Дури и да не е 1% смртност, да речиме дека ќе биде 0.5%, па дури 0.3% пак бројките ќе бидат високи.
Еден од најголемите ПиАр проблеми на ковид-19 за посериозно да биде сфатена од сите е што на прва болеста изгледа помалку опасна од болести кои редовно секоја година го пустошат човештвото, и така се додека не ги загледаш посериозно бројките околу тој 1%.
off.net.mk
Како болест со 1% смртност ги стави цели САД под клуч?
Еден од најголемите ПиАр проблеми на ковид-19 за посериозно да биде сфатена од сите е што на прва болеста изгледа помалку опасна од болести кои редовно секоја година го пустошат човештвото, и така се додека не ги загледаш посериозно бројките околу тој 1%.
Прво, во американски размери, 1% смртност значи дека од 328 милиони луѓе, од ковид-19 ќе починат 3,28 милиони луѓе.
Второ, за секој еден мртов од ковид-19:
- 19 лица ќе бидат хоспитализирани.
- 18 од нив ќе имаат трајно срцево оштетување до крајот на животот.
- 10 ќе имаат трајно оштетување на белите дробови.
- 3 ќе имаат мозочен удар.
- 2 ќе имаат невролошко оштетување кој ќе доведе до хронична слабост и губење на координација.
- 2 ќе имаат невролошко оштетување кое ќе доведе до губење на когнитивни функции.
Па сега овие „само 1% се фатални“, стануваат:
- 3,28 милиони луѓе мртви.
- 62,3 милиони луѓе хоспитализирани.
- 59 милиони луѓе со трајни срцеви оштетувања.
- 32,8 милиони луѓе со трајни оштетувања на белите дробови.
- 9,84 милиони луѓе со мозочен удар.
- 6,56 милиони луѓе со слабост во мускулите.
- 6,56 милиони луѓе со загуба на когнитивна функција.
„Изборот не е ’ја уништуваме економијата за да се спаси 1%’. Ако ја отвориме економијата таа секако ќе биде уништена. Американската економија не може да преживее сите да се заразат со ковид-19,“ пишува Франклин Веа.