ајде да се обидам уште еднаш со тебе да држам ниво, дај да видиме што ќе кажеш ти :
... зашто седи во самоизолација 14 дена асимптоматски позитивен? и зашто би се активирала антителата IgM, ако е здрав прав, нели?
... што му фали на предложениот антибиотик азитромицин, наместо да се даде кларитромицин и амоксицилин со клавулонска? тие се соодветни антибиотици под претпоставка „настинка“ за време на пандемија со коронавирус?
... дали знаеш која е нормална вредност на д-димери и колкава е таа вредност кај некои што се инфицирани со коронавирус? во контекс на тоа што коронавирус влегува во организмот со непознати последици како еден пример!
Прегледај го приврзокот 259967
Прегледај го приврзокот 259968
...така да не може спомнатиот член да има само основно образование!
Ај да ти одговорам на ниво, иако немаш основи да разбереш
Асимптоматски лежи 14 дена затоа што на некој така му текнало, најверојатно за да не развие симптоми. Асимптоматски нема да развие игм, откаде си сигурна во тоа, или кој те убедува во тоа би било правилно прашањето. Во цел респираторен систем имаш илјадници вируси, бактерии, габи кои се постојано или повремено присутни, па немаш имунитет за нив. Пример стрептококус пнеумоние, најчестиот предизвикувач на тешка пневмонија живее во дишните патишта, па ниту се разболуваш, ниту развиваш имунитет за таа бактерија доколку ја немаш развиено болеста.
Зошто е тоа така, сега ти излегуваат прашалници, затоа што пред да почне да делува имуниот систем, телото има физичка бариера за натрапниците, а тоа е здрава кожа и здрава слукожа со која е заштитен организмот. Кај асимптоматски кој толку те боли и не може да фатиш логика, таа бариера не е пробиена и нема телото вифи или блутут па на далеку да фаќа податоци и да ствара имунолошки одговор како што ти замислуваш.
Почетокот на симптомите е всушност почеток на стварање на имунолошки одговор кој всушност и ги дава симптомите, како температура, стварање на мукоза или слуз и така натаму.
За сумамедот што имаш дилеми, само докажуваш дека немаш контакт со медицина.
Основно и најпросто кажано, сумамедот е многу поголема акутна доза на лек и затоа се дава 3 дена. Се користи како понов антибиотик и како таков се смета дека има многу малку развиена резистентност од бактериите и најчесто се препишува како втор антибиотик доколку првиот не дал резултати. Има многу повеќе контраиндикации отколку синтетички пеницилини, но поради помала резистентност од бактериите се дава како последна опција.
д-димери, нешто си прочитала или си чула и не ти е јасно што се.
Дали знаеш како функционира зараснувањето на оштетени крвни садови воопшто. Се ствара тромб, крвно згрутчување на оштетеното место. Процесот завршува со разградување на тој тромб откако ќе се формира повторно крвниот сад. Тоа е процес кој се одвива нормално во организмот. После секоја операција, а и кај луѓе кои се залежени, кои се долго време неактивни и во лежечка позиција се дава превентивно клексан за разредување на крвта бидејќи се зголемени шансите за стварање на тромб. Ако тоа тебе ти се поврзува со болни од ковид, зголемени д-димери, пациенти кои лежат на клиника, само потпаѓаш на пропаганда.
Се испитуваат кај пациенти со тромбоза, со проширени вени поради зголемено стварање на тромби. Таму се клинички оправдани, и кај бремени жени.