2383737246480304348_n.png

Овие од Сарај борците против ковид најаки ми се.
Цените се во денари.
 
Последно уредено:
Член од
22 март 2019
Мислења
234
Поени од реакции
552
Искрено гласав за Левица чисто поради како револт против СДСМ ДПНЕ партијата иако не се согласувам со повеќе од нејзините политики.

Ако мисли партијата да прерасне во реална трета опција треба да престанат со такви утки како непризнавање на Израел и Јужна Кореа и такви смешни работи иако мене ич не ми сметаат, сепак треба да има некој баланс со реалното да не одат у смешни води како Интегра. Тенка е линијата меѓу станување реална опција и станување Меме партија за потсмев.

Ете партиските ботови се фаќаат на секоја ситница, меѓународни политика е друга работа од која Левица е многу далеку во овој момент, нека се фокусираат на домашните проблеми и цело време напад на системот и борба за промена , оти системот кој си е непроменет 30 години е проблемот а не СДСМ ДПНЕ.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Не се разбирам многу во меѓународна политика, но изјавите за повлекување на признавањето на Израел, половина Кореа и Косово, како и признавање на Каталонија и Баскија и Палестина и не се толку нелогични како што се чини. Ваквиот потег (кога би се случил, односно ако воопшто некогаш се случи) ќе има негативни економски и политички последици за Македонија, но од морален и историски аспект се оправдани. Израел и Косово се формирани со кршење на меѓународното право. Од друга страна на народи како баскијците, палестинците и тука би ги додал курдите, ускратено им е правото на самоопределување. Нашите дедовци и татковци преку АСНОМ успеаја да се изборат за правото на самоооределување и себеидентификација, за денес ова исто право да ни биде ускратено со уцени и кршење на меѓународното право.

Кореа е специфичен случај, реално постои само една Кореа и еден корејски народ разделен меѓу две сфери на империјалистички интерес.

Од она што го гледам до сега, Левица како политичка партија е збир на идеалисти кои се залагаат за правда и почитување на меѓународното право. За жал се навикнавме на политичари кои економскиот (и пред се личниот интерес) го ставаат на прв план, а правдата на последно место.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.231
Леле што глупости се изнапишаа.

Малце истражување нема да е на одмет луѓе.

Прво, за да коментирате, мора да го истражите контекстот на нештата и да прочепкате и малку подлабоко да добиете генерална идеја, наместо про-форма површни опсервации и коментирање.

Имено, Македонскава партија Левица, е на иста идеолошка линија со останатите “екстремно левичарски” партии во, пред се, Европа.

Нашава Левица е да речам последна од низата нео-левичарски партии во Европа, кои се парламентарни играчи во скоро сите држави, можеби една декада наназад. Како такви, тие веројатно добиваат поддршка од Die Linke(Германија) и Podemos (Шпанија). Има уште многу вакви партии, но овие ми паѓаат на памет во моментов. Сите тие партии, јавно повикуваат на бојкот против еве Израелски производи. Во Ј.Кореа мислам дека е забрането формирање на ваков тип на партија токму заради оваа причина. Die Linke беа поистоветувани со фашизам кога Меркел го посети израел, и во континуитет повикуваст на бојкот против Израелски продукти.

Арно ама, нашиве кутри политички експерти поим немаат да соберат 2+2, и со тоа го изразуваат сето свое незнаење, поистоветувајќи ја Левица и на овој начин со некаков фашизам. Да разјаснам, нема ова никаква врска против евреите како народ. Проблемот со овие три држави е фактот што Европската екстремна левица е масивно против војните за територии од “стратешки интерес” за УСА како што се триве наведени. Исто така, екстремната левица масовно се залага (барем така се декларираат) за ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА и спречување на американскиот империјализам, hence анти-НАТО ставовите на Левица од МКД.

Може ова да ви се допаѓа или не, може ви е нелогично... ама тоа се ставовите на европската радикална левица во последниве 10+ години, и по таа основа, Мкд Левица е на иста идеолошка линија со своите Европски партнери, да ги наречам.

Ова и мене ми беше парадокс уште во 2016та кога се мислев да ги гласам ама не искочив воопшто. “Кои сме ние да наредуваме/одлучуваме за држави кои се 100000 пати помоќни од нас и можат да не збришат за 1 секунда”. Но, ова е само идеолошка линија контра Американскиот глобален експанзионизам и империјализам, макар про-форма. Затоа они (левичарите) немаат ништо против, да речеме Баскија или Каталонија (кои се пстем стожер на Шпанскиот комунизам), бидејќи тоа се стреми на стриктни намери на населението за отцепување, наместо (историски а и сегашен) Американски гео-стратешки интерес во даден регион.

Исто, секоја партија за да достигне раст (среднорочен, краткорочен или долгорочен) мора да има популизам. Така функционираат нештата во 2020.

Јас лично, немам проблем со ова, бидејќи се доследни на Европската радикално левичарска кауза (иако со ова покажуваат дека се copy-paste во поглед на идеологијата и програмата и губат на автентичност). Но, би имал и те како против ако почнат како партија да јаваат на секоја “популистичка” тема како еве на пример - 5г, вакцини, мигранти (по теркот на Пернар/Жив Ѕид) со што тотално ќе го изгубат својот идентитет.

Имаше едно видео од Германскиот бундестаг кое стигна до Балканот и беше споделувано доста од симпатизери/поддржувачи на десни опции во МК, кадешто припадничка на Die Linke повикуваше на престанок на “орангутанството” поддржано од Америка од страна на Албанците на Балканот... и сега имаме обратно сценарио, кадешто Левица е етикетирана како основа за нестабилност на регионот и слични полувистини.

Моќни се соросписките ботови, се гледа од километар дека сакаат да ја оцрнат оваа партија и да ја изедначат со Интегра во поглед на баналности кои се извадени од контекст. Кога сме веќе на таа тема, fun fact, Бугарија има лансирано “комуникациски” сателит, кој коштал некаде околу 250-300 милиони евра.
Не дека Интегра не се смешници, ама тука се разголија сороските твитерџии колку само се тешки ботови.

Остајте ги нека твитаат на раст, за некоја година само таквите “woke“ ликови ќе си останат на таа социјална мрежа, како што почнало... Ќе си се согласуваат едни со други и ќе си мислат дека само они се во право и дека се мнозинство. Ете, качија левел и почнаа со bullying, очито по нарачка.

Ако сакаме/сакате да ја помогнете каузата и, мора малце подлабоко да прочепкате/прочепкаме и со вистината и објективноста на наша страна, заеднички да се изборите/избориме против вакви полу-обиди за оцрнување.
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Не дека сум експерт и можеби ставовите на Левица се во иста линија со екстремната левица по Светот, но... еве ја прочитав програмата на Левица и истата не фрла во бездна од која нема да може да се откопаме во наредни 200 години. Програмата е напишана како за партија која секогаш ќе има 2 до 5 пратеници во Собрание, а не за некоја партија која има намери да има 10+ пратеници и еден ден да ја преземе власта.
Не дека имаат целосно лоша програма, ама барем 50% од работите, ако не и повеќе им се неизводливи, меѓународната политика погубна. Ќе поништеле Преспански договор, ќе ревидирале договор со Бугарија, ќе сме напуштеле НАТО, забрана на странски бази, бркање на странски воени мисии. Кои сме ние бе другари, ова што е наброено не може да го сменат велесили, ама ние ќе го смениме.
Оставам времето да покаже, Апасиев е интересен лик со добри ораторски вештини, но многу значајно е како ќе се претстави и другиот пратеник на Левица во наредните две-три години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom