Па тоа и мене ми беше чудно. ДИК, МВР, Тајм.мк хакнати, а цела политичка (и до-вчера-владина/инфраструктурна) гарнитура се запалија за кратко, неконтекстуално, непрецизирано фејсбук статусче. Сајбер тероризам ставија у споредна вредност и опасност споредено со новопечен пратеник за у собрание шо рекол вчера на фејсбук. Има да повраќаат од нервоза внатре у собрание што ремет ќе ги прави, ако ова е нормалната реакција за статусче.
Нема да се сместат во коалиција. Со албанските партии не се мирисаат, рекоа самите никогаш СДСМ, а ВМРО треба да проголта премногу ултиматуми и услови од нив за 2 пратеника плус да има, и Левица се ова добро го знае. Затоа одма рекоа дека ќе дејствуваат како опозиција, не дел од некаква влада.
Каква реторика ќе користи, тоа си е негов избор за артилерија. Се дур се држи до програмата за која се гласани, супер, ќе покажат некаква разлика од другите. Ако не, овој хајп што го стекнаа само ќе им падне во вода. Останува да видиме. Некои од вас прерано ги отпишуваат за многу глупи причини. Уште со нога не стапнати у парламент. Полека малку. Има време пред нас.
Леле чоек, не можеше извор да најдеш од позадоена веб страна со ЕУ кеш и сорос фондови. Ај нејсе, земав да читам ... Долг текст, и срочен на начин како да читаш транскрипт на некој драматичен документарец за некаква си трагедија. Значи скоро да можеш да чуеш тивка виолинска мелодија како свири у дует со блага клавијатура дур читаш какви се гревој праел овој Димче. Па он е ... guess what, буквално Хитлер бре! Замисли го мојот шок. Не си ја скратија приликата да го наречат и шовинист. Ќе пробаа и со хомофоб, само малку тешко проаѓа тоа пошто јас, ти, текстописецов, цитираните, мајка ти, мајка ми, и Станко, знаат и чуле во повеќе наврати како Димче заговара ЛГБТ права, зошто и како фалат овде, и зошто треба да бидат донесени, комплет со контекст за Уставот и граѓански права, и тако даље. Некои од нас го знаат и лично, и можат да потврдат дека не е само реторика (иако приватно не е толкав борец за тој аспект социјална правда како што може се изедначува пред камера, ама е присутно).
Делот со парите беше трагикомедија. Морав да препрочитам неколку пати да се осигурам дека не звучи така како што авторот на текстов неумешно доловил да звучи без да скрати делови од цитатите. Basically, they're mad THEY didn't get the money. Али пошто таборот на Димче ги собрал, сега он е олицетворение на злото. Funny how that works. Страницава пошто изиграва некој бастион на либерал-демократија, не можела до сега да подели некое евро од дебелиот колач што го добиваат секој месец од надворешнине финансиери? Ама чекај, за Димче е муабетот. Добро, се враќаме на Димче. Лути му се шо не коалицирал со СДС. Што ја трансформирал партијата (неговиот дел од неа поточно) кога увиделе дека моделот им е нефункционален и дека им се смее грото искусно политичко лоби. What a fucking crime. И застанување на одредени црвени линии по стратешки и национален интерес прашањa се одеднаш наци потези. Mkay.
Објавено кога? 11 Јули 2020.
Гледам започнато беше приказчево 2016та. Некој пушка на глава им држел до сега да се изјаснат за работите опишани во текстот? Димче че ги стрелал и нив? Да не хибернирале до 2020? Или чуја избори и фама околу тоа дека Левица ќе се бори за пратенички места и 4-5 дена пред самите избори ОП! Read-all-about-it-expose на Димче, лидер на Левица.
------------------------------------------------
Океј, во ред се критики. и Димче може сменил нарав и навистина е диктаторски настроен. Ама кога ќе видам кој се е цитиран таму, каде учествувале, што правеле, кои им се ставовите, и за што го товарат и како ги спинуваат некои негови потези, некако не ме мава некоја енергија на солидарност и емпатија. Повеќе ми личи на нарачан карактер-асасинејшн хит-пис а не тонирана критичка рубрика која има цел да престави "друга перспектива".
Го цитираш ова видео?
Ако Левица заради ставовите и позициите е екстремна десница, тогаш што е ВМРО? Бидејќи тие рекоа нивните позиции се преекстремни споредено со нивните. Да не стана ДПМНЕ левичарска партија?
Екстремен национализам... Нити нешто повеќе опишаа што тоа опфаќа во текстон горе, нити овде во видеото. Кажано е како аргумент, и претпоставуваат дека ти треба да знаеш на кои поедини работи се мисли, веројатно со кристална топка.
Кој е типов? Аааа Бранко - еден од основачите, сега бивши член. Present-day владин измеќар boi. Right. И на него ко на другиве сега му заврши хибернациската сезона? 18ти Јули. Прашувам, пошто вика не му било прв пат, ама нити тие загрижените, нити Власта овие 3 години не направила нешто претходно, се дур Димче не стана официјално пратеник with +1. Треба сериозно муабетиве да ги занимаваме?
Бране многу рано му текна да не предупредува, и да оформи грижа на совест. Секоја му чест. Како е фотељата? Да не има вградена клима под гз?