Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Нови 137 заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа регистрирани се 137 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1437 тестa.

Истовремено, 131 пациент се излекувани, а починаа 10 пациенти позитивни на Ковид-19.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава, од почетокот на епидемијата, достигна 9547, а починале 442 пациенти.

Премногу починати :(
Од кај им се на Алсат податоциве, ја сакам секогаш Венко прв на ФБ да објавува.
 
И премногу на одмор се спремаат да идат, кафичи фулл, на диво се праат журки, свадби, крштевки, родендени, митинзи, избори...
Што си дробиме тоа ќе си сркаме.
Пријател беше на избирачко место со температура, неарен два дена претходно дури сега (вчера) му потврдија дека е позитивен, чекаше недела за тест. А у меѓувреме освен на избирачко место што имале стотици луѓе контакт со него, на работа, на пазар сегде се движел.
Мн се опуштивме некако, по другиве држави како што пратиме има многу остри забрани и рестрикции сеуште.
Тоа е, од следнава недела може и преку 200 дневно ќе биде нова нормала.
 
Туку ИМА ли Ковид Протокол за СУНЕТИ ???
Да оди било кој да праи било каков оператуивен зафат во болница, Фимоза на пример, треба 4000 за Коронатест... а овие со религиозните обрежувања не плаќаат ... а има кластери и дури ќе има, башка ризик од хирушкиот рез и крвта, туку собиранката на роднини...
а Ковид протокол за обрежување нека си побарат надлежните на пример од ИЗРАЕЛ, медицински се понапред од нас..
 
Од кај им се на Алсат податоциве, ја сакам секогаш Венко прв на ФБ да објавува.
Зошто шириш исламофобија и национализам? Шо е битно од кај се?
 
Вчера бев прв пат на едно пиво во последниве неколку месеци , значи освен келнерите што носат маска на муцка и средство за дезинфекција на маса се е по старо како да нема пандемија.

Гужви колку сакаш еден не видов со маска по кафичи и надвор(не дека јас носев ама очекував помала гужва растојание меѓу маси)...Нема надеж тука ке го јадеме повеќе и од Италија, Америка и Шведска заедно. Секаде е исто по свет ама ние сме друга лига заедно со брачата кој не дигаат на едно друго рамниште.

Полицијата треба да казнува , не може да се остави на свест на луѓе која ја немаат.
Pa sto si odel na pivo koga vikas lugevo nemaat svest.Pij si samosvesno doma
Автоматски споено мислење:

Сериозен си ? :D
Ako nemoze da izdrzi kolata ako se po 150 kg trojcata, da vazi.Lamela ke prgorat
 
Последно уредено:
... извини, ама ти немаш везе со медицина, дали уопште имаш било каков факултет....
ќе се зрачи некој здрав прав на ренген, а демек “асимптоматски позитивен“ за да види дали има нешто на плучата.
.... не можам да опишам какви глупости тресеш...
.... ти беше што ќе даваше сумамед за настинка...
.... влегува во организмот со непознати последици.... :tapp: приказни на кои се пали некој со основно образование како тенекијата
ајде да се обидам уште еднаш со тебе да држам ниво, дај да видиме што ќе кажеш ти :
... зашто седи во самоизолација 14 дена асимптоматски позитивен? и зашто би се активирала антителата IgM, ако е здрав прав, нели?

... што му фали на предложениот антибиотик азитромицин, наместо да се даде кларитромицин и амоксицилин со клавулонска? тие се соодветни антибиотици под претпоставка „настинка“ за време на пандемија со коронавирус?

... дали знаеш која е нормална вредност на д-димери и колкава е таа вредност кај некои што се инфицирани со коронавирус? во контекс на тоа што коронавирус влегува во организмот со непознати последици како еден пример!

ice_screenshot_20200722-194326.png

ice_screenshot_20200722-193850.png

...така да не може спомнатиот член да има само основно образование!
 
Последно уредено:
Сабајле тестиран, на ручек резултат. Браво бе

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Сабајле тестиран, на ручек резултат. Браво бе

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
и членовте на неговото семејство исто
а на оној член му викаат нема тестови у Скопје, иди у друг град или на приватно
 
Сабајле тестиран, на ручек резултат. Браво бе
Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
...додади и членови на фамилија! ...онака му текнало да се тестира, оти нема симптоми и ОК е...
 
Не е точно.Превата вистина е дека Елон Маск кој е по потекло од кичевијата заедно со Бил Геј преку сателитине не прскет со вируси.Ево онаа коматана шо ја сликет, уствари е сателит шо прскат со вируси.:cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom